Сериски броеви

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Но токму тоа го прави сериски производ. Махиналното повторување го прават Ара папагалите, по фризбито илјада и еднаш ќе истрча добро истренирано куче а на павлов рефлекс реагираат мачките. Луѓето се способни да смислат свој став.

Муабетот ми е, во ситуација каде (еве на форумот се осврна), веќе нема што да се каже, тема која бара дискусија, нема никаква поента да повториш став. Но погледни ја оваа тема, и покрај тоа што повеќето се против “Саториевиот феномен - сериски број“ сите знаат да го искажат тоа што го имаат на свој начин и да додадат по нешто свое па дури и да се спротистават на делчиња кои не им се допаѓаат од истомислениците.
Уствари, целата тема е во поинаков правец од тоа ја што сфатив... ова уствари...

...е поентата на темата, само шо Сатори никад не знае да го пренесе тоа на соговорникот. Не е проблемот што сите ние во глобала на некоја тема ќе наидеме на исто мислење, проблемот е што ако (хипотетички) Дивајн напише дека е против абортус, Викторгг веднаш ќе се сложи со тоа и ќе го поддржи нејзиното мислење. Причини за тоа има илјада. Блиски пријатели, роднини, интимни врски, you name it. Или, едноставно, Псај има кул начин на пишување, Апокалипто ја обожава на форумски начин, и без воопшто да размисли за тоа, уште пред да го прочита мислењето ќе се сложи со истото. Тоа се сериски броеви, и метафората е ептен убаво погодена.
Не, метафората не е убаво погодена.
А, на ваков начин се ствараат предрасуди.
Затоа што самата основа на темата е лабава и лежи на погрешни претпоставки, односно на претходни предрасуди.

Како што ја опишавте работава, секој ебан човек е сериски број. Освен оној кој знае дека е, па не е (намерно е оксиморонов, за да се види парадоксалноста на основниот постулат).

Некои теми се моронски, дебилни, површни и нема што уникатно да се каже на нив. На некои теми е нормално да имаш заеднички став, а идиотски е као да се праиш различен и посебен. Негде едноставно не сакаш да вложуваш напор у размислување.

Зарем ти, Сатори или некој трет за секоја кретенска ствар проаѓате часови во размислување и стварање личен став?
Верувам не.

Али сепак, потикнати од вакви теми се ставате ко арбитар да судите за нечија поводливост и критичко мислење, апстрахирајќи се од ситуацијата. Што е, пак ќе речам предрасуда и заблуда. Која од самобендисаност се ствара.

Сите сме сериски броеви понекогаш. И не сме.
А, вечните пубертетлии кои мастурбираат на својата наводна посебност, често се деструктивни, и тоа и на општествено ниво, ако им се даде моќ.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не, метафората не е убаво погодена.
А, на ваков начин се ствараат предрасуди.
Затоа што самата основа на темата е лабава и лежи на погрешни претпоставки, односно на претходни предрасуди.

Како што ја опишавте работава, секој ебан човек е сериски број. Освен оној кој знае дека е, па не е (намерно е оксиморонов, за да се види парадоксалноста на основниот постулат).

Некои теми се моронски, дебилни, површни и нема што уникатно да се каже на нив. На некои теми е нормално да имаш заеднички став, а идиотски као да се праиш различен и посебен. Негде едноставно не сакаш да вложуваш напор у размислување.

Зарем ти, Сатори или некој трет за секоја кретенска ствар проаѓате часови во размислување и стварање личен став?
Верувам не.


Али сепак, потикнати од вакви теми се ставате ко арбитар да судите за нечија поводливост и критичко мислење, апстрахирајќи се од ситуацијата. Што е, пак ќе речам предрасуда и заблуда. Која од самобендисаност се ствара.

Сите сме сериски броеви понекогаш. И не сме.
А, вечните пубертетлии кои мастурбираат на својата наводна посебност, често се деструктивни, и тоа и на општествено ниво, ако им се даде моќ.
Вака не си била офанзивна одамна... честитам за таа промена. :smir:

(Болдираното) Сатори и некој трет, знам ама нема да кажам дали поминуваат часови за секоја ствар... ама јас знам дека ако седнам и напишам нешто, или седнам со тебе на маса и се муабетам нешто, нема да ти седам од карши и да ти кимам со глава на све што ќе кажеш, пошто за све и не можам да имам ист став со тебе. Ама ако се деси тоа, онда сум сериски број, токму тоа. Оригинално пакетче Дурекс и после тоа имаш 001, 002, 003, 004... :helou:

Второто болдирано... Не знам дали ме читаше до сега, ама темата не ја сфатив во тој правец, или барем ја форсирам во друг (мое демократско право:) ). Опседнатоста со посебноста не ми беше никаде тема на муабет, но ако веќе имаш толку мерак да ми пререкуваш за тоа, еве шо реков на втората страна...
Викторгг напиша:
Проблем настанува, како што веќе некој кажа на темата (не, ова не е копирање, а и да е, ме заболе), кога луѓето по секоја цена сакаат да бидат уникатни, односно да бидат креатори на мислење а не поддржувачи. Тогаш се создава вештачка, префорсирана “посебност“ од која нема потреба, и која изгледа полошо дури и од серискиот тип на размислување.
Инаку денеска си претерала со дружењето со сарказмот и не си веќе религиозна или нешто друго е во прашање? :smir:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Вака не си била офанзивна одамна... честитам за таа промена. :smir:

(Болдираното) Сатори и некој трет, знам ама нема да кажам дали поминуваат часови за секоја ствар... ама јас знам дека ако седнам и напишам нешто, или седнам со тебе на маса и се муабетам нешто, нема да ти седам од карши и да ти кимам со глава на све што ќе кажеш, пошто за све и не можам да имам ист став со тебе. Ама ако се деси тоа, онда сум сериски број, токму тоа. Оригинално пакетче Дурекс и после тоа имаш 001, 002, 003, 004... :helou:

Второто болдирано... Не знам дали ме читаше до сега, ама темата не ја сфатив во тој правец, или барем ја форсирам во друг (мое демократско право:) ). Опседнатоста со посебноста не ми беше никаде тема на муабет, но ако веќе имаш толку мерак да ми пререкуваш за тоа, еве шо реков на втората страна...


Инаку денеска си претерала со дружењето со сарказмот и не си веќе религиозна или нешто друго е во прашање? :smir:
Благодарам, само што го гледав Dr.House, па добив наплив на позитивизам (серски филм, карактер кој толпата сериски го обожава, па тема за сериски броеви..не е случајно:pipi:).

Него, поентата ми е дека секој од нас, ама секој, во одредени ситуации, што од индиферентност и незаинтересираност, што од замор, и мал милион други разлози, се става у махинален мод на размислување и не се труди да биде особено аналитичен.
Значи, нема исклучок од ова. Секој ебан човек.

И ќе беше ок ако се дискутираше што е она што не тера понекогаш да се однесуваме ко сериски броеви и сл.
Али со самиот првичен пост на темава, конкретно со овие прашања:
Дали воопшто ги приметувате сериските броеви?
Дали сте еден од нив?
Или што кога едноставно, размислувате различно од другите, која е казната или благодетот што ве ставаат во ранг на екцентричност?
Крајно, најинтригантното прашање за мене, како може воопшто да се цени мислењето на серискиот број кога сепак не е негово?:raz:
...се носи суд, се дава квалитативна оцена, се етикетираат наводни сериски броеви кои се као со мањи квалитет од оние висококвалитетните есцентрични (oh my...)
И опа предрасуда. Баш пошо се заборава дека и авторот на темата, и Ниче и секој еден вонсериски тип бива сериски број понекогаш.
Па како може тој да се дистанцира и да суди?
 
С

Сатори

Гостин
И ќе беше ок ако се дискутираше што е она што не тера понекогаш да се однесуваме ко сериски броеви и сл.
Али со самиот првичен пост на темава, конкретно со овие прашања:
...се носи суд, се дава квалитативна оцена, се етикетираат наводни сериски броеви кои се као со мањи квалитет од оние висококвалитетните есцентрични (oh my...)
И опа предрасуда. Баш пошо се заборава дека и авторот на темата, и Ниче и секој еден вонсериски тип бива сериски број понекогаш.
Па како може тој да се дистанцира и да суди?
Ако сакаш да гледаш на темава како на место каде што ќе се бранат нечии „прекршени права“ тоа е твоја демократска слобода, што би рекол Виктор.Но факт е дека сите ги разбираме работите на различен начин, ако ти на ова гледаш како на место каде што се создаваат стереотипи, јас гледам како на место каде што може да се разјаснат причините зошто луѓето едноставно понекогаш имаат потреба да се стопат со мнозинството без сами да размислат дали тоа е вистинската работа за нив.

Јас неколку пати на темава тоа го потенцирав, ако не сум била јасна со мојот прв пост, бев со наредните верувам.Затоа ако имаш да дадеш допринос за тоа што го предизвикало феноменот, што мислиш за него и како се перцепира тоа од твоја страна без напади, повели, ако немаш немој да создаваш напната дебата!

Фала, пријатно!:back:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Мислам поентата е што со сериските броеви,а не како да ги наоѓаме во хипотетички ситуации.

Но сепак,интересно е што толку лично си ја земате темата,гледам бар повеќето:icon_redf
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Причини за тоа има илјада. Блиски пријатели, роднини, интимни врски, you name it. Или, едноставно, Псај има кул начин на пишување, Апокалипто ја обожава на форумски начин, и без воопшто да размисли за тоа, уште пред да го прочита мислењето ќе се сложи со истото. Тоа се сериски броеви, и метафората е ептен убаво погодена.
Не издавај бе :icon_lol:

... зошто и не би се сложил со нејзините мислења, баш има добри сфаќања и постови во кои кажала се што и јас би сакал да кажам на некоја тема, но се разбира не се сите постови такви, имам и јас мој начин на размислување и творење што ме прави мене (колку толку) инаку никој со малку ум во себе не би се сложил или би прифатил нешто на невидено колку и да е тој/таа сериски број.
Мислам поентата е што со сериските броеви,а не како да ги наоѓаме во хипотетички ситуации.
Е, што со нив... концентрациони логори?
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ако сакаш да гледаш на темава како на место каде што ќе се бранат нечии „прекршени права“ тоа е твоја демократска слобода, што би рекол Виктор.Но факт е дека сите ги разбираме работите на различен начин, ако ти на ова гледаш како на место каде што се создаваат стереотипи, јас гледам како на место каде што може да се разјаснат причините зошто луѓето едноставно понекогаш имаат потреба да се стопат со мнозинството без сами да размислат дали тоа е вистинската работа за нив.

Јас неколку пати на темава тоа го потенцирав, ако не сум била јасна со мојот прв пост, бев со наредните верувам.Затоа ако имаш да дадеш допринос за тоа што го предизвикало феноменот, што мислиш за него и како се перцепира тоа од твоја страна без напади, повели, ако немаш немој да создаваш напната дебата!

Фала, пријатно!:back:
Не ја постави така темата и тоа е евидентно.
А, за таква дискусија, какво што сега велиш дека очекуваш, нагласив дека сум за уште во претходниот пост.
Мада причините за т.н сериско понашање се прилично банални и веќе ги наведов...Немање интерес за одредена проблематика, кој прави да прифатиме некој генерален, мнозински став, психички умор, кој повторно ни наметнува да се согласиме со масата и сл.
Сепак, верувам дека никој човек не се понаша "сериски" кога нешто длабоко и вистински го интересира, туку итекако ствара критички став. But the again, за некои суштинска работа е Ниче, за друг типот/цурата од зграда, за трет неговото здравје итд. Па, така секој си ствара сфери каде е итекако луциден и инволвиран, а останати каде ич не му чуе и прифаќа готови ставови.
Се на се, кога има рамнодушност и незаинтересираност, има и сериско однесување. Но, не и типови на луѓе кои во секој сегмент од животот се однесуваат така.

Инаку, по природа не сум млак човек, ниту дискутирам за нешта кои не ме занимаат, па затоа пројавувам соодветен интензитет. Ако на некој му смета...епа, ќе мора да се носи со тоа, затоа што ете, јас така се изразувам. Демократијата присутна и тука ми дава право на глас и став, а ЕУ не научи дека демократските права не смеат да се кршат:nesum:
 
С

Сатори

Гостин
Е, што со нив... концентрациони логори?
Многу, многу далеку од тоа, можеби обид да се укаже дека понекогаш е подобро свое лично решение, отколку нечие туѓо.
Секако, тоа е благо невозможно да се постигне на сите полиња, да, ама е возможно за оние полиња кои на персоната и се битни.

