Skientologija
Црквата на скиентологијата важи за една од поагресивните секти, која според својата организација и функција нема ништо заедничко со црквата. Терминот е позајмен за да ги заблуди новите приврзаници, таа е всушност меѓународна организација која има за цел да ги мие мозоците на своите членови во одредени цели. Тој систем на заблуди е дело на ЛАФАЈЕТ РОН ХАБАРД создавач, раководител и неспорен папа на сектата, чија организациона и функционална машина достигала свое совршенство. Учењето на оваа секта е мешавина од идеи повлечени од будизмот, индуизмот и кабалата, често замаскирани под некоја мистична терминологија. сектата е формирана 1947 по втората светска војна, кога општествата и луѓето биле економски, психолошки и физички исцрпени. Во тие услови Хабард скромен и сиромашен писател доаѓа до идеа да создаде нова религија која ке му овозможи моќ и богатство, дотоганото пишување на сценаријата за научно фантастични филмови му изгледале смешно и неисплатливо. Користејки го своето познавање на психологијата и хипнозата, наумил да создаде нова наука за менталниот живот која на луѓето ке им ја претстави како вистинска наука. Во 1949 ја издава книгата Дианетика која претставува столб на целокупното скиентолошко учење. За да придобие луѓе тој си присвоил многу универзитетски титули, со кои парадирал меѓу луѓето. Во 1950 ги создал првите контури на сектата. Во своите книги го убедува народот дека лекува секакви заболувања и тоа преку ослободување на духот од неговите заблуди. Според него филмот на менталното се формира во секоја индивидуа, а се развива милијарда години. Ако некој сака да го види тој филм потребно е само да го разголи своето минато пред некој искусен скиентолог, држејќи во рацете две метални кутии сврзани со проводник, низ кој минува слаба струја, која кќе го детектира мисловното. За да му даде научни димензии на свооето псевдоучење создава свој јазик со кој ќе комуницира сектата. Јазикот се состои од единаесет илјади зборови, собрани во мал речник, кој претставува како буквар на скиентологот. Во текот на учењето учениците поминуваат низ секојдневен строг режим на прочистување во сауна. Така истоштен новиот поклоник на да расудува со својот ум и да реагира соодветно на здравиот разум. Потпирајќи се на неговото предходно искуство во научната фантастика, тој им проповедал на луѓето дека треба да се борат со невидливи животинчиња кои дошле од некоја друга планета и дека борбата треба да биде упорна и долготрајна. Едукацијата трае со месеци и добро се плаќа. Едукацијата е во осум степени, нарекувајќи ги ОТ (кое асоцира со способно човечко суштество). Кандидатите за скиентологот треба да ги минат сите нивоа и тоа е страшна мамка за богатство на сектата.
1. Првото ниво ОТ-1 се состои во реализирање под контрола на набљудување на се она што се случува на јавните места.
2. Второто ниво ОТ-2 се карактеризира со предизвикување на реакција спрема имиња, предмети и дејствија, согласно комплексната езотерична теорија.
3. Третото ниво ОТ-3 веќе влегува во водите на научната фантастика, бидејќи кандидатите веќе можат да допрат до корените на заблудите на нашата вселена и да ја преминат огнената карпа.
Откога ќе го помине третото ниво приврзаникот треба да докаже дека во него се отстранети сите страшила. Само оние кои се подготвени многу да платат можат да дојдат до осмото ниво.
Основното правило на сектата е строга дициплина и хиерархија. Работи во сеанси за прочистување за да може следбеникот да стане поодговорен да учествува во изградбата на еден поусовршен свет. Приврзаниците се учат да не контактираат со луѓе кои непријателски се настроени кон сектата или го критикуваат нејзиното учење. Се шири со прозелитизам по улиците, покана за бесплатен психолошки тест на личноста. Нивна официјална библија е Дианетиката современа наука за менталното здравје, а воедно издаваат и периодично издание на француски јазик праведливост.
Мене ова ми личи на психопатска работа!