Би ве замолил ако некој знае нешто поопширко за факултетот,дали е добар и дали има многу математика,пошо планирам да се запишам а математика нејкам баш
на ксиа сум
компјутерско системско инжинерство и автоматика
тоа е баш исто со тоа ти што планираш да се запишиш...
АВТОМАТИКА (РОБОТИ ) = АПСТРАКНА МАТЕМАТИКА
баш имаш екстра математика .. не само екстра туку се поврзано со автоматиката ти е математика... не зборувам за изводи и диференцијали како екста математика... не не не не не не..
туку ектра математика како.. фуриева трансвормација... лапласова трансформација .. стабилност.. набљудливост... ехеххехеееееееее уште само кооолку многу работи
--- надополнето: 11 август 2012 во 18:01 ---
не стварно што мислеше ти дека би учел??
составување на роботи од веќенаправени делови??
--- надополнето: 11 август 2012 во 18:06 ---
Вовед: основни поими и дефиниции, класификација на системите, примери на системи на автоматско
управување. Математички основи: диференцијални равенки, Лапласова трансформација, инверзна Лапласова
трансформација, преносни функции. Математичко моделирање: на механички, електрични и електро-
механички системи. Блок дијаграми и карактеристики на САУ: алгебра на блок шеми, граф на текот на сигнали,
Мејсоново правило, линеарни закони на управување, модели на типични САУ. Перформанси на САУ и крите-
риуми за синтеза: точност во стационарната состојба, карактеризација на преодниот режим, интегрални крите-
риуми на квалитет. Стабилност на динамичките системи: стабилност по Љапунов, алгебарски критриуми за
стабилност. Метода на геометриското место на корените. Анализа на САУ во фреквенциското подрачје.
Анализа на САУ во просторот на состојба: варијабли на состојба и простор на состојба, добивање равенки на
состојба од диференцијални равенки и од преносни функции, решавање на равенките на состојба,
фундаментална матрица, својствени вредности и својствени вектори, матрична преносна функција. Синтеза
на САУ во просторoт на состојба: управливост и набљудливост, повратна врска по векторот на состојба,
обсервери, линеарен квадратен регулатор. Дигитални системи на управување. Синтеза на линеарни регула-
тори. Примена на МАТЛАБ за анализа и синтеза на САУ.