PSYtisfaction
Царевата ќерка
- Член од
- 30 јуни 2006
- Мислења
- 3.922
- Поени од реакции
- 527
Па алелуја, тоа ти зборам цело време. Сега се негираш некако, како тоа јас да ти ја правам разликата, ти си таа што тврдеше дека има разлика меѓу тебе (индивидуалистот со свое јас) и другарка ми (што следи совети од Космополитен).Е сега, своето ЈАС се создава со генерирање на сопствени ставови, јас до моите сум дошла преку каков таков мисловен процес, другарка ти дошла до нив преку копирање на нечии други идеи за масовно производство.
Ај направи ми ја разликата те молам, јас не можам да ја увидам.
Ако ме прашуваш мене, меѓу вас две и нема некоја драстична разлика. Нормално, различни сте карактерно итн., ама во поглед на уникатност, свое јас, феномен на сериски броеви, јас не ве гледам од две различни страни.
Тоа е затоа што никој не се родил учен и секој мора да биде поттикнат за да почне да развива идеи. Имено, ако другарка ми дошла до своите ставови преку копирање на идеи од Космополитен, тогаш ти си дошла до твоите ставови преку копирање идеи од Алан По или Петрарка, сеедно. Далеку од тоа дека ги изедначувам Космополитен и Алан По; поентата ми е дека сите ние градиме ставови врз основа на некои веќе постоечки идеи за масовно производство.
Единствената разлика меѓу тебе и другарка ми во случајов е што ти имаш подобар вкус за литература.
