Серии од нашите телевизии :)

_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
Првпат ја отварам темава , читам првите постови има што да видам ... JAG. :vozbud:Еден куп емоции и спомени ме спопука у секунда.
Човече , сум киснел пред Тв, и репризите ги гледав. Серииште:cuc:
Ќе мора пак да ја изгледам , само да најдам слободно време .


Од анимираните , морам да ги споменам Ракуните или како и да се викаче цртанот, и оној Вселенски ренџери мислам дека беше.Балтазар ,Пожарникарот Сем , Грашкоград,оној со чевлите Shoe People ,Грашковци,Кире Бананамен,Ла линеа ,Мечето Ушко, Pacha e les Chats,Le Piaf,The FlinstonesТом и Џери,Були були,Калимеро, Штреумфови, Атомска Мравка,Џивџи и стариот мачор , (Сем и тетка Биберче ,незнам каок се викаше цртанот) ... овие воедно ми се спомени од најраното детство.
Gustavus нез кој период од детството сум го лгедал , ама ептен интересен ми беше.
Kids next door, Samurai Jack, ТМНТ,MegaXLR, Dexter, Ed Edd & Eddy, Courаge , малтене све што идеше на стариот CN, не ова срањево шо го има сега.
Баш сега и на овој се сетив Kris Kolorado .

Драгонбол,Покемон,Хајлендер и Дигимон се подразбираат по дифолт :D.И South park ,мада тука веќе пораснав :P, а и ден денес сеуште гледам
Н
а Unsolved Misteries понекогаш се ѕверосував,ама едвај чекав следна епизода
И Tales of Souther Sea ми беше ептен интересна , покрај Simbad и Херкулес(оној стариот)
А -тимот пак да не го спомнувам, на една локална телевизја го утепаа од вртење .И некој од репликте на памет ги знаев.
Dream Team , фудбал и јаки гумици :свиркам:

Стандарндата летна ТВ шема на Сител, Квантен скок, Херкулес и Супермен, а потоа Ultimate force.Минатото лето баш се сетив на серијава.Ја прегледав пак одпочеток, + преостанатите 2 сезони кој не ги емитуваа на ТВ.



Од нашиве,Волшебното самарче , Белото циганче,Курирот на Гоце, Тврдокорни,Булки крај шините,Трст виа Скопје, Салон Хармони,Погрешно Време,Народни приказни и уште доста работи.

И докуменрарки гледав доста, ептен во сеќавање ми е Дивиот свет на Америка , доста време ја вртеа на МТВ.
Од она ток шоуата Џери Спринегер беше актуелен тој период .

Една од подобритe , барем според мене беше Nash Bridges


И Комесарот Рекс ми беше меѓу омилените.

Ало Ало, и ден денас знам понекогаш да пуштам и да се скинам од смеење.

И Charmed ја гледав ...Алиса Милано ... :love:.Judging Amy замалце ќе ја заборавев
Texsas Renger со Џак Норис, неможам да не го споменам.


Гледав и Rebelde Way, неверувам дека има некој што не ја гледал.

Драгонбол,Покемон,Хајлендер и Дигимон се подразбираат по дифолт :D.И South park ,мада тука веќе пораснав :P, а и ден денес сеуште гледам
Acording to Jim беше доста интересна ствар :pos:,Third rock from the sun, Spin City, и секако легендарните Friends.
И Одпишани гледав , и Камиоџии , и Жикина династиа.

Шпанскиве беа она што се турските за овие генерации.Ќе излажам ако кажам дека не сум гледал некој од нив, бидејки мајками скоро сите ги гледаше.Со Касандра се научув да читам, баш тој период тргнав на школо.Ама тогаш не беа синхронизирани, ми се чини од таму научув да разбирам шпански\аргентински\латино американски.:D

Тоа е се што ми текнува сега и кога ќе подразислам, сум гледал далеку поквалитетна програма во однос на глупостите што се даваат денес.Ги жалам денешниве генерации искрено.
.
П.с Нечудете се ако добиете нотификација за лајк на пост од пред 100 години :)

П.п.с Се сеќава некој на онаа постапокалиптична серија, каде преостанатиот дел од население на земјата се дели на племиња , па војуваат меѓу себе .На Мтв идеше мислам .
Исто и еднен цртан филм, бразилски мислам беше , со детето што играше фудбал со магичната и жива фудбалска топка.
 
Последно уредено:

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Цела тема сум ја прегледала од почеток :D Многу ми е мило што видов некои на кои не би ни текнало никогаш... Некои од тие и прв пат ги гледам.
Многу од видеата не работат веќе, би било убаво да сте пишувале и текст со клипчињата и сликите. Како и да е, мислам дека има неколку што не ги спомнал никој :P

Summerland :D Jesse McCartney го засакав тогаш. Знам дека е малку покасно, ама пак ја рачунам во детство :D
Saved by the bell. Исто мислам дека идеше на некоја наша.
Другата во мене. Ја обожавав оваа!

Од цртаните,
The Mask. Најомилена ми беше мислам. Уствари, сигурно тоа можам да го кажам за пола од овие овде :LOL: Сссссссссмоукин :cool:
The Jetsons. Meet George Jetson :D Ги обожавав со сите гаџети и футуристички изгледи. :love:
Pinky and the Brain. What are we going to do today Brain? Same thing we do everyday Pinky. Try to take over the world! :ROFLMAO:
Animaniacs.

Имаше една серија со близнаци, машки, имаа многу јака меѓусебна конекција. Сонуваа исти работи и може да си кажат нешто телепатски мислам. Мислам дека беа во интернат некој, памтам сите носеа униформи. И мислам нешто се имаше случено со нивните родите, дали сообраќајка или така нешто. Ја даваа во времето со Судиката Ејми. Дури мислам и едно по друго беа, ама на различни канали. Нешто што ептен запамтив од серијата е дека двајцата учеа различни предмети и кого и да прозваа, стануваше тој што знаеше :pos:Ради нив сакам да имам близнаци :icon_lol: Ама никако да најдам нешто на гугл :place:
Исто така имаше и една италијанска, врска немам за што се работеше, баба ми ја гледаше :LOL:

Еве јас што памтам дека имам гледано од набројаните:
Од сериите : Tropical Heat, Rebelde Way, Касандра, Rex, Hercules, Superman, Muneca Brava (Дивиот Ангел), Sabrina the teenage witch, Thunder in Paradise, Kачора, Judging Amy, Клариса, JAG, Sunset Beach, A-Team, Power Rangers, Quantum Leap, 7th Heaven, The outer limits, Cyberkidz, Heartbreak High, Наше маало, Македонски народни приказни, Во светот на бајките, My so-called life, Party of 5, Robocop, Rambo, Charmed, Умни глави, Pacha et les chats, Full House, Lazos de amor, Rosalinda, O Clone, Moonlighting...
Цртаните : Scooby Doo, The Flinstones, Pink Panther, Speedy Gonzalez, Powerpuff girls, Dexters Laboratory, Courage the cowardly dog, Johnny Bravo, Kids Next Door, The Adams Family, Tiny Toon Adventures, Tom & Jerry, The Mask, Bugs Bunny, Мечето ушко, Њу погоди, Баљум Баљум, Le piaf, Були, Балтазар, He-man, Штрумфовите, Којотот и брзата птица итрица, Пајо паторот, Fireman Sam, Shoe People, Грашковци, Бананамен, Calimero, Iznogood, Atom ants, Gustavus interiority complex, Mumbly, Полетарац, The land before time, Teenage Mutant Ninja Turtles...
Емисии : Дајте музика, Бушава азбука, Сите бамбини, Ѕвон, Супер Ѕвезда...

Некои ги гледав редовно, некои чат пат, ама памтам лица или музика :D

Со сите овие научив англиски делумно, ама дефинитивно со нив го засакав. И шпански/португалски/аргентински пошо ги мешаа многу и везе неам која е која.
И кој што сака нека каже, ама мило ми е што некои не биле со синхронизација зашто заради нив сум научила нешто. И сите ја колнеме МТВ, ама да не беше таа, пола од работиве немаше да ги видиме. Е сега што немаат буџет да сменат некои па ги вртат истите, не е нивни проблем :)
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Кога ќе ми текне дека во школо не одев, само Серанови да гледам, бидејќи а1 имаа ставено еден претерано глуп термин за серијава, 9 и 12 сабајле мислам беше... И кога ќе ми текне дека летоска станував во 10 сабајле само за да не испуштам епизода од серијава :love:
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
"Раскажувачот" со легендарната македонска синхронизација. Уживајте... наскоро уште епизоди.
 

k3dk

http://mtvretro.blogspot.com/
Член од
31 јули 2013
Мислења
36
Поени од реакции
109
Темата за Синбад ми евоцираше спомени и ме инспирираше да ја отворам оваа тема. Иако на bucio сосема друга му беше замислата за темата, сепак горе-доле сите зборуваат за старите добри епизоди и за “Авантурите на Синбад“.

Темава нека биде за сите тие стари серии, во времето кога немаше торенти, замунди, кога сериите ги гледавме на ТВ и не мрдавме од пред телевизор... Не дај Боже да пропуштиш епизода, тоа веќе беа тешки депресии...:icon_lol:

Ќе почнам јас со тоа што ќе ставам неколку серии на кои ќе ми текне прво, па потоа ќе ве оставам јас да оставите коментари и секако да ја дополните листата... :)

1. “Авантурите на Синбад“ (1996-1998)





Нема да зборувам многу за оваа серија, се изназборевте во другата тема на буцио...:pos:
На IMDb, интересни цитати и факти.

2. Семејни врски (1982-1989)





Има ли некој што не памети оваа серија? Мајкл Џ. Фокс, ѕверката! Интересна серија беше, на Сител ја даваа ако не грешам...


IMDb

3. Тропски горештини (1991-1993)

Иако секоја година “екслузивно“ ја даваат на МТВ, сепак ова беше серија со која верувам речиси секој од вас ги поминувал летата. Паметам во Маврово кога одев летно време, играв цел ден, ама кога беше време за “Тропски горештини“ се цртав пред телевизор.






IMDb

4. Дали се плашите од темнината? (1991-1996)

Има ли некој што не ја знае серијава? На IMDb се уште има рејтинг од 8.5.:love:






IMDb

5. Принцот од Бел Ер (1990-1996)

Оваа серија признавам не ми беше од омилените, но си ја гледав, не беше ни лоша. Исто ја даваа на Сител ако добро паметам.






IMDb.

6. Херкулес (1995-1999)

Еве уште една моја симпатија, многу го сакав. Легендарна серија, која иако ако не грешам пак ја даваат... сепак сите ја гледавме кога бевме помали.






IMDb

7. Супермен (1993-1997)

Ја ставам Супермен, затоа што секогаш одеа во пакет со Херкулес. Прво Херкулес ја даваа, па после Вести од 15 минути, па потоа Супермен, после тоа се излагаше надвор...:pos: Башка Тери Хачер на млади години... Легендарно...






IMDb

8. Квантен скок (1989 - 1993)

Мали се зборовите да опишам колку ја сакав оваа серија, секој ден нови авантури, нови преобразби, нов период од времето...






IMDb

9. Млади бунтовници (2002-2003)

Знам дека вака звучи смешно од оваа перспектива, ама кога излезе серијава беше тотален хит меѓу тинејџерите. Жените го сакаа Мануел и Пабло (мене додуша симпатија ми беше Томас), мажите ги сакаа Миа, Вико и Пилар... Сите ги знаеја песните како Bonita и другите, зарем некој ја заборавил легендарната реклама после наградната игра, легендарната реплика: Ај не си дете?






IMDb


10. Плажата на залезот (1997-1999)

Па има ли некој кој не ја памти оваа серија?
Мислам, легендарната Мег, Бен, траеше толку долго и на крај МТВ не ја откупија цела и си останавме да се прашуваме како заврши... и кој е убиецот нели?:pos:







IMDb

Е па толку од мене, не ми мисли више мозокот, ама слободно давајте коментари, ставајте клипчиња и давајте имиња од други серии, да се присетиме и да се изнасмееме како луѓе на старите добри денови и старите добри серии кои ни го одбележаа детството, тинејџерството и сл...
Авантурите на Синбад -> ТУКА
Се плашите ли од темнината -> ТУКА
Тропски горештини -> ТУКА
Квантен скок -> ТУКА
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom