Системи за автоматско управување

Член од
16 април 2012
Мислења
108
Поени од реакции
22
Би ве замолил ако некој знае нешто поопширко за факултетот,дали е добар и дали има многу математика,пошо планирам да се запишам а математика нејкам баш
 
Член од
3 август 2012
Мислења
431
Поени од реакции
1.012
Мислам дека имаш математика и физика, равенки и слично..
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Има и тоа доста, главно матрици, изводи и интеграли.
Само ме интересира за кој факултет прашува.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
Би ве замолил ако некој знае нешто поопширко за факултетот,дали е добар и дали има многу математика,пошо планирам да се запишам а математика нејкам баш
на ксиа сум компјутерско системско инжинерство и автоматика
тоа е баш исто со тоа ти што планираш да се запишиш...
АВТОМАТИКА (РОБОТИ ) = АПСТРАКНА МАТЕМАТИКА
баш имаш екстра математика .. не само екстра туку се поврзано со автоматиката ти е математика... не зборувам за изводи и диференцијали како екста математика... не не не не не не..

туку ектра математика како.. фуриева трансвормација... лапласова трансформација .. стабилност.. набљудливост... ехеххехеееееееее уште само кооолку многу работи
--- надополнето: 11 август 2012 во 18:01 ---
не стварно што мислеше ти дека би учел??
составување на роботи од веќенаправени делови??
--- надополнето: 11 август 2012 во 18:06 ---
Вовед: основни поими и дефиниции, класификација на системите, примери на системи на автоматско
управување. Математички основи: диференцијални равенки, Лапласова трансформација, инверзна Лапласова
трансформација, преносни функции. Математичко моделирање: на механички, електрични и електро-
механички системи. Блок дијаграми и карактеристики на САУ: алгебра на блок шеми, граф на текот на сигнали,
Мејсоново правило, линеарни закони на управување, модели на типични САУ. Перформанси на САУ и крите-
риуми за синтеза: точност во стационарната состојба, карактеризација на преодниот режим, интегрални крите-
риуми на квалитет. Стабилност на динамичките системи: стабилност по Љапунов, алгебарски критриуми за
стабилност. Метода на геометриското место на корените. Анализа на САУ во фреквенциското подрачје.
Анализа на САУ во просторот на состојба: варијабли на состојба и простор на состојба, добивање равенки на
состојба од диференцијални равенки и од преносни функции, решавање на равенките на состојба,
фундаментална матрица, својствени вредности и својствени вектори, матрична преносна функција. Синтеза
на САУ во просторoт на состојба: управливост и набљудливост, повратна врска по векторот на состојба,
обсервери, линеарен квадратен регулатор. Дигитални системи на управување. Синтеза на линеарни регула-
тори. Примена на МАТЛАБ за анализа и синтеза на САУ.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Би ве замолил ако некој знае нешто поопширко за факултетот,дали е добар и дали има многу математика,пошо планирам да се запишам а математика нејкам баш
Ако не сакаш математика поарно не помислувај за системи и автоматско управување.

А штом досега немаш некоја основа доста ќе се мачиш додека дојдеш колку толку во некој колосек.

А како што гледам немаш некоја мотивација да сториш било што за да совладаш се што треба за да бидеш тоа што сакаш да бидеш... ако се запишеш на електро, тоа ти е исто ко да си направил камикази.
 
О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
Без математика си ништо на овој смер.

Исто како не смер за Англиски јазик а ти да не знаеш што значи Hello .
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
На Машински во Скопје се изучува исто така Автоматско Управување. Многу заебан, тежок предмет...
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
На Машински во Скопје се изучува исто така Автоматско Управување. Многу заебан, тежок предмет...
Мехатроника? Не е толку тежок, за разлика од Електро што замраат со секакви небитни работи.
Другарче од машински ми има кажувано дека поише се концентрираат на практична работа таму...

И мали, седни и научи, математиката сегде треба.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
108
Поени од реакции
22
А повеќе ли има математика во однос на информатичкиот факултет??
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
А повеќе ли има математика во однос на информатичкиот факултет??
дечко ти кажав во предходниот пост...
ама незнам дали го прочита...

да незнаеш математика а се запишуваш на автоматика ти е ко
да се запишуваш на правен а неможеш да ги научиш законите..

во автоматиката се е математика.... значи се .. учиш апстрактна математика.. диференцните и диференцијалните равенки ти е основата...

за разлика од нив на информатичкиот факултет отприлика се учи
1.програмирање = програмски јазик (синтакса) + логика + алгоритми
2.архитектурата на компјутерот (РАМ како работи , РОМ, што е процесор) тоа ти е повеќе учење и сваќање
3. итн итн

значи автоматика >>>>>> информатика
во тоа колку има математика за учење..

а што е толку трауми од математика?? како помина на матура??
 
Член од
16 април 2012
Мислења
108
Поени од реакции
22
Не сум полагал математика матура,иначе вака сум одличен ученик,само што математика книга не факав,не го сакав предметот,дали ради професорката...и поради тоа имав 2ка
И сега не знам дали да ризикувам да се запишам на факултетот,пошо се дисперзирани студии овде во штип и тоа прва година откако е отворен
Ако се запишам на факултет сигурно дека ќе учам,ќе се трудам,но не знам далике успеам во тоа

А сакам да одам технички факултет поради тоа што сите се запишуваат на некои смешни смерови на економски или туризам,а и сметам дека се тражат вакви кадри од оваа струка,па затоа сакам да побарам помош од вас....:confused:
 
Ако имаш навика за асално учење, можеш. Само ќе ти треба доста трпеливост и упорност и едно 129 повеќе изрешени тетратки математика од другите. (ова од искуство само што јас немав ни навика за учење)

само што .. не се сите ко мене :P боље запиши се на филолошки :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom