Тоа јас лично го сметам за слабост, да мораш да го прилагодуваш својот карактер или во драстични, крајни случаи трајно да го измениш само за да бидеш прифатен од околината.А што е со сериските броеви кои мора да се такви за да не наидат на осудување од останатите?
Да учиш од некој не е да бидеш негова копија!Што е со тие кои ништо незнаат и мора да учат од другите и автоматски стануваат копија на некој?
Моето лично мислење е дека така ќе пропадне општеството.И за крај што ќе се случи ако и во реалност почнеме да се копираме еден од друг, онака целосно без никакви варијации во копирањето, ќе создадеме ли подобро место за живеење?
Таму ми е уште една поента на темава.Не,темата стои за копии,а копии се јавуваат од повеќе причини,не е само твојата.
Интригантно е тоа што ти ги браниш и оправдуваш,а целото нивно размислување се темели за они да размислуваат како што размислуваат прифатените.
Притоа претпоставката дека општеството ги диктира правилата спрема мнозинство,а не према објективни причини од кои може да заклучиме добро/лошо,се губи целиот мерен систем.
А ако индивидуата тоа не го гледа,како прво,и се плаши од тоа да мисли,како второ,тогаш тоа е веќе разјаснето,стравот го прави своето.
Е затоа не вреди да дискутираме за нив,се е јасно.
Мене напротив многу ми се допаѓа, на совршен начин ми го опишува човекот што нема сила да мисли разумно туку се води по она што го мисли толпата.И мене не ми се допаѓа овој назив=сериски броеви, но сепак постојат и такви луѓе како некој што пиша погоре кои прават и мислат онака како и мнозинството.
Јас ги препознавам по тоа што се појавуваат како карактери кои што немаат способност за размислување.Ме интересира како ги препознавате "сериските броеви" ,можеби тие навистина се сложуваат со мнозинството и тоа е нивен став, а и да не е тие се декларираат дека тоа е нивен став .
Прво, навистина морам уште еднаш да кажам дека ми смета што некои луѓе се нарекуваат сериски броеви. Како може еден сложен човек да е прост број? :jaj:Што мислите за овие типови на луѓе?
Сериските броеви кои што секогаш размислуваат така како што размислува толпата, што би рекол Ниче, има само еден пастир и само едно стадо, тие што се различни доброволно заминуваат во лудница, но сепак, пластично да објаснам за да не дојде до недоразбирање:
Се отвара тема еве во Општи муабети и 90% од мислењата ќе бидат слични, ако не и исти, напишани од еден човек со различен ник.
Еве пример и со карактер. Ако некоја група луѓе се добри и чесни, а јас истото го одобрувам и сум иста таква, значи ли дека сум сериски број? Пак не би рекла.Тоа јас лично го сметам за слабост, да мораш да го прилагодуваш својот карактер или во драстични, крајни случаи трајно да го измениш само за да бидеш прифатен од околината.
Никој не кажува дека сме сите исти, но мене страшно ме интересира како замислуваш сите да бидеме различни? Различни во што? Како може никој со никого да не најде никаква сличност?Да, сите ние мораме да бидеме дел од општеството и да ги почитуваме правилата за да можеме да егзистираме во него, но да бидеме сите исти и да ги имаме комплетно истите ставови, сфаќања и идеи.
Тоа е веќе сериско производство.
Па според тоа што ти го тврдиш, тоа се токму копиите за кои зборуваме. Ако јас од мама сум научила каков човек да бидам, сигурно сум и нејзина копија, не? Мислам, ако не сум нејзина копија, од некој друг човек со кого ќе се сложам за одредена работа, уште помалку сум.Да учиш од некој не е да бидеш негова копија!
Ти си копија на твоите родители затоа што си учел од нив, на твоите професори затоа што ти пренеле одредено знаење?
Не мислам.
А во кое општество нема спротивности? Значи пак сакам да прашам, на што мислиш кога пишуваш "сериски броеви". Ако се сериски броеви, помешани со вакви муабети, сакаш ли да кажиш дека еве ние сите сме исти или копии од еден човек?Моето лично мислење е дека така ќе пропадне општеството.
Спротивностите се тие што го движат и што создаваат.
Значи ако мојот став е сличен или ист со твојот, јас не сум размислила со своја глава? Претходно некако само тоа го потенцираш, за наеднаш да кажеш дека сепак бројот не е сериски доколку претходно сам не го размислил нештото. Ова повторно ме збунува. Во тој случај, за кого правиме муабет? Од каде знаеме кој "број" размислил, а кој не? По што ги распознаваш ти бројките од луѓето?Таму ми е уште една поента на темава.
Размислувањето со сопствена глава е она што е битно, дури и ако генерираш сличен став како оној на твојот најголем пријател или непријател ти си го донел заклучокот преку процес на размислување.
Не си го прифатил само за да бидеш прифатен.:jaj:
Стоп, еве одговор на дел од моето прашање, иако не го сфаќам пак. Ги препознаваш "бројките" по тоа што се појавуваат како карактери кои што немаат способност за размислување. Какви карактери се тоа?Јас ги препознавам по тоа што се појавуваат како карактери кои што немаат способност за размислување.
Понекогаш е доволен еден разговор за да се примети таков тип на човек, но хеј, секогаш има можност за грешка.:smir:
Ако некој човек прифати нечиј став, не значи дека не размислил, па одлучил дека сака да го прифати.Луѓето имаат обичај да прифаќаат туѓи мислења затоа што е поедноставно, не ги придвижуваат своите виуги, туку веруваат на збор, особено ако тоа (што и да е) им го каже некој кој за нив е авторитет. Па потоа истото го прераскажуваат понатаму со што стануваат буквално сериски број. Копија на првиот примерок.
Нема што да се разбере всушност. Збрка и напор е темава:smir:Незнам дали мислиме на истото или на сосема друго и незнам дали точно в разбрав..и то![]()
Ама битно си ја постигнал целта... сите околу него биле заостанати, а тој ја постигнал уникатноста...Резултатот на неговите стремежи - полудел и зборел со коњи на улица. Колку оригинално и вонсериски.
Ама тоа се само нијанси. Суштината е една и иста.Ада во филозофија и психологија рече (парафразирам):Блазе си ви на леснотијата со која живеете!Да,блазе им,со која леснотија го прифаќаат животот,можеби е навистина полесно друг да мисли за тебе.Така ќе се стопиш со толпата и толпата ќе те стопи тебе.Размислување во граници,се понатаму е губење време,и онака мнозинството нема да го прифати,а што е мнозинството тоа си и ти.
Генерално сите сме од ист калап,луѓе со две раце и нозе,плус мозок.Генерално сите припаѓаме во некоја група,класификација.Но сепак се разликуваме во нијансите,кај некого има широка лепеза,кај некој има само црно-бела комбинација,а кај некој само една боја,што ќе му се останатите.
Правејќи се уникатен ќе завршиш во штала.Форсирано издвојување од толпата е незрело.Но сепак сржта е прилично идентична,не е целосна.Како и да е, агресивното наметнување на нечија т.н уникатност е незрело и, повторно, самобендисано. И најчесто е одлика на адолесцентите кои се обидуваат да се изградат како личности, па си бараат модел, за кој ќе сметаат дека е посебен, иако реално, баш и нема "посебни" нешта, туку се се сведува на типологии. Да, постојат типови на луѓе, карактери итн, кои се разликуваат. Но, целовитоста, сржта на нештата, е прилично идентична.
90% е претеран процент, ама ајде.Се отвара тема еве во Општи муабети и 90% од мислењата ќе бидат слични, ако не и исти, напишани од еден човек со различен ник.
Како тоа не е негово? Ако он го кажал, негово е, без оглед на тоа колкумина го кажале пред него.Крајно, најинтригантното прашање за мене, како може воопшто да се цени мислењето на серискиот број кога сепак не е негово?:raz:
Фино кажано.Секој човек си има свои сфери на интересирање во животот, за работи што се вон тие полиња најчесто го прифаќа општоприфатеното мислење од причина што нема мотив што ќе покрене реакција да изгради свое. Најчесто и махинално. Тоа воопшто не го прави сериски производ.
Човек си, припадник си на една врста, и сакал ти или не, сличен си на останатите.
Не, не си посебен и уникатен.
Со самиот почеток на темата Трн го кажа другиот дел од огледалото, а јас кога ја поставував темата не алудирав на посебност, оригиналност, туку на тоа дека е појавата на „слепо следење на лидерот“ е се пораспространета и пораширена.Сите ние сме сериски броеви, на еден или на друг начин. Апсолутно секое човечко битие. Никој не е посебен.
Она што јас го наоѓам за одвратно и репулсивно е фактот дека понекогаш луѓето воопшто не се трудат да размислат за конкретниот случај, туку само ги прифаќаат готовите решенија без воопшто да вложат напор во нивното анализирање.Генерално сите сме од ист калап,луѓе со две раце и нозе,плус мозок.Генерално сите припаѓаме во некоја група,класификација.Но сепак се разликуваме во нијансите,кај некого има широка лепеза,кај некој има само црно-бела комбинација,а кај некој само една боја,што ќе му се останатите.
Секој може да биде и оригинал и копија ако има желба за тоа.Сократ го учеше Платон, а Платон Аристотел, нивните филозофски уверувања ако добро се разгледаат се светлосни години разлика, а сепак имаат сличности.Тргни од тоа дека не постои оригинал, за да би постоела копија.
Мене па не ме нервирКаат овие твоиве копии, туку членови што се пренамагаат и глумат лудило за да испаднат интересни, поразлични и да паднат во очи.
Но токму тоа го прави сериски производ. Махиналното повторување го прават Ара папагалите, по фризбито илјада и еднаш ќе истрча добро истренирано куче а на павлов рефлекс реагираат мачките. Луѓето се способни да смислат свој став.PSYtisfaction напиша:Плус и ова...Batistuta напиша:Секој човек си има свои сфери на интересирање во животот, за работи што се вон тие полиња најчесто го прифаќа општоприфатеното мислење од причина што нема мотив што ќе покрене реакција да изгради свое. Најчесто и махинално. Тоа воопшто не го прави сериски производ.
...е поентата на темата, само шо Сатори никад не знае да го пренесе тоа на соговорникот. Не е проблемот што сите ние во глобала на некоја тема ќе наидеме на исто мислење, проблемот е што ако (хипотетички) Дивајн напише дека е против абортус, Викторгг веднаш ќе се сложи со тоа и ќе го поддржи нејзиното мислење. Причини за тоа има илјада. Блиски пријатели, роднини, интимни врски, you name it. Или, едноставно, Псај има кул начин на пишување, Апокалипто ја обожава на форумски начин, и без воопшто да размисли за тоа, уште пред да го прочита мислењето ќе се сложи со истото. Тоа се сериски броеви, и метафората е ептен убаво погодена.Лејди Сатори напиша:Она што јас го наоѓам за одвратно и репулсивно е фактот дека понекогаш луѓето воопшто не се трудат да размислат за конкретниот случај, туку само ги прифаќаат готовите решенија без воопшто да вложат напор во нивното анализирање.