Сериски убијци - Апсолутни рекордери

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
на дискавери има секогаш документарни за сериски убијци ... јас пред некој ден гледав ... за некој си Ридвел , шо убивал проститутки само , преку 40-тина убил :vozbud:
А јас чинам дека не си ја читал темава од почеток :) мислам дека беше пишано за него.
Не, тоа е сосема друг случај во Краснојарск, иако во ист период се случува горе долу, мајката и син - канибали...72 жртви од кои само 19 пронајдени, од другите пронајдени делови од облека и лични предмети кои ги складирале, продавале човечко месо...кој има нерви нека го погледне документарецот...
Не, не мислев на ова дека твоето клипче е за мојот настан, туку на тоа дека можеби се работи за ист документарец.
Мајката претставувајќи се како немоќна женичка во години со полни торби во раце намамувала деца,тинејџери,тинејџерки да и помогнат со торбите до станот каде чекал нејзиниот син со секирата зад врата...едноставна тактика...:nesum:
Ухуу, малкуцка сум измешал, беше баш вака како што напиша :smir:
 
T

Tetro

Гостин
Не, тоа е сосема друг случај во Краснојарск, иако во ист период се случува горе долу, мајката и син - канибали...
Мајката мислам дека не јадела, таа само се грижела за синот да не остане гладен, а за неа си купувала од супермаркет јадење, со парите од луѓето кои ги убивал синот и ги касапел во кадата.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Мајката мислам дека не јадела, таа само се грижела за синот да не остане гладен, а за неа си купувала од супермаркет јадење, со парите од луѓето кои ги убивал синот и ги касапел во кадата.
Инспекторите нашле садови со варено месо, што беше и кажано во документарецот а имаше и некои снимки...повеќето од нив подоцна оделе на психолошки третмани соочени ужасите на едиповскиот пар канибали...лоша вест е што догодина бабата излегува од затвор, а и синот имал шанси за надвор, наводно бил ресоцијализиран во лудницата...
Случајот со “Џуџето“ е интересен, типот едно време се населил во напуштената викендица на Чикатило, најпознат сериски убиец во Русија, над кого била извршена смртна казна, а од ист регион, бидејќи сметал дека никој нема да проверува таму, луѓето имале суеверен страв и не оделе таму, што се покажало како точно и му овозможило да се крие некое време...
 
Г

Господ

Гостин
Пичушкин е човекот:vozbud:
Желба да убие луѓе колку што има полиња на шаховската табла.
Утврдено е дека убил 48,а се шпекулираат 63.
Најпрвин убивал бездомници во паркот низ кој патролирал а потоа имал и "подостојни" мети.
Моментално одлежува доживотна казна.
Пичушкин велел дека убивањето за него е како храна за останатите.
Дека при убивањето се чувствувал како бог бидејќи одлучувал дали неговите жртви ќе живеат,се чувствувал како нивен татко кој им помагал да преминат во друг свет...
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Пичушкин е човекот:vozbud:
Желба да убие луѓе колку што има полиња на шаховската табла.
Утврдено е дека убил 48,а се шпекулираат 63.
Најпрвин убивал бездомници во паркот низ кој патролирал а потоа имал и "подостојни" мети.
Моментално одлежува доживотна казна.
Пичушкин велел дека убивањето за него е како храна за останатите.
Дека при убивањето се чувствувал како бог бидејќи одлучувал дали неговите жртви ќе живеат,се чувствувал како нивен татко кој им помагал да преминат во друг свет...
Последната фигура на шаховската табла не успеал да ја стави, а најбизарно е што сите убиства ги извршил во истиот московски парк, показател кој доволно зборува за руската полиција и ситуацијата таму...
Можеби убиство во затворот за шах мат, или како во Англија, сериските убијци по затворите имаат short expiration date, ги “самоубиваат“ во консензус меѓу другите робијаши и чуварите...64-тата последна фигура најверојатно ќе е самиот Пичушкин...:vozbud:
 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
Последната фигура на шаховската табла не успеал да ја стави, а најбизарно е што сите убиства ги извршил во истиот московски парк, показател кој доволно зборува за руската полиција и ситуацијата таму...
Можеби убиство во затворот за шах мат, или како во Англија, сериските убијци по затворите имаат short expiration date, ги “самоубиваат“ во консензус меѓу другите робијаши и чуварите...64-тата последна фигура најверојатно ќе е самиот Пичушкин...:vozbud:
bate ti znaes li kolku kvadratni kilometri e taj park ?????
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
bate ti znaes li kolku kvadratni kilometri e taj park ?????
Колку е бе бате, колку цајкани и инспектори по километар квадратен му доаѓаат?
Случајот со мајката и синот, со години комшиите пријавувале крици од жртвите во полиција која после 5 години и стотици пријави се сетила да се појави на врата кај канибалите...замисли после првиот повик да се појавеле...или немале доволно цајкани по единица скала и спрат во дотичната зграда?
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.730
Поени од реакции
9.716
bate ti znaes li kolku kvadratni kilometri e taj park ?????
А ти знаеш дека се додека медиумите не почнале да зборуваат за исчезнувањата на голем број на луѓе и мистериозните убиства кои се случувале во паркот, полицијата не реагирала на ништо друго што било пријавено? Една жена која успеала да се спаси од нападот на Пичушкин, кога отишла да бара правда, полицијата одлучила дека не сака да се пика у невоља во потрага по убиецот, и не реагирала на реакцијата. Заеби ти површина на паркот, полицијата во Русија била незаинтересирана и не реагирала на ниедно исчезнување кое било пријавено. Баш таа незаинтересираност на полицијата, го охрабрувала Пичушкин во убиствата.

Пичушкин е човекот:vozbud:
Желба да убие луѓе колку што има полиња на шаховската табла.
Утврдено е дека убил 48,а се шпекулираат 63.
Најпрвин убивал бездомници во паркот низ кој патролирал а потоа имал и "подостојни" мети.
Моментално одлежува доживотна казна.
Пичушкин велел дека убивањето за него е како храна за останатите.
Дека при убивањето се чувствувал како бог бидејќи одлучувал дали неговите жртви ќе живеат,се чувствувал како нивен татко кој им помагал да преминат во друг свет...
Чикатило > Пичушкин, any time of the day. :)

Шала на страна, Чикатило е синоним за сериски убиец во Русија, страв и трепет за русите. И самиот Пичушкин уште како мал се огледувал на Чикатило. Чувал исечоци од весници за Чикатило, тој му бил еден вид инспирација да почне со убивања. Цел му била да го надмине Чикатило во својот “дострел“ :tapp:. Но, не му успеало. Чикатило убил 53 луѓе, а Пичушкин 48 (зборувам за докажани убиства, другото никој не може да го тврди.). Како и да е, и двајцата важат за едни од најсвирепите сериски убици во Русија.
Последната фигура на шаховската табла не успеал да ја стави, а најбизарно е што сите убиства ги извршил во истиот московски парк, показател кој доволно зборува за руската полиција и ситуацијата таму...
Можеби убиство во затворот за шах мат, или како во Англија, сериските убијци по затворите имаат short expiration date, ги “самоубиваат“ во консензус меѓу другите робијаши и чуварите...64-тата последна фигура најверојатно ќе е самиот Пичушкин...:vozbud:
По правило, не останало уште едно поле. Тој наводно пополнил 63 полиња од таблата, но после дознал дека 3 од жртвите всушност преживеале, што значи дека не убил 63, туку 60 луѓе. А и само за 48 е докажано дека ги убил, така да целото тоа пополнување на шаховската табла не му држи вода. Плус тоа, барал од судијата да му се додадад уште 11 убиства на неговото име, се со цел да го стигне Чикатило, што укажува на тоа дека можеби лажел за тие 63(60) убиства/полиња, се со цел да се израмни со Чикатило. Како и да е, асално ја “пополнил“ таблата, што е срам за руската полиција, а жално за рускиот народ.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Петте најстрашни животни - серијски убијци на луѓе

Погледнете ги најзастрашувачките ретки случаи кога некое животно едноставно систематски убивало многу луѓе.


Нападите врз луѓето од страна на животните со фатален крај се толку ретки што филмот Ајкула (Jaws) просто изгледа како неправедно оцрнување на тие интересни рипки. Животните напаѓаат луѓе само ако се чувствуваат загрозени, или ако се навистина гладни, или ако човекот го задева животното со стап. Очигледно животните не се врткаат наоколу прикрадувајќи се и убивајќи луѓе само поради некаква психопатска возбуда.
Барем не повеќето...Знаете, Ајкула е сниман според вистински настан. Тоа е еден од застрашувачките ретки случаи кога некое животно едноставно систематски убивало многу луѓе. Како што се следниве случаи...



Лавовите Човекојадци од Цаво (The Tsavo Man-Eaters)


Време: 1898 година.
Место: долж 1.000 милји долгата железничка линија која се протегала преку британска источна Африка, наречена „Железничката линија Кенија – Уганда“ (Kenya-Uganda Railway). Бидејќи Британците биле премногу зафатени со пиење чај и решавање на прашања околу градењето на пругата, се ползувале од работната сила на илјадници Сики, од кои што многумина умреле градејќи ја.

Приказната:
Едноставната причина за овие немили случувања била- лошата навика. Животните едноставно се навикнале на дневната порција од човечко месо, лесен плен за гологлавите лавови од Цаво. Така, еден пар мажјаци развиле афинитет кон луѓето, во прехрамбена смисла.

Лавовите човекојадци од Цаво ги тероризирае работннците на железничката пруга Кенија-– Уганда цели девет ужасни месеци.
Како убивале:
Треба да ни биде јасно: овие бизарни лавови-скинхеди не убивале во самоодбрана, ниту штителе територија. Тие се прикрадувале во кампот за време на ноќта, упаѓале во работничките шатори и ги напаѓале заспаните работници, кои врискајќи биле одвлекувани во ноќта. Вистински хорор!
Сите тие долги месеци за време на случувањата, работниците и нивните британски газди се обидувале на секој можен начин да ги сопрат лавовите: испраќале ловџиски потери (при што ловџиите или се враќале со празни раце или и самите биле масакрирани); граделе џиновски огради од трња; поставувале стапици, но ништо од тоа не вродило со плод. Лавовите биле вешти и во надминувањето на пречките исто како што биле вешти и во убивањето – родени убијци. За време на тие крвави месеци лавовите убиле и изеле 135 работници.

Како умреле лавовите:
После сите тие месеци на убивања, прескокнување пречки, огради и избегнувања на стапици како некакви ликови од хорор филм, лавовите човекојадци од Цаво најпосле биле сотрени. Како и во секој добар класичен хорор филм, тие не умреле лесно.
Човекот заслужен за нивната смрт, Џон Хенри Петерсон (John Henry Patterson) го застрелал едниот лав пет пати со пушка со калибар .303 за времето на цел еден ден во рамките на кој што тој бил гонет од лавот. За вториот пак му биле потребни осум куршуми (од кој што едниот директно в глава) за да го убие.
Само да се потсетиме, тие 13 куршуми со кои што биле застрелани двата лава биле испукани во самоодбрана. Не ги ловел тој лавовите, туку тие него. Е сега, или тој бил ужасно лош стрелец, или лавовите навистина му имале пик.

Инцидентот со кафеавата мечка во Санкебеци (The Sankebetsu brown bear incident)


Време: Декември 9- 14, 1915
Место:
Санкебецу, Јапонија. И тоа не онаа Јапонија која што денес ја знаеме, со семожните видео игри и раздвижени мравјалници од вредни и работни луѓе. Во 1915. поголемиот дел на Јапонија го сочинувале мали и летаргични земјоделски заедници.

Приказната:
Едно ноемвриско утро, една кафеава мечка Усури, тешка 360 килограми доскитала на поседот на семејството Икеда во селото Санкебацу Рокусен – сава. Мечката избегала по само неколку минути , но се вратила после неколку дена во соседната куќа и растргнала едно бебе пред да ја одвлечка негувателката на бебето во блиската шума каде што ја изела.

Ловџиска потера тргнала во потрага по мечката во која што мечката била пронајдена и застрелана, но само ранета, по што таа успеала да избега. Следната ноќ мечката повторно се вратила во друга куќа и убила уште тројца. Овојпат, пеесет локални чувари успеале да дотрчаат во куќата за да се борат со мечката. Ако сте гледале хорор филм, имате представа како завршила таа битка.

Мечката-убиец од Санкебацу успеала да избега уште еднаш и да се изгуби во ноќта,.
Начинот на кој што мечката убивала:
Ќе го кажеме следново за оваа мечка: таа не оставала недојаден оброк. Дури и остатоците ги складирала за подоцна. При враќање дома, безуспешната потера нашла остатоци од една од жртвите (глава и делови од нозе) закопани во снегот, за да останат свежи за подоцна.
Во текот на два дена мечката- катастрофа лишила од живот шестмина луѓе (меѓу коишто и една трудница). Дури и луѓето од локалната полиција биле толку преплашени што ги напуштале своите пунктови. Само ветераните од војната со Русија ја имале храброста да останат.

Како умрела мечката:
Локалните власти наскоро сфатиле дека имаат само еден избор – да го повикаат Јамамото Хеикичи (Yamamoto Heikichi) експерт во лов на мечки со репутација на легенда. За несреќа, Јамамото ја трампал својата пушка за алкохол неколку дена порано. Тој ја одбил молбата со образложение дека тој повеќе би сакал да си го минува времето пиејќи.
На крај, селаните некако успеале да го убедат Јамамото да дојде и да ги спаси од напаста. Како помош му бил доделен и ескадрон од 60 обучени стрелци. Дури и со екипа од 60 луѓе елитни ловци во потера, биле потребни неколку дена за да се улови мечката и да се заврши со неа еднаш за секогаш. При аутопсијата извршена врз мечката биле пронајдени остатоци од жртвите во внатрешноста на ѕверот тежок 379 килограм.



Слонот самотник од Абердер Форест(The Rogue Elephant of Aberdare Forest)


Време: 40-те години од минатиот век.
Место:
Абердер Форест, Британска Иточна Африка (Aberdare Forest, British East Africa). Циркусот и Дизни ги претставуваат слоновите како нежни џинови, а всушност понекогаш нивното однесување личи на однесувањето на дрогиран и збунет адолесцент.
Приказната:
Насилниот африкански слон, познат како Слонот пакосник од Абердер Форест (Rogue Elephant of Aberdare Forest) го минувал своето време во повеќемесечно дивеење низ селата и фармите во областа. Слоновите самотници се далеку од тоа да бидат невообичаема појава, но овој сепак бил поголем дибек од останатите самотници.




Слонот избегнал (или убил) неколку локални ловци во повеќе наврати и нападнал повеќе села чисто онака, колку нешто да се прави. Но тој никогаш не напаѓал едно исто село два пати, па така неговите движења биле непредвидливи и било невозможно да му се влезе во трага.
Локалните жители спаот го нашле во Џ.А. Хантер (J.A. Hunter.), голем ловец на своето време. Познат е како водич на повеќе сафари експедиции во рамките на кои биле убиени преку илјада носорози. Тие го замолиле да им помогне да го најдат и убијат слонот пакосник, и Хантер не можејќи да му одолее на таков предизвик, се согласил.

Како убивал слонот:
Џ.А. Хантер ги документирал своите разговори со домородците за нападите на слоновите самотници. Тој запишал: „Двајца домородци се враќале дома една вечер, кога забележале голема црна маса која стоела неподвижно пред нив во сенките. Луѓето почнале да викаат за да го исплашат и избркаат животното. Одеднаш тоа излегло од сенката и ги збркало со огромна брзина...Човекот кого што слонот успеал да го фати, го згазнал со едната нога, а со сурлата го растргнал на парчиња. Потоа го втапкал трупот во земјата и си заминал.“
Смртта на слонот:
Слонот му бегал на Хантер два дена и намерно ја наведувал потерата на незгоден терен, присилувајќи ги да ползат низ трња и коприви.

На крај, Џ.А. Хантер успеал да докаже дека тој е посупериорната убивачка машина. За време на аутопсијата врз слонот, тој нашол куршум забиен во центарот на нерви во на неговиот десен туск, што според Хантер било причината за насилното однесување на слонот. Со оглед на кариерата на Хантер, во која што тој испотепал едно чудо животни само за забава, човек да се праша, што ли па го мачело Хантер?
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Вистинската АЈКУЛА.


Време: 1916
Место: Брегот Џерси (The Jersey Shore).

Приказната:
Нападите на ајкулата на брегот Џерси е првиот пример за „Ајкула манија“ во американската историја. Тие настани се предвесниците на настани како ужасното лето на ајкулата . Нападите се инспирација за познатиот роман на Питер Бенчли (Peter Benchley) Челуст (Jaws) кој што Стивен Спилберг го преточи во филмот кој што ние подобро го знаеме како Ајкула.
Од први до дванаесетти јули таа година, човекојадната ајкула го тероризирала крајбрежјето на Џерси. Чудовиштето нападнало петмина луѓе, убивајќи четворица од нив. Наскоро целата област ја опфатила паника и крајбрежјето претрпело загуба од 250 000 долари во екот на туристичката сезона, кое што во тоа време било голема сума на пари.

Најпосле, локалните жители возвратиле. Се собрале стотици од нив опремени со мрежи, динамит и пушки, но кампањата била сто проценти неуспешна. Не успеале да убијат ниту една ајкула. Во меѓувреме, кротителот на лавови Мајкл Шлејзер (Michael Schleisser) на крајбрежјето на Менхетн успеал да улови голема бела ајкула со утроба полна со човечки остатоци. Ајкулата тежела 147 килограми и била долга 2,2 метри. Бидејќи веќе престанале нападите по 14. јули, луѓето сфатиле дека опасноста поминала.
Како убивала ајкулата:
Некои експерти биле на мислење дека ајкулата од Џерси не била од видот големи бели ајкули (Carcharodon carcharias). Местото на движење било некаректиристично за неа, и виновникот за барем неколку од нападите се сметало дека е некоја ајкула од видот на ајкулата бик (Carcharhinus leucas). Неодамна излегоа повеќе интересни детали за тие кобни случувања.


Крокодилот Густав (Gustave the Crocodile)


Време: сегашно
Место: Бурунди, една од најнесреќните земји на најнесреќниот континент на планетата. Несреќните жители на оваа земја морале да преживеат безброј граѓански војни и два геноциди. Земја во која што немирите се дел од секојдневието. И згора на тоа, жителите на земјата биле следени и систематиски убивани од најголемиот сериски убиец на сите времиња.

Приказната:
Густав се родил некаде пред 66 години, веројатно во близина на реката Нил во Бурунди. Повеќето крокодили од генерацијата на Густав се веќе уловени, но огромниот крокодил Густав некако успеал да ја избегне таа судбина.

Крокодилите не престануваат да растат низ целиот свој живот; се додека редовно се снабдуваат со храна стануваат се поголеми и поголеми. Нормалниот нислки крокодил е долг околу 4 метри. За Густав се верува дека е долг повеќе од 6 метри и е со тежина околу 900 килограми. Локални власти тврдат дека убил триста луѓе досега.
Како убивал:
Обично крокодилите ловат големи животни како зебри и бафала, но Густав бил посветен на јадењето луѓе. Или уште попрецизно кажано, тој бил посветен на убивањето луѓе. Според очевидците Густав би се втурнал во група од повеќе луѓе, но ретко би изел еден цел човек, туку би гризнал еден и би продолжил понатаму. Изгледа како едноставно да уживал во самиот чин на убивање. Во Бурунди станала вообичаена слика да се наоѓаат недојадени остатоци од жртвите кои што Густав ги оставал зад себе.
Како умрел:
Не умрел. Се појавил повторно во 2008, и според известувањата се уште жив и здрав и расположен за убивање, и неговата листа на жртви се зголемува. Овој достоен потомок на диносаурусите како да е бесмртен. Се уште ја практикува неговата болна навика, и луѓето едноставно ништо не му можат.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Животни бе :(

Добар апдејт на темава, интересен избор :smir:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Кога сме кај животињи без сериозна конкуренција убиец на луѓе бр. 1



Од инсектите...



Овие штеточини убиваат без намера, од оние кои со намера тргнуваат да убијат човек на прво место е...

 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Жени сериски убијци

Парите односно материјалистичката моќ е она што ги води жените да сторат повеќекратни убиства. Сексот, вниманието, растројството, физичката злоупотреба се исто така водечки причини за претворање на жените во масовни сериски убијци. Во 1998 година др. Kelleher спорведел истражување над 100 жени сериски убијци и неговите заклучоци ги категоризираат жените сериски убијци во 9 категории:


1. Ангели на смртта – Таа може да се види во улога на медицинска сестра, акушерка, домакинка, куќна помошничка, лекар итн. Жените во оваа категорија убиваат болни и ранливи луѓе со цел да ја исполнат својата желба за контрола и доминација.
2. Црна вдовица – Жени кои убиваат од лакомост. Нејзиниот сопруг, децата или друг член од семејството кои се причина за нејзиното губење на пари. Најчесто убиваат за да обезбедат наследство.
3. Сексуален предатор- Женски сериски убиец во улога на сексуален предатор е навистина реткост, но тоа не значи и дека потполно не постојат.
4. Партнер во криминал – Ова се машко-женски партнерства за сериско убивање. Тие најчесто вршат кривични дела на сексуална база, каде што претешно доминира машкиот партнер.
5. Одмаздничка- Таа најчесто удира на сите они кои ја имаат победено во било што. Длабоко вкоренета гнев, желба за одмазда и превземање на позиција ги тера овие жени да станат сериски убијци.
6. Добивка од криминал- Овие се ретки женски сериски убијци кои се социопати и убиваат само заради тоа да биде по нивен начин.
7. Прашање на здрав разум- Шизофренија, параноја, илузија и други ментални нерушувања се некои и прочините кои се одговорни за злосторствата направени од страна на овие жени.
8. Необјаснети- Тоа е убиства од страна на една жена кои се не планирани и без некоја посебна причина.
9. Нерешени- Нерешени кривични дела кои се сметаа дека се дело на некоја жена.

Избор на оружје и методи на убивање

Женските сериски убијци преферираат да ја задржат малата видливост и имаат тенденција да работат тивко, методично и прецизно. Тие избираат помали и помалку агресивни форми и оружја за убиство, за разлика од машките сериски убијци, а тоа се:
1. Труење
2. Давење
3. Убиство со пиштол

Најпознати женски сериски убијци

Belle Gunness
Таа била безчувствителна вдовица кој живеела и убивала во периодот од 1990-1908 година во La Porte, Indiana. Ги убила своите и посвоените деца и неколку сопрузи, заради добивање на пари од осигурување. Секогаш кога некој нејзин маж или деца ќе умрат или куќата ќе и изгори од пожар поднесувала барање за покривање на штетата и загубата во осигурителни компании. Иако сомнежите на надлежните биле големи заради мистериозното исчезнување на нејзините деца и сопрузи, таа сепак успеала да ја докаже својата невиност и да ги добие посакуваните пари од осигурувањето. Во 1908 година кога почувствувала дека се ближи крајот на нејзината валкана игра со помош на нејзиниот слуга, ја одглумила нејзината смрт и никогаш не била уапсена. Поднесена е кривична пријава за убиство на 40 луѓе.

Aillen Wuornos
Оваа жена имала тешко детство, нејзиниот татко бил во затвор осуден за мајтретирање на деца и за обид за убиство, а нејзината мајка ги напуштила уште кога била малечка. Таа и нејзиниот брат ги израснале нивните баба и дедо. На возраст од 14 години наводно била силувана и претепана од напознат напагач. Останала бремена и нејзиното дете го дала на посвојување и породолжила да работи и заработува како проститутка. По некои ситни кривични дела во Флорида во периодот 1989-1990 таа почнала масовно да убива. Убивала и ги ограбувала најчесто своите клиенти. Откако ја фатиле тврдела дека е невина, но подоцна дала целосна изјава и ги признала своите злодела. Била уапсена во 1991 година и осудена за убиство на 7 луѓе. И била изречена смртна казна и умира во 2002 преку смртоносна инекција во затворот.

Countess Elizabeth Báthory de Ecsed
Позната како Грофицата Крв или Грофицата Дракула живеела и убивала во периодот 1590-1610 Словачка .
Оваа жена е родена во благородничко семејство, а подоцна мажена за грофот Ferenc Nadasdy. Првите нејзини жртви биле биле девојчината на еден слуга во замокот во кој таа живеела со својот сопруг. По смртта на нејзиниот сопруг таа добила слобода и моќ и целосна контрола над замокот. Со помош на нејзините 4 верни слуги ги мачела и убивала младите девојки кои живееле во замокот. Се верува дека се бањала во крвта од младите девојки во потрага во вечна младост и убавина. Како што се зголимувал бројот на жртвите така почнале да се шират гласини. По бегањето на една од нејзините жртви ја раскажаја и потврдила приказната на властите но бидејки била од благородничко семејство таа никогаш не била уапсена, била во домашен притвор до 1610 се до најзината смрт, додека нејзините 4 слуги сооучесници биле обвинети и осудени со смртна казна.

Amelia Dyer, called baby farmer killer or baby butcher
Ова е една од најпознатите женски сериски убијци во историјата. Таа убивала бебиње и мали деца кои ги згрижувала од самохрани мајки под изговорот дека ќе ги издржува до полнолетство. Во почетокот на најзината кариера како убиец таа ги оставала малите деца и бебињата да умрат од глад или студ, но подоцна почнала и да ги убива со давење или со вбризгување на опиум и на тој начин да ја добие паричната помош од државата за згрижување на овие деца. Била фатена во 1896 година и осудена на смрт преку бесење.

Madame Popova
Мадам Попова била „Профит“ убиец која им помагала на жените да се ослобаодат од суровите сопрузи, а за возврат барала надомест. Ги убивала своите жртви со отрови. Во 1909 година, полицијата добила информации од една вдовица покајаничка која дала изјава дека Мадам Попова била вмешана во убиството на нејџиниот сопруг. Била фатена во 1909 година и осудена на смртна казна преку стрлање. Бројот на жртви и бил 300+

Jane Toppan
Како што ја нарекуваат ангелот на смртта имала проблематично детство, живеела во семејство во кое имало историја на ментална болест и едвај добивала некакво внимание и љубов. Но нејзиното пореметување се случило кога била оставена од нејзиниот свршеник пред олтар. По ова таа решила да гради кариера како доктор и единствена цел и била да убие што повеке луѓе отколку било кој друг. За среќа во 1901 година дошло крај на нејзината убиствена треска кога ја уапсиле за убиство на нејзината сестра. Откако била уапсена таа признала дека е луда и дека убивала од што била болна, и остатокот од животот го поминува во психијатриска болница. Бројот на жртви кои ги убила бил 31.

Juana Barraza
Оваа жена била вистински ѕвер. Била крупна и широко градена жена и професионален борач. Таа глумела дека е социјален работник за да влезе во куќите на стари жени и да ги убива. Мексиканската полиција била потполно збунета во врска со овие убиства па дури и се обидела да ги отфрли доказите нарекувајки го сето тоа „медиумски сензасионализам“. Подоцна оваа така наречена „Old Lady Killer“ била фатена. Тоа било транвестит кој бил осуден на 759 години затворска казна. Број на жртви 11.

Waltraud Wagner
Оваа жена е исто така наречена ангел на смртта работела во болница во Виена како медисинска сестра каде сто посегнувала по убиство на пациентите се со цел да игра улога на Бог и да ужива во контролата што ја имала. Со текот на времето таа и уште три други медицински сестри направиле меѓусебен пакт и заедно убивале голем број на невини пациенти во болницата. Дури смислиле и посебен начин на измачување на пациентите со тоа што им ги затварале устите и им излевале вода во носот се додека не се удавеле. Ја фатиле во 1991 година и е осудена на доживотна казна затвор.

Kathleen Folbigg
Оваа жена имала непријатни случки од детството, Нејзината мајка била насилно избодена до смрт од нејзиниот биолошки татко. По смртта на мајка и таа живеела во домови од кој најчесто била бркана поради нејзиното девијантно однесување и поради убиството на мајка и. Се омажила во 1985 година и била љубезна и одлична сопруга навидум. По одреден период таа едно по едно ги носела своите мртви деца во болница. SIDS(sudden Infant Death Syndrome) била причината за смртта на нејзините деца. Меѓутоа нејзиниот сопруг го открил нејзиниот личен дневник каде што пишувала за убиствата на своите сопствени деца. Била фатена и осудена на казна затвор од 40 години. Бројот на жртви бил 4.

За полицијата, психолозите како и обичните луѓе, жените сериски убијци се загатка и шокантен потсетник за изопаченоста на човечката психа!!!
 

abeOstaviSe

Apathic
Член од
19 февруари 2009
Мислења
40
Поени од реакции
0
Сте ги заборавиле Тед Банди (убиец на жени) , Џон Гејси (педофил) кои што важеле за доста успешни луѓе, високо образовани и кои ја шокирале Америка. Последни зборови на Гејси на смртна казна "Kiss my ass":pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom