кој бараше за глобализација ?
Глобализација
Денес светот е поделен на зони според развиеноста и богатствата што ги поседуваат. Во првата зона се високо развиените земји (САД, Канада, Јапонија, земјите на Европската унија). Во втората зона се земјите во развој (земјите на Источна Европа) и земјите од третата зона т.н. трет свет, се најсиромашните, чии изгледи за развој се минимални. Но овде треба да се напомене дека во последните години со многу висока стапка на раст се развиваат земјите од Југоисточна Азија (Сингапур, Тајван, Кореја, Малезија, Хонгконг и др.). Нивниот развој се темели на производство на компјутерски делови, на телевизори и друга електроопрема. Ново светско економско чудо претставува Кина, која го развива ситното претприемаштво со што направи продор на светските пазари.
По 70-тите години процесите на комуникација и размена стануваат многу интезивни. Веќе ни една земја во светот не е независна во однос на другите. Од економијата, глобализацијата се пренесува на сите подрачја (културата, политиката, образованието). Според некои аналитичари, глобализацијата почна со „Кока Кола“ и Џинсот, продолжи со цртаните филмови на Волт Дизни преку кои се дистрибуираа основните вредности на западната цивилизација, и се уште се развива преку компјутерските технологии.
Република Македонија спаѓа во втората зона на земја во развој. Таа како самостојна држава е од 1991 година. Претходно припаѓаше во земјите од т.н. комунистички блок заедно со мнигу други земји од Источна Европа. По паѓањето на Берлинскиот ѕид, почна процесот на приближување на земјите од Источна Европа кон преостанатите европски земји. Но со оглед на фактот дека разликите меѓу Истокот и Западот беа многу големи (идеолошки, културни, економски, политички), патот кон европската интеграција на овие земји поминува низ длабоки трансформации т.е. транзиција. Меѓутоа, треба да се нагласи дека Македонија е мала држава, која во процесите на глобализацијата се судри со многу проблеми. Еден од најактуелните проблеми претставува економската стагнација и неконкурентноста на економијата во однос на светската. Македонското стопанство е далеку од нивото на т.н. светска продуктивност на трудот што укажува на раст од 5% до 10% годишно. Стапката на растот е под 0,20%. Вториот позначаен проблем представува етничкиот конфликт, кој одзема значаен дел од ресурсите со кои се располага забавувајки ги развојот и интеграцијата во светската еконимија.
Во некои од неразвиените земји од светот поразвиените земји го експлоатираат локалното население да работи во нивна корист. Оваа појава не е нова. Таа потекнува уште од минатото, по процесот на колонизацијата на земјите богати со природни ресурси од страна на помоќните земји. Најдобар пример за ова е Африка во која населението било приморано да работи на плантажите со памук, какао, банани и др, за потребите на европските пазари. Исто така населението било продавано како робје за работа на американските плантажи.
Во поново време развиените земји на најразлични начини се обидуваат да им помогнат на неразвиените земји и на земјите во развој. Тоа го прават со финансиски, економски,материјални и технички донации со кои им помагат на земјите да се приближат до нивниот стандард.
п.с на темава 90 % барате 5% давате и 5% разгледуваат нешто случајно дали ке најдат