Секти

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Skientologija
Црквата на скиентологијата важи за една од поагресивните секти, која според својата организација и функција нема ништо заедничко со црквата. Терминот е позајмен за да ги заблуди новите приврзаници, таа е всушност меѓународна организација која има за цел да ги мие мозоците на своите членови во одредени цели. Тој систем на заблуди е дело на ЛАФАЈЕТ РОН ХАБАРД создавач, раководител и неспорен папа на сектата, чија организациона и функционална машина достигала свое совршенство. Учењето на оваа секта е мешавина од идеи повлечени од будизмот, индуизмот и кабалата, често замаскирани под некоја мистична терминологија. сектата е формирана 1947 по втората светска војна, кога општествата и луѓето биле економски, психолошки и физички исцрпени. Во тие услови Хабард скромен и сиромашен писател доаѓа до идеа да создаