...Сè е во рацете на човекот,и сето тоа му бега од пред носот,само поради страшливоста...
Од што се плашат најмногу луѓето?Од новиот чекор,од својот нов збор тие се плашат најмногу...
Залудно се уништуваш и се жртвуваш себеси.Како да не е страшно тоа? Како да не е страшно што живееш во тој кал,кој толку го мразиш,а воедно знаеш и самата (треба само да ги отвориш очите) дека со тоа никому не му помагаш и дека никого од ништо не го спасуваш!
Сè има граница,што е опасно да се пречекорува,зашто ако ја пречекориш веќе не можеш да се вратиш назад.
Ништо на светов не е потешко од искреноста и нема ништо полесно од ласкањето.Ако во искреноста е фалшив макар и стоти дел од нотата,веднаш настапува дисонанса,а по неа и скандал.Но,во ласкањето дури и последната нота да е погрешна,и тогаш таа е пријатна и не се слуша без задоволство,макар и со грубо задоволство,но сепак со задоволство.Колку и да е грубо ласкањето,во него,секако,барем половината се чини дека е вистина.
Бидете сонце и сите ќе ве видат.Сонцето,пред сè,треба да биде сонце.
Од сто зајаци никогаш не може да се создаде коњ,од сто сомневања никогаш не ќе се создаде доказ.
Кога ќе се најде пред разбојник човекот може да издржи половина час смртен страв,но кога конечно ќе му го стават ножот под грлото,тогаш му минува стравот.
Мене ми беше потребно да дознам друго,нешто друго ме туркаше напред,тогаш морав да дознам и тоа,да дознам што побргу,дали сум вошка или сум човек? Дали ќе бидам сособен да извршам злосторство или нема да бидам способен?
Дали човекот е вошка?-тоа значи дека човекот за мене веќе не е вошка,ами дека е вошка за оној на кој не му доаѓа во умот таква мисла и кој чекори право,без да си го постави тоа прашање...
Зарем само малодушноста и стравот од смртта можат да го присилат да живее?
Ги воскресна љубовта,срцето на едниот содржеше неисцрпни извори на живот за срцето на другиот
Тој и не знаеше дека новиот живот не му се подарува,ами дека мора скапо да го плати,дека мора да го плати со големиот иден подвиг
Јас не ја убив бабата.Бабата ја уби ѓаволот,јас се убив себеси!
"Злосторство и казна" - Ф.М Достоевски