Метод Тробец
Тробец лежеше робија од 1979 година (рекорд во Словенија) а за своите недела првично беше осуден на смртна казна (последна досудена во земјата) по што казната му беше преименувана.
Метод Тробец (31) е најпознатиот сериски убиец од просторите на поранешна Југославија, кој во периодот меѓу 1975 и 1978 година убил пет жени. Бил осуден на смртна казна, која му била замената со 20-годишна робија. Додека бил зад решетки, Тробец двапати се обидел да го убие својот цимер, поради што заработил уште 15 години затвор. Тој се обесил во затворската ќелија во 2006 година. Тробец запознавал осамени жени што ги намамувал во својата куќа во Горење Вас, каде што ги силувал, ги давел, а потоа ги запалувал во печката за печење леб. Убиецот бил откриен случајно, по разбојништвото врз германски турист. Полицијата извршила претрес во куќата на Тробец барајќи докази за разбојништвото, при што го пронашла куферот на Германецот, но и личните документи на извесна Зорка Николиќ. Бидејќи таа била пријавена за исчезната, полицијата се посомневала во разбојникот и случајот почнал да се расветлува. На ѓубриштето во дворот биле откриени јагленисани делови од тела, копчиња од градници, а во ѕиданата печка беа најдени остатоци од јагленисани черепи. Вештите лица утврдиле дека има остатоци од пет тела, но бидејќи во тоа време имало и исчезнувања на уште неколку жени, полицијата се сомневала дека и тие биле жртви на монструмот. Тробец го признал убиството само на пет жени. Неговите сограѓани биле вџашени кога слушнале дека тивкиот и повлечен работник бил убиец. Тробец бил прегледан од осум психијатри и од седум психолози, кои сметале дека не станува збор за душевно болен човек.
Во име на душевната болка која ја претпрел поради ова грозно обвинение тој бараше отштета од 80 илјади евра.
Пред да ги убие девојките, бил лечен со електрошокови по што е отпуштен од душевната болница како здрав.
За неговата 'популарност' сведочи и и фактот што неговото име своевремено го носеше и еден познат загребски бенд а по повод смртта, неговите обожаватели напишаа соопштение кое циркулира по меил во кое го опишуваат Тробец како "хуманист и џентлмен кого жените не го разбираа како што хипи движењето не ги разбираше Велвет Андерграунд."
Сепак совеста стигнала по 27 години и чуварите го нашле обесен а велат дека неговото расположение драстично се сменило по смртта на мајка му и напредувањето на ракот на простатата. Да беше жив, монструмот ќе излезеше од затвор во 2014 година.
--- надополнето ---
Монструмот од Ардените
Судењето на Мишел Фурнире, еден од најголемите сериски убијци во модерната француска историја, и на неговата сопруга Моник Оливије, која му била соучесник, почна во Шарлевил-Мезијер, во северниот дел на Франција.
Фурнире признал дека силувал и убил шест девојки, а француската полиција истражува уште 50 сомнителни случаи.
Шеесет и петгодишниот маж ги извршил убиствата во периодот од 1987 до 2003 година во гратчето Шарлевил Мезир. Сите негови жртви биле девојки на возраст од 12 до 22 години. За соучесништво е обвинета и неговата сопруга Моник Оливие. Во 1980 година Фурнире се преселил во Белгија откако во матичната земја одлежал затвор по обвиненијата за воајеризам и напад, но ја преминувал границата за да ги изврши злосторствата. Тој беше уапсен во Белгија во 2003 година, кога се обидел да грабне 13-годишно девојче. Сторените злосторства ги признал во наредната година. Во 2006 година бил екстрадиран во Франција и на полицијата и' ги покажал местата каде што ги скрил телата на убиените девојки. Постојат сомненија дека Фурнет извршил и други убиства, но засега нема докази за тоа Француската полиција истражува уште 50 случаи, чиј сторител би можел да биде „ловецот на девици“, како што Фурнире сам се опиша - изјави претставник на полицијата. Фурнире се запознал со својата идна сопруга додека таа волонтирала во затворот во кој тој ја издржувал казната. Тој и' ветил дека ќе го убие нејзиниот сопруг, а за возврат побарал таа да му помага при киднапирањето девојки. Тука почнало нивното сојузништво. Застанувал на пат во рурални места и чекал да намине некоја девојка. Се претставувал дека е странец и барал помош. Ја убедувал девојката да влезе во автомобилот и да му го покаже патот. Присуството на неговата сопруга го олеснувало грабнувањето. Оливие, на одделно испрашување, и' призна на полицијата дека помагала во киднапирањето иако знаела дека нејзиниот сопруг ќе ги убие девојките. Се предвидува дека судскиот процес на францускиот „ ѓаволски пар “, како што ги нарекоа локалните медиуми, ќе трае најмалку два месеца, а најверојатно ќе бидат осудени на доживотен затвор, најстрога казна во Франција.