Неверојатно е тоа што децата не се единствените кои се плашат од темнината. Замислете две сценарија: Да речеме дека сте во темна соба, во која има убиец кој ве бара. Можно е да ве најде, а можно е и да не ве најде.
Понатаму, замислете го ова: Сеуште сте во истата соба, но светлото е запалено. Кога е запалено-без сомнение, ќе ве убие. Нема потреба да ве најде, веќе го направил тоа. Кое од овие сценарија ве плаши повеќе? Веројатно првото.
Зошто е ова вака? Па, човековата природа е програмирана да се плаши од непознатото. Страшно е да не знаете што ќе се случи. Нормално дека е пологично да сте помалку исплашени во првиот случај, но сепак тоа не е така.
Како да го пребродите стравот од темница:
1.Бидете логични. Повеќето стравови и фобии не се логични и природни. На пример, ако лежите во соба и сте исплашени да станете за да одите до бањата заради некоја сенка што ја ,,гледате" во аголот, запалете го светлото и видете од што е таа сенка. Ова е логичен пристап. Откако ќе почувствувате дека фобијата ве обзема, контрирајте и` рационално, со факти.
2. Вежбајте го видот навечер. Додека се светлата изгаснати, пробајте да ги распознавате предметите.
3.Читајте инспиративна литература. Наместо хорор филм пред спиење, изберете нешто поинспиративно. Религиозна, спиритуална, мотивациска или било каква љубовна приказна која ќе ви го стопли срцето. Ова ќе ве релаксира и ќе ви помогне да заспиете.
4. Медитацијата пред спиење ги релаксира луѓето и им помага да се ослободат од тензијата, стресот и да го победат стравот. Додека лежите во кревет,замислете се некаде каде што би сакале да сте. Гледајте во мислите како одите и им се восхитувате на глетките. Визуелизирањето е добар начин да го извежбате мозокот денски, да ја поднесе темнината навечер.
5. Имајте вечерни прошетки со пријателите. Ова е добар начин да се соочите со стравовите. Подоцна ќе заспиете со самодоверба дека сте му се спротивставиле на стравот.
Повеќето стравови се базирани на изминати искуства. Во овој случај, помирете се со минатото, исполнете си го животот, бидете рационални.
Извор:
http://www.associatedcontent.com/article/36661/self_help_how_to_overcome_fear_of_the_pg2_pg2.html?cat=7
Превелa: Јас