Ада, мене воопшто не ми смета што ревносно ги браниш своите ставови, патем, благодарам што го посочи своето размислување на темава концизно.Ако сум била нејасна во првиот пост, се надевам дека во наредните сум ја исправила таа грешка.Сепак една дискусија не може да се базира само на 10 првични реченици.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Многу, многу далеку од тоа, можеби обид да се укаже дека понекогаш е подобро свое лично решение, отколку нечие туѓо.
Секако, тоа е благо невозможно да се постигне на сите полиња, да, ама е возможно за оние полиња кои на персоната и се битни.
Во тој случај е барем лесно, ќе им се укаже на тоа дека не вреди да се copycats т.е дека треба да бидат и малку свои, да отстапат од слепото држење до тоа што друг го кажал или направил, да научат дека грешеле. А не да се отфрлаат и по нив да се "фрла" со дрва и камења само затоа што се однесувале како на нив омилениот им идол, сепак ни прстите на рката не се исти сите имаат разлики и покрај тоа што нив ги поврзува една рака или мислење сеедно.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
(Болдираното) Сатори и некој трет, знам ама нема да кажам дали поминуваат часови за секоја ствар... ама јас знам дека ако седнам и напишам нешто, или седнам со тебе на маса и се муабетам нешто, нема да ти седам од карши и да ти кимам со глава на све што ќе кажеш, пошто за све и не можам да имам ист став со тебе.
Многу нормално дека за теми на кои веќе имаш изградено став или допрва се запознаваш со нив, па те заинтригирале и си почнал да го градиш мислењето, дека ќе подискутираш со мене, ќе ми контрираш, ќе разглабаме.

Ама тоа за кое што јас, Батистута, Ада и не знам уште кој зборевме, е дека е невозможно еден човек да е способен да изгради став на секоја тема од секоја област од животот. Секој си има сфери на интерес, познати сфери кои не му будат интерес и непознати сфери.

Па така, не можеш да кажеш дека ако ја те седнам на маса и почнам да ти зборам за дешавкиве околу ЦЕРН, а ти никогаш не си чул за тоа (хипотетички), дека ќе ми извадиш лап-топ набрзинка интернетски да се образуваш и ќе ми речеш: „помуабети си ти со шанкерот, дур основам јас мислење“. :icon_lol:

Некои области едноставно не не засегаат и логично е да не ни е приоритетно да се замараме да основаме мислења за нив.
Мислам поентата е што со сериските броеви,а не како да ги наоѓаме во хипотетички ситуации.
Да почнеме да ги избегаваме, а? Може ќе се освестат.

Многу, многу далеку од тоа, можеби обид да се укаже дека понекогаш е подобро свое лично решение, отколку нечие туѓо.
Обид да се укаже? Како ќе го изведеш тоа? Ќе одиш од врата на врата, од профил на профил и ќе им викаш: „Слушај, ова строго добронамерно, ај ако сакаш земи едитирај си го тој и тој пост пошто дава слика ко да си сериски број, молимте одвој саат-два да размислиш на темата и да донесеш личен став, пошо ова е трагично“. Вака сигурно не. :icon_lol:

А и да, што е трагично воопшто кај овие ваши сериски броеви? Што ако некој некогаш ископирал нечие мислење, одбил да основа свој став, цитирал некого и рекол „И ја се слагам“? Ќе затупе ли светот така? Нема ли да напредуваме?

Пошто тука го разработувате ко проблем, кој јас не го воочувам.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Зошто пак ако некој има исто мислење со некого,треба да се нарече сериски број..Па има толку многу луѓе,и не може сите тие различно мислење да имаат на секоја тема..А особено пак тука на форум,каде што е дадена основата на некоја тема,или каде што те ограничува со неколку одговори,не може да се развие и некоја поголема дискусија во врска со своите размислувања и ставови..Можеби јас имам со некој исто милење за некоја тема,но размислувањето,причината зошто го донесов тој заклучок,не мора да бидат ни слични како неговите размислувања,а тоа е доволно да ме направи поразличен од некого,а секако од искажаното мислење не може да се открие тоа...Тоа ти е како кога ги гледаш луѓето..Ако ги гледаш само основното,тие сите се исти,луѓе,со две раце со две нозе,коса и.т.н.Но кога ќе почнеш по детално да разгледуваш,ќе видиш дека сепак постојат огромни разлики меѓу нив,без разлика дали се работи за боја за очи коса,висина и.т.н..
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Се согласувам со другите , но ќе си кажам и мислење ... можеби некогаш ќе сум во право некогаш не ама никогаш не ги потценувам туѓите мислења
 
С

Сатори

Гостин
Па така, не можеш да кажеш дека ако ја те седнам на маса и почнам да ти зборам за дешавкиве околу ЦЕРН, а ти никогаш не си чул за тоа (хипотетички), дека ќе ми извадиш лап-топ набрзинка интернетски да се образуваш и ќе ми речеш: „помуабети си ти со шанкерот, дур основам јас мислење“. :icon_lol:
Некои области едноставно не не засегаат и логично е да не ни е приоритетно да се замараме да основаме мислења за нив.
Кога не се замараме со одредена област тогаш не ни даваме наше наводно мислење за истата.Разговорот, постот, ставот оди во правец на нешто што не интересира да.
Ајде нека негира некој дека има луѓе кои што си го бутаат носот во работи кои што не се во нивно поле на интерес (или барем не би требало да бидат) и даваат сериско мислење.
Тоа се оние броеви од кои мене ми се гади а вас ви се невини луѓе кои што сепак немаат зошто да размислуваат со своја глава зошто тоа не им е во интерес, а можат да се прават паметни на секоја втора тема.Мајката?
А и да, што е трагично воопшто кај овие ваши сериски броеви? Што ако некој некогаш ископирал нечие мислење, одбил да основа свој став, цитирал некого и рекол „И ја се слагам“? Ќе затупе ли светот така? Нема ли да напредуваме?
Пробај да бидеш како некоја другарка твоја која што животот го живее од она што ќе и го каже Космополитен и кажи ми што е тука лошо?
Може така?
И немој со срања како секој си има свое право, бла, бла, си има де, имам и јас да ги презирам оние кои што немаат ни Ј од ЈАС.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Пробај да бидеш како некоја другарка твоја која што животот го живее од она што ќе и го каже Космополитен и кажи ми што е тука лошо?
Може така?
И немој со срања како секој си има свое право, бла, бла, си има де, имам и јас да ги презирам оние кои што немаат ни Ј од ЈАС.
Е што е лошо де? Јас стварно не разбирам. Космополитен знае да даде и корисни совети :icon_lol:

Што е тоа што тебе те прави со свое ЈАС, а другарка ми со Космополитенот без? Што те прави тебе подобра, попаметна, поинтелигентна, попосебна, по...среќна?

Што е тоа што го образува твоето „јас“, а кое другарка ми го нема? Според што воопшто си заклучила дека имаш свое јас, за разлика од неа?

Кога ќе ми ги одговориш прашањава, може и ќе дебатираме.
Вака, ќе си остане на едно хипотетичко твое „јас“ и една замислена моја другарка што чита Космополитен.
 
С

Сатори

Гостин
Што е тоа што тебе те прави со свое ЈАС, а другарка ми со Космополитенот без? Што те прави тебе подобра, попаметна, поинтелигентна, попосебна, по...среќна?
Што мене ме прави подобра, попаметна, попосебна е она што мене ме прави ЈАС, тоа варира од субјективната перцепција на човекот, ако за мене Анџелина Џоли е врвот на жените за тебе можеби ќе биде Деми Мур, голем курац, не е тоа поентата на темава.
Е сега, своето ЈАС се создава со генерирање на сопствени ставови, јас до моите сум дошла преку каков таков мисловен процес, другарка ти дошла до нив преку копирање на нечии други идеи за масовно производство.
Ај направи ми ја разликата те молам, јас не можам да ја увидам.
Што е тоа што го образува твоето „јас“, а кое другарка ми го нема? Според што воопшто си заклучила дека имаш свое јас, за разлика од неа?
Истото прашање си го поставила!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom