Се плашите ли од темнината? Зошто?

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.248
Поени од реакции
30.504
понекогаш кога сум вон себе
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.797
Поени од реакции
12.281
Како појаснување за тоа што можете да напишете... е дали се плашите од темнината или не и причините зошто.
од темнината не, а мислам и другите не се плашат од самата темнина. Ова во смисол на целосна темнина, прст пред око да не се гледа. Темно е, ништо не се гледа па автоматски нема од што да се плашат. Ако веќе се осеќаат нелагодно попрво тоа би било од звуците отколку од самата темнина. Значи од аудио-филингот, а не од визуелниот филинг. Тоа е отсуство на факторот кој му дава облик и боја на она околу нас, а кои ние ги перцепираме како такви.
Мислам, чудно е човек да се плаши од нешто што не го гледа.
Замижи, дали ќе се плашиш?

Доколку пак навистина човек се плаши (во случај да нема никакви придружни звуци) кога е темно, тогаш можеби се плашат од нешто друго-можеби од празнината (емптинес би било соодветно) или од процесите во мозокот кои ствараат разни слики (дури и во темнина, дури и при спиење). Но сликите кои се формираат во мозокот би требало да се иницирани од некој звук (колку и да е тивок), а од празнината мислам дека секој се плаши...а зошто...понатаму, доста би било за сега :) Ова е мое видување што можда е и многу погрешно.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Неверојатно е тоа што децата не се единствените кои се плашат од темнината. Замислете две сценарија: Да речеме дека сте во темна соба, во која има убиец кој ве бара. Можно е да ве најде, а можно е и да не ве најде.
Понатаму, замислете го ова: Сеуште сте во истата соба, но светлото е запалено. Кога е запалено-без сомнение, ќе ве убие. Нема потреба да ве најде, веќе го направил тоа. Кое од овие сценарија ве плаши повеќе? Веројатно првото.
Зошто е ова вака? Па, човековата природа е програмирана да се плаши од непознатото. Страшно е да не знаете што ќе се случи. Нормално дека е пологично да сте помалку исплашени во првиот случај, но сепак тоа не е така.
Како да го пребродите стравот од темница:
1.Бидете логични. Повеќето стравови и фобии не се логични и природни. На пример, ако лежите во соба и сте исплашени да станете за да одите до бањата заради некоја сенка што ја ,,гледате" во аголот, запалете го светлото и видете од што е таа сенка. Ова е логичен пристап. Откако ќе почувствувате дека фобијата ве обзема, контрирајте и` рационално, со факти.
2. Вежбајте го видот навечер. Додека се светлата изгаснати, пробајте да ги распознавате предметите.
3.Читајте инспиративна литература. Наместо хорор филм пред спиење, изберете нешто поинспиративно. Религиозна, спиритуална, мотивациска или било каква љубовна приказна која ќе ви го стопли срцето. Ова ќе ве релаксира и ќе ви помогне да заспиете.
4. Медитацијата пред спиење ги релаксира луѓето и им помага да се ослободат од тензијата, стресот и да го победат стравот. Додека лежите во кревет,замислете се некаде каде што би сакале да сте. Гледајте во мислите како одите и им се восхитувате на глетките. Визуелизирањето е добар начин да го извежбате мозокот денски, да ја поднесе темнината навечер.
5. Имајте вечерни прошетки со пријателите. Ова е добар начин да се соочите со стравовите. Подоцна ќе заспиете со самодоверба дека сте му се спротивставиле на стравот.

Повеќето стравови се базирани на изминати искуства. Во овој случај, помирете се со минатото, исполнете си го животот, бидете рационални.

Извор: http://www.associatedcontent.com/article/36661/self_help_how_to_overcome_fear_of_the_pg2_pg2.html?cat=7
Превелa: Јас:pipi:
 
N

navivacka

Гостин
Порано се плашев многу:uvo:се тресев целата од страв,мислев ке дојде некој и ке ме убие:nesvest:ама сега воопшто не се плашам,уживам во темнината знаејки дека во плакарот не се крие нешто или некого:pos2:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
3.Читајте инспиративна литература. Наместо хорор филм пред спиење, изберете нешто поинспиративно. Религиозна, спиритуална, мотивациска или било каква љубовна приказна која ќе ви го стопли срцето. Ова ќе ве релаксира и ќе ви помогне да заспиете.
Религиозна литература??? Дали си сериозна :pos2: Таман работа некој со фобија од темица да чита нешто религиозно во кое се раскажува за пеколот и темнината во него или па дека во темницата се демоните и останатите зли сили поради кои и онака се чуствувал несигурен во мракот.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Религиозна литература??? Дали си сериозна :pos2: Таман работа некој со фобија од темица да чита нешто религиозно во кое се раскажува за пеколот и темнината во него или па дека во темницата се демоните и останатите зли сили поради кои и онака се чуствувал несигурен во мракот.
Религијата воопшто не е за пеколот и за мракот... Поразлична е од стилот на Алигиери, во секој случај. Се мисли веројатно на Библијата или на нешто слично од позитивистички карактер.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Религијата воопшто не е за пеколот и за мракот... Поразлична е од стилот на Алигиери, во секој случај. Се мисли веројатно на Библијата или на нешто слично од позитивистички карактер.
Се тоа што е прикажано како позитива во религијата е директен пандан на она спротивното - темнината т.е она и поради кое најчесто се јавува страв од темница (стравот од непознатото моќно кое демне во мракот) а воедно главен виновник за тоа е религијата т.е нејзиното половично сфаќање. :smir:
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
па ако гледам некој хорор филм се плашам и од сопствената сенка :tapp:
за темнина може да се каже дека се плашам.. зш никогаш не спиам на темна соба... мора да има светло барем малце
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Се тоа што е прикажано како позитива во религијата е директен пандан на она спротивното - темнината т.е она и поради кое најчесто се јавува страв од темница (стравот од непознатото моќно кое демне во мракот) а воедно главен виновник за тоа е религијата т.е нејзиното половично сфаќање. :smir:
Ако е тоа така прикажано во религијата, направено е на метафоричен начин, и со дидактична намена. Не држи вода.:smir:
 

Barbara.

Irreparable perfectionist
Член од
23 јули 2009
Мислења
369
Поени од реакции
15
Па во целост не се плашам но има моменти кога ми лазат морници на пример кога гледам хорор или кога некој раскажува некоја страшна случка.. :pos:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.797
Поени од реакции
12.281
Ако се плаши некој од темница, не мора книга или нешто слично. Има и друг многу ефикасен и плодоуживателен начин за бркање страв, ама со двајца :) Срце во тој случај може да тропа од се само не од страв. Мислам дека е јасно, ако продолжам само ќе отидам далеку од темата па ќе си попијам банче :smir:
 
М

Мрак

Гостин
Не се плашам. Убаво ми е во темно. Мрак! Преку ден спуштам ролетни за да биде темница. Навечер не уклучувам светло, ако немам потреба ..
Не ми е страв од темница, туку од некои работи кои може да се случат на .. темни места .. не како страв, повеќе ко незгодно ..
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Не се плашам туку уживам, го надминав стравот кој ми го предивикуваше темнината ... сама се вракам во 2 ипол сатот на вечер одам низ моето поранешно основно училиште .Темнината ништо не ми прави можеби лугето која ја користат за нивните нечисти идеи и мисли се опасни ама не се грижам многу. Ја спомнавте религијата... се случуваше да се плашам кога читав до касно книги поврзани со задгробниот живот инаку иако сум сега повозрасна практикувам таквиот тип на книги да ги читам преку ден само поради лесен сон навечер зошто сепак нивната содржина би го вознемирила секого особено кога знаеш дека не се митови бајки и измислици туку сето тоа после смртта ке се случи и е неминовно.
 
Член од
23 јули 2009
Мислења
217
Поени од реакции
8
Па зависи некогаш ми е мн страв шо одвај од чаршија ке со дојдам а ако нешто имам проблем некој или ако сум мн срекна воопшто не размислувам на тоа и не се плашам едноставно сум опседната со другите работи шо ми се случуваат....... Всушност од сето она што се плашиме и стравуваме е во нашиот мозок ама и покрај тоа не можеме да го контролираме и не си случува баш тоа чувство на став :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom