Бруно: Мажите ме соблекуваат со поглед
"На премиерата ги поканив Џегер, Клептон и други бивши љубовници на Карла Бруни", рече Бруно на премиерата во Париз
ПАРИЗ (Телеграф) - Комичарот Саша Барон Коен, кој го игра ликот на австрискиот геј моден дизајнер, позираше пред камерите во францускиот главен град,
облечен во тесни припиени кожени панталони, налик на традиционалните австриски ледрехозен, и црвенакарирана кошула, во придружба на машки модели облечени слично како него.
Бруно предизвика огромна контроверзност уште за време на снимањето на филмот, а најнова вест е дека за време на снимањето нему и на неговата филмска екипа им се заканувале со пиштол. Барон Коен снимаше на локации на југот на САД со тројца Американци.
Без да знаат дека всушност е местенка, почнале да се лутат поради однесувањето на Бруно во кампот. Кога танцувал наоколу гол, тие се фатиле за пиштоли и ги натерале филмаџиите да го напуштат местото на снимање.
Австрискиот печат веќе е во војна со филмот, медиумите го нарекуваат филмот "досаден", "навредлив" и дека претставува закана за имиџот на земјата пред светот и за нејзиното стопанство.
Постои страв дека на земјата ќе и се случи истото што и на Казахстан, кој сe уште се опоравува од сатирата која беше прикажана во последниот филм на Барон Коен, "Борат: Културолошко учење на Америка за доброто на прекрасната казахстанска нација".
Бруно се најде во весниците и поради ненадејното појавување на доделувањето на Филмските награди на Ем-Ти-Ви, кога му слета во скут на изненадениот рапер Еминем. Раперот бесно ја напушти салата кога
Бруно се спушти во публиката впрегнат со јаже од таванот , со ангелски крилја и танга, иако подоцна се покажа дека целата сцена била наместена.