Петте најстрашни животни - серијски убијци на луѓе
Погледнете ги најзастрашувачките ретки случаи кога некое животно едноставно систематски убивало многу луѓе.
Нападите врз луѓето од страна на животните со фатален крај се толку ретки што филмот
Ајкула (
Jaws) просто изгледа како неправедно оцрнување на тие интересни рипки. Животните напаѓаат луѓе само ако се чувствуваат загрозени, или ако се навистина гладни, или ако човекот го задева животното со стап. Очигледно животните не се врткаат наоколу прикрадувајќи се и убивајќи луѓе само поради некаква психопатска возбуда.
Барем не повеќето...Знаете,
Ајкула е сниман според вистински настан. Тоа е еден од застрашувачките ретки случаи кога некое животно едноставно систематски убивало многу луѓе. Како што се следниве случаи...
Лавовите Човекојадци од Цаво (The Tsavo Man-Eaters)
Време: 1898 година.
Место: долж 1.000 милји долгата железничка линија која се протегала преку британска источна Африка, наречена „Железничката линија Кенија – Уганда“ (Kenya-Uganda Railway). Бидејќи Британците биле премногу зафатени со пиење чај и решавање на прашања околу градењето на пругата, се ползувале од работната сила на илјадници Сики, од кои што многумина умреле градејќи ја.
Приказната:
Едноставната причина за овие немили случувања била- лошата навика. Животните едноставно се навикнале на дневната порција од човечко месо, лесен плен за гологлавите лавови од Цаво. Така, еден пар мажјаци развиле афинитет кон луѓето, во прехрамбена смисла.
Лавовите човекојадци од Цаво ги тероризирае работннците на железничката пруга Кенија-– Уганда цели девет ужасни месеци.
Како убивале:
Треба да ни биде јасно: овие бизарни лавови-скинхеди не убивале во самоодбрана, ниту штителе територија. Тие се прикрадувале во кампот за време на ноќта, упаѓале во работничките шатори и ги напаѓале заспаните работници, кои врискајќи биле одвлекувани во ноќта. Вистински хорор!
Сите тие долги месеци за време на случувањата, работниците и нивните британски газди се обидувале на секој можен начин да ги сопрат лавовите: испраќале ловџиски потери (при што ловџиите или се враќале со празни раце или и самите биле масакрирани); граделе џиновски огради од трња; поставувале стапици, но ништо од тоа не вродило со плод. Лавовите биле вешти и во надминувањето на пречките исто како што биле вешти и во убивањето – родени убијци. За време на тие крвави месеци лавовите убиле и изеле
135 работници.
Како умреле лавовите:
После сите тие месеци на убивања, прескокнување пречки, огради и избегнувања на стапици како некакви ликови од хорор филм, лавовите човекојадци од Цаво најпосле биле сотрени. Како и во секој добар класичен хорор филм, тие не умреле лесно.
Човекот заслужен за нивната смрт, Џон Хенри Петерсон (John Henry Patterson) го застрелал едниот лав пет пати со пушка со калибар .303 за времето на цел еден ден во рамките на кој што тој бил гонет од лавот. За вториот пак му биле потребни осум куршуми (од кој што едниот директно в глава) за да го убие.
Само да се потсетиме, тие 13 куршуми со кои што биле застрелани двата лава биле испукани во самоодбрана. Не ги ловел тој лавовите, туку тие него. Е сега, или тој бил ужасно лош стрелец, или лавовите навистина му имале пик.
Инцидентот со кафеавата мечка во Санкебеци (The Sankebetsu brown bear incident)
Време: Декември 9- 14, 1915
Место:
Санкебецу, Јапонија. И тоа не онаа Јапонија која што денес ја знаеме, со семожните видео игри и раздвижени мравјалници од вредни и работни луѓе. Во 1915. поголемиот дел на Јапонија го сочинувале мали и летаргични земјоделски заедници.
Приказната:
Едно ноемвриско утро, една кафеава мечка Усури, тешка 360 килограми доскитала на поседот на семејството Икеда во селото Санкебацу Рокусен – сава. Мечката избегала по само неколку минути , но се вратила после неколку дена во соседната куќа и растргнала едно бебе пред да ја одвлечка негувателката на бебето во блиската шума каде што ја изела.
Ловџиска потера тргнала во потрага по мечката во која што мечката била пронајдена и застрелана, но само ранета, по што таа успеала да избега. Следната ноќ мечката повторно се вратила во друга куќа и убила уште тројца. Овојпат, пеесет локални чувари успеале да дотрчаат во куќата за да се борат со мечката. Ако сте гледале хорор филм, имате представа како завршила таа битка.
Мечката-убиец од Санкебацу успеала да избега уште еднаш и да се изгуби во ноќта,.
Начинот на кој што мечката убивала:
Ќе го кажеме следново за оваа мечка: таа не оставала недојаден оброк. Дури и остатоците ги складирала за подоцна. При враќање дома, безуспешната потера нашла остатоци од една од жртвите (глава и делови од нозе) закопани во снегот, за да останат свежи за подоцна.
Во текот на два дена мечката- катастрофа лишила од живот шестмина луѓе (меѓу коишто и една трудница). Дури и луѓето од локалната полиција биле толку преплашени што ги напуштале своите пунктови. Само ветераните од војната со Русија ја имале храброста да останат.
Како умрела мечката:
Локалните власти наскоро сфатиле дека имаат само еден избор – да го повикаат Јамамото Хеикичи (
Yamamoto Heikichi) експерт во лов на мечки со репутација на легенда. За несреќа, Јамамото ја трампал својата пушка за алкохол неколку дена порано. Тој ја одбил молбата со образложение дека тој повеќе би сакал да си го минува времето пиејќи.
На крај, селаните некако успеале да го убедат Јамамото да дојде и да ги спаси од напаста. Како помош му бил доделен и ескадрон од 60 обучени стрелци. Дури и со екипа од 60 луѓе елитни ловци во потера, биле потребни неколку дена за да се улови мечката и да се заврши со неа еднаш за секогаш. При аутопсијата извршена врз мечката биле пронајдени остатоци од жртвите во внатрешноста на ѕверот тежок 379 килограм.
Слонот самотник од Абердер Форест(The Rogue Elephant of Aberdare Forest)
Време: 40-те години од минатиот век.
Место:
Абердер Форест, Британска Иточна Африка (Aberdare Forest, British East Africa). Циркусот и Дизни ги претставуваат слоновите како нежни џинови, а всушност понекогаш нивното однесување личи на однесувањето на дрогиран и збунет адолесцент.
Приказната:
Насилниот африкански слон, познат како
Слонот пакосник од Абердер Форест (
Rogue Elephant of Aberdare Forest) го минувал своето време во повеќемесечно дивеење низ селата и фармите во областа. Слоновите самотници се далеку од тоа да бидат невообичаема појава, но овој сепак бил поголем дибек од останатите самотници.
Слонот избегнал (или убил) неколку локални ловци во повеќе наврати и нападнал повеќе села чисто онака, колку нешто да се прави. Но тој никогаш не напаѓал едно исто село два пати, па така неговите движења биле непредвидливи и било невозможно да му се влезе во трага.
Локалните жители спаот го нашле во Џ.А. Хантер (
J.A. Hunter.), голем ловец на своето време. Познат е како водич на повеќе сафари експедиции во рамките на кои биле убиени преку илјада носорози. Тие го замолиле да им помогне да го најдат и убијат слонот пакосник, и Хантер не можејќи да му одолее на таков предизвик, се согласил.
Како убивал слонот:
Џ.А. Хантер ги документирал своите разговори со домородците за нападите на слоновите самотници. Тој запишал: „Двајца домородци се враќале дома една вечер, кога забележале голема црна маса која стоела неподвижно пред нив во сенките. Луѓето почнале да викаат за да го исплашат и избркаат животното. Одеднаш тоа излегло од сенката и ги збркало со огромна брзина...Човекот кого што слонот успеал да го фати, го згазнал со едната нога, а со сурлата го растргнал на парчиња. Потоа го втапкал трупот во земјата и си заминал.“
Смртта на слонот:
Слонот му бегал на Хантер два дена и намерно ја наведувал потерата на незгоден терен, присилувајќи ги да ползат низ трња и коприви.
На крај, Џ.А. Хантер успеал да докаже дека тој е посупериорната убивачка машина. За време на аутопсијата врз слонот, тој нашол куршум забиен во центарот на нерви во на неговиот десен туск, што според Хантер било причината за насилното однесување на слонот. Со оглед на кариерата на Хантер, во која што тој испотепал едно чудо животни само за забава, човек да се праша, што ли па го мачело Хантер?