Абе ајде, ми кажа сега...
Сакаш и јас да зборувам како тебе, христијански? Да ги обвинам сите што не се како мене дека се возгордеани, дека се зло?
Замисли да те немаше тебе и твоето христијанство... Дали ќе имаше секти?
Замисли да го немаше исламот, ќе имаше ли некое учење кое ќе беше наречено секта во навредлива конотација, како што ти пишуваш?
Замисли... ова Џон Ленон муабет испадна!
Јас мислам дека одговорот е не!
Религиите создаваат секти заради својата несовршеност! Треба пак да се повторувам... доста е...
Секогаш се навраќај на постарите постови!
Ако заборавиш нормално кој е мојот став за сектите и од каде доаѓаат!
И сектите не се ништо подобро од религиите! Еден ден ќе пораснат и во својата немоќ ќе бараат гранче за кое ќе се држат за да опстојат и ќе нарекуваат други учења дека се секти, само да се оправдаат и да ги задржат луѓето да веруваат во нивните догми!
Тоа е тоа, бескраен круг на верувања и догми!