Се имате ли онесвестено?

Член од
18 декември 2008
Мислења
310
Поени од реакции
108
Мене досега ми се нема случено да се онесвестам, па баш се прашувам какво е чувството... а многу пати ми се има стемнето пред очи, ништо не гледам, но си стојам без никаков проблем, без да почувствувам било каква слабост во колената...

Еве во прилог една компилација на свадбени онесвестувања, па можете да ми опишете нешто повеке, и зошто се случува тоа...
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
После десеттиот пат, прекинав да бројам колку пати се онесвестувам.
А излезе сонце, одма паѓам у несвест. :nesvest:
 
I

Intex

Гостин
Само еднаш. Неам поима од што, само знам дека паднав, а бев сам дома. Се свестив после 10 секунди. Бев ненормално исплашен. Оттогаш не ми се случило вакво нешто.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Се имам онесвестено еднаш и се надевам веќе никогаш повеќе,пред околу година и пол,ми падна многу притисокот.
И нема некое посебно чувство,не осеќаш ништо,јас не се ни сеќавам јасно како ми беше,ама знам од кој се освестив чувството беше ужасно.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
1.016
Поени од реакции
50
2 пати. Еднаш за малце цел прст ќе го сечев... од глетката се онесвестив. И еднаш ко помал ми текнува за Велигден в црква.. од чадот изгледа:kesa:
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
пу,пу не знам како е ми се има стемнето пред очи ама така добро да се онесвестам,ми се нема случено-би сакала исто и јас да знам зошто тоа се случува и какво е чуството.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
ednas kako mal...vo ucilnica haha
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
И јас се имам онесвестено и тоа неколку пати.
Еднаш додека бев на одмор и како што паднав се изгребав на едно дрво и имав лузна на лицето [на левиот образ].Уште имам,ама не се познава веќе до толку,скоро воопшто.Инаку ужасно чувство е,се осеќаш ко да те прегазил воз,едноставно немаш сила за ништо,не си ни свесен за тоа што се случува.
И кај мене сонцето е најчесто причина,па затоа летно време си се пазам многу.:pipi:
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
310
Поени од реакции
108
Чудно ми е тоа што неколку пати ми се има случено силно да ја удрам главата(еднаш дури и крв ми потече од носот), имам паѓано од висина, сум седела по цел ден на сонце, имам доживеано сообраќајка... и пак не можам да го дожвеам тоа чувство... само ке ми се стемни се пред мене и по десетина секунди пак сум си ОК.

Често ме зезаат дека чувството било убаво... (ама не им верувам баш)
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Како да не убаво.
Го знаеш чувството кој ќе ти се стемни така?Епа нешто слично на тоа 50 пати позасилено.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Слушаш чуден звук... како да ја слушаш крвта како тече внатре во тебе... движењата околу тебе се забавени... се чувствуваш збунето... но за среќа не се онесвестив, ме испрскаа со вода пред да се случи тоа :)
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Се чудев како може да се случи ова од неништо. И туку наеднаш, пред една недела, си стојам јас. Одеднаш ми се стамнува се пред мене, гласовите стануваат нејасни, и следно што се сеќавам ме прскаа со ладна вода.
Онесвестувањето може да биде од милион причини. Недоволен сон, слабокрвност, подолг престој во непроветрени и загушливи простории, многу топлина итн. Ретко кога при најобично губење свест станува збор за нешто многу опасно. Најважно во тие моменти е, откако ќе се разбудите да се напиете чаша вода со шеќер, за да малку ви се поврати шеќерт (обично паѓа нивото на шеќер во крвта и доаѓа до краткотрајна несвестица) а потоа да излезете на свеж воздух.
Откако ќе земете свеж воздух потребно е малку да се раздвижите за да можете да ја вратите циркулацијата на крвта низ телото во нормала.
Секако да не заборавам, тоа што во секунда можете да се препотите откако ќе се онесвестите е обична реакција на телото, и не треба да ве зачудува. Се појавува како последица на дисбалансот на внатрешната температура на телото која се јаувава како последица на менувањето на количината на шеќер во крвта, забрзано или успорено движеше на крвта и сл. Тоа е еден од начините на кои телото се брани самото себеси и се обидува да го поврати во нормала она што се изместило од граници на нормала.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Еднаш кога игравме фудбал ме стегнаа у мал мозок на волеј беше топката, почна по малку да ми се стемнува но стигнав некако до дома и две секунди фалеа пред да легнам на креветот и помалку почна да ми се разбиструва.
 

^ Ghost Rider ^

Biker Boy
Член од
27 октомври 2008
Мислења
372
Поени од реакции
8
еднаш,зазвони ѕвончето на врата и ја спиев,изрипав одма,и паднав во несвест :nesvest:
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Еднаш, и еднаш за малку. Кога се онесвестив му изнасавме на дедо ми (Бог да го прости) шест месеци, и јас на гробишта си се потпрев до вујко ми. Другиот пат на пазар, цело време нешто не ми беше арно, ама поседов кај едни луѓе на тезга, и ми мина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom