Силен земјотрес на Хаити, илјадници загинати!

_Vlatko_

Rossonero
Член од
2 ноември 2008
Мислења
759
Поени од реакции
45
Разрушени згради, хотели, болници и огромен број загинати е ужасната слика што светските агенции ја пренесуваат од Порт-о-Пренс, главниот град на Хаити, по силниот земјотрес што во среда наутро ја погоди малата островска земја.

Хуманитарните работници известуваат за голем број на тела што лежат на улиците и ја опишуваат состојбата како “тотална катастрофа и хаос“.

Комуникациите се речиси во прекин и поради тоа е невозможно да се добие целосна слика за земјотресот што ја погоди една од најсиромашните земји во светот. Речиси 80 отсто од деветмилионското население живее во екстремна сиромаштија, со нешто помалку од 400 долари годишно.

Според зборовите на Карел Зеленк, претставник на Католичката служба за помош во Порт-о-Пренс, најверојатно се загинати неколку илјади луѓе, додека над градот се издигаат облаци од прав.

Меѓу оштетените објекти е и претставништвото на Обединетите Нации, чија мировна мисија во Хаити брои околу 9.000 лица.

Според Феликс Аугустин, генерален конзул на Хаити во Њујорк, ќе бидат потребни два до три дена да се дознае што се навистина се случува во земјата.

Потресот со силина од седум степени според Рихтеровата скала е со епицентар на околу 15 километри западно од Порт-о-Пренс на длабочина од осум километри. Според геолозите, се работи за најсилен потрес од 1770 година на тоа подрачје.

По земјотресот следеле уште силни текстонски потреси.

САД, Канада и повеќе други држави најавија итно испраќање помош во погодениот регион
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
:nesvest:.

Што ли се случува со светов?
 
S

smart ass

Гостин
Под хитно да се испрати помош
Се сложувам.
Било во Лекови,Храна...сеедно.

Ете и на Албанија и помогнавме(а и порано..посебно во енергетскиот сектор).

Тоа се добрососедски односи.

Помош за Хаити под хитно...7 по рихтер не е малце.

А и сиромашни се уствари ко нас:toe:
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Инаку што да се коментира за ваква трагична случка освен да се отвори сметка и да донираме кој колку може за помош. Барем скопјани знаат што значи земјотрес.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Хаос во Хаити

Хаити е дефинитивно еднa од најцрните точки на планетава од политички и др. причини.

Тоа, плус катастрофален земјотрес.

Бројот на жртвите се проценува до 60.000?

Велат во Хаити сега владее целосен хаос и безвластие. Аеродромот во ПП е уништен па сега нема да можат директно да им доставуваат помош. Ќе мора преку Доминиканска Република или Куба.



 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Не се филмајте, Хаити се споредува само со Сомалија, Судан, Јемен, т.е. со најцрните дупки и најголемите вукојебини.

Македонија за нив е рај на земјава (што всушност и е;).
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
EDIT.

Страшни работи се дешаваат по светов ... ова е веќе секојдневие нагло да се дешаваат природни катастрофи ... 2012 is coming :vozbud:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
За Хаити гледав некоја статија пред некој ден, дека буквално водата која ја пијат е помешана со фекалиите на истите жители, тие луѓе живеат полошо од најлошите услови кои ги имаат животните, а сега ги снаоѓа и ова? Кога оди на лошо, оди до крај... :(
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Изгледа треба да се откажат од тоа voodoo срањата :toe:

Во секој случај грев за луѓето. Уште ова им требаше. Пред некој ден земјотрес во Пацифик, сега од другата страна....
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.294
Поени од реакции
45.838
аман бе :O), поим немав дека било ова така утепана земја, се' мислев дека е ова ко рај на земјава, нешо у стил на Хаваи Бали и Охрид... :)
 
S

smart ass

Гостин
EDIT.

Станало секојдневие катастрофи(кога ураган,кога пожар...земјотрес),тоа е точно но начините на соочување со истите се сменети Т.Е постои Цивилна заштита-а и секако имаме Хуманитарни организации,а и некои под закрила на ООН.
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
зашто мава кај вакви жални нардои.... ова мора да е програмирано.
 
S

smart ass

Гостин


се повторуваат...пример Аљјаска..има и др..

И десетте најјаки.


Втор по јачина е Аљаска(затоа ја земав за пример)
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Среќа во несреќа

Кулата на аеродромот е срушена мислам а на пистата не и е ништо така да на вести велат една од најдобрите вести.САД ќе помагаат велат цело време а нивните луѓе уште не се стигнати.

А и очекуван е ваков земјотрес уште од одамна бидејќи се расцепила кората при некој јак земјотрес во 1940 мислам беше годината.
Еве сеа имаше еден тип од Хаити вели полноќ е а уште тресе ко лудо.

Стварно страшно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom