Секти

Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Hmm...cudno ako se zeme faktot deka paganstvoto e postaro od Hristijanstvoto.
Eve da receme palenje na ognovi na 5 Januar.Spored tvojava formula golem broj od vernicive vo MK i posiroko (98%) ne si ja poznavaat verata.Me interesira zosto i kako drugive grupacii na vernici za ovakvi ili slicni rugi obredi gi narekuvate sekti iako veruvaat vo istiot vas bog.
Голем дел од верниците може и навистина да не ја познаваат религијата и затоа да учествуваат,конкретно палењето огнови е малку друга тема со веројатно пагански корен, но симболиката која се дава е друга. Непознавањето не е толку страшно колку неверувањето/богоборството.
Кого нарекуваме секташи кој втши слични обреди(не разбрав за последниов дел од постот).
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Голем дел од верниците може и навистина да не ја познаваат религијата и затоа да учествуваат,конкретно палењето огнови е малку друга тема со веројатно пагански корен, но симболиката која се дава е друга. Непознавањето не е толку страшно колку неверувањето/богоборството.
Кого нарекуваме секташи кој втши слични обреди(не разбрав за последниов дел од постот).
Ми се налути за сликата ама ај. :(
Поимот симболика значи ставање на куп (или трупање). Што се става на куп во конкретниов случај?

Од една страна повторно коментарот за патиштата. Има и религии во кои што нема бог/ови. Дали и тие се неверници? А од друга страна пак и Христијанството се сметало за секта (денес не), што ќе се рече дека некогаш и било. Што се разликуваат обредите денес, од обредите тогаш што би го променило истото.
И јас сметам дека е религија, а не секта. Само чисто, ме интересира мислење. :)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Една малку постара вест, за сектите и опасноста од нив.
Нова секта со сексуални ритуали ги прибира славните во Холивуд
Славните лица се и своевидни „заштитни лица” на голем број на секти во светот, а според најновиот тренд во Холивуд, селебрити светот изгледа заборави на сциентологијата и сега сите се придружија кон нова секта, со сексуални ритуали.



Ќерката на Боб Гелдоф, Пичес Гедолф е следбеничка на сектата „Ordo Templi Orientis”, па на својата рака таа го истетовира култот на оваа верска група и ги повика сите свои обожаватели да и се придружат.

Таа одлучи да ја сподели својата верска определба и со своите 148,000 пријатели на Твитер, пренесува “Daily Mail”.

Бремената Пичес Гелдоф (24) на обожавателите им ја покажа својата тетоважа посветена на сатанистичката секта. Мајката на синот Астал е следбеничка на сектата “Ordo Templi Orientis”, позната под акронимот “O.T.O”. Поглавар на оваа секта е Алистер Краули.

Кога една од обожавателките ја праша како може да дознае нешто повеќе за неговото учење, Пичес, поранешна следбеничка на сциентологијата и еврејската кабала ја посоветува да ги чита нејзините книги, опишувајќи ги како “навистина интересни”.

Краули, роден во 1875 година, се претставуваше како “Големиот ѕвер 666″, се до неговата смрт во 1947 година. Неговото учење вклучува садомазохистички сексуални ритуали со мажи и жени, односно користење на тешки дроги.



Пичес е последна во групата на славни личности кои што се придружија кон оваа секта. Гитаристот на “Led Zeppelin”, Џими Пејџ, учествуваше во култните ритуали, а Кроули толку многу го воодушеви, па тој дури и го купи неговиот некогашен дом во Шкотска.

Џеј Зи е човекот кој на оваа секта и донесе и непроценлив публицитет

Со оваа секта се поврзува и раперот Џеј Зи, еден од највлијателните мажи во светот, па тој во неколку наврати користеше фотографии и цитати од учењето на оваа секта.

Раперот воедно и даде непроценлив публицитет на сектата, носејќи блуза на која пишуваше: “Прави се што сакаш”, додека мотото на сектата гласи: “Прави се што сакаш и тоа ќе биде целиот закон”.



Колекцијата облека потпишана со потписот на Џеј Зи содржи фотографии на кои што е претставено “окото кое што гледа се” во триаголник, околу Хорус, древниот египетски симбол кој често се споменува во култните текстови, како и главата на Бапхомет, демонот со тело на човек и козја глава со рогови.

Гурџи имаше право кога им се обраќаше со соодветните зборови и ги разобличуваше,соодветните челнови.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.934
Поени од реакции
80.653
^Hit and miss e текстов, во кој има доста погрешни информации, неколку претерувања и неколку точни работи.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Гурџи имаше право кога им се обраќаше со соодветните зборови и ги разобличуваше,соодветните челнови.
Треба да си тежок ретард, за ова ѓубре да го сметаш како нешто валидно и аргументирано.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
@Ipsissimus , што сега и славни имаме во Редот?
Браво бре :)

@Изгрев - не секој што носи крст е поп, нели? Исто така не секој што не е православен христијанин припаѓа во секта. Тоа се ваши кованици за да омаловажувате нечие верување и надеж кое што не е под капата на православните цркви.
Политиката е опасна работа, дури и за боговите!

Така да... вакви информации за О.Т.О., па дури и споредуван со секта - биле пишувани и се пишуваат само кога некој сака да му скокне рејтингот на читаност. :)
Само будала би напишал вакви работи кој што нема поима од Законот на Телема ниту пак од „Книгата на Законот“!

Се е контрадикторно во текстов...
Дури и гнасно можам да кажам. Да не е христијанин авторот на текстот, па затоа ваква инспирација?

П.С. И да ти биде појасно: само лажни религии раѓаат секти ! Внимавај во иднина кога ќе велиш на некоја христијанска црква дека е секта !!! Тоа ја прави твојата религија нешто многу полошо !!! ;)
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Треба да си тежок ретард, за ова ѓубре да го сметаш како нешто валидно и аргументирано.
Треба да си полн со омраза да користиш таков речник.[DOUBLEPOST=1416247457][/DOUBLEPOST]
Дали е точно или измишљотина вие си знаете.
Она што го потенцирав дека веста се совпаѓа со разобличувањата што ви ги правеше Гурџи.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
Глупости.
„Разобличувањето“ на тој Гурџи беше ништо друго туку вакви вести собрани по нет. Замина и тој по ѓаволите.
Разобличување значи знаење и искуство. Истрајност, посветеност. А не нешто прочитано на „борбу за вјеру“!!!

Се друго е омраза и бладање и лаги за да се омаловажи нечие учење кое не се совпаѓа со учењата на старо-еонските религии. Веќе видено - досадно е.

И рековме дека ниту една вистинска религија - нема секти.
Затоа, мисли малку.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Треба да си тежок ретард, за ова ѓубре да го сметаш како нешто валидно и аргументирано.
Глупости.
„Разобличувањето“ на тој Гурџи беше ништо друго туку вакви вести собрани по нет. Замина и тој по ѓаволите.
.

Смееме ли и ние другите да користиме слична терминологија?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Треба да си полн со омраза да користиш таков речник.
Луѓето што клеветат и шират лаги, ги мразам од дното на душата, признавам.[DOUBLEPOST=1416259085][/DOUBLEPOST]
Смееме ли и ние другите да користиме слична терминологија?
Ако некој се пронајде во терминологијата, искрено сочуство.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
Не смееш ти. :facepalm:
Го гледаш некаде членот?
Не. Дојде, проба да шири незнаење, се наполни со негативност - си замина.

Еден ден и јас ќе заминам од тука по ѓаволите откако ќе завршам со она што сум наумил... :)
Ете и за мене една „терминологија“. Сега ок е?

Не знам што ме заморуваш мене, а немаш што да ми кажеш во врска со темиве...
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.102
Разобличување значи знаење и искуство. Истрајност, посветеност.
Имаш погрешна престава за тоа што значи разобличување.Тоа не е знаење,ниту истрајност,а уште помаку посветеност.
Разобличување прествува да умееш со гест,збор или пример без да посочиш или именуваш некого, индиректно да предизвикаш,т.с.потикнеш сомнеж во ставовите кој друг ги има.
Тоа е директна комуникација со душата која воопшто не е иста со општо прифатената човекова комуникација.
Знаење тука нема,ниту тоа се учи,тоа повеќе наликува на "му се обрќам на себе,во тебе".
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
Нормално, кај јас имам ок престава за разобличување...
(y)

Разобличување не значи да потикнеш сомнеж. Туку со факти да покажеш дека не е точно она што се зборува од другиот за да не лаже.
За да потикнеш сомнеж ти треба само премногу зборување... и собрани информации од било каде... без разлика дали се проверени или не.

А тоа со комуникации со души и слично - нека си остане за тебе, нема да коментирам.

На темата:
И јас велам дека нема знаење тука, го нема кај оние што се упорни во идејата секое учење кое што не оди со нивното да го нарекуваат секта - туку само пуста желба да се напаѓа туѓото и омаловажува, без грам искуство и знаење за истото, барем малку волја да се запознаат со истото, па да отфрлат.
Многу од учењата ги нарекоа секта, им додадоа фантастични и гнасни ритуали, а многу од тие учења излегоа од старо-еонските религии - не измислија топла вода.
Со која цел? За да го оправдаат своето битисување кое гледаат дека нема веќе ништо со човекот денес.
Ќе го држат човекот во место? Никогаш.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.934
Поени од реакции
80.653
Членував едно време, година и пол да бидам попрецизен. Детали не можам да споделувам, само ќе кажам дека сектите се тешко срање.
Кај си членувал?
(нормално дека не си обврзан да одговориш)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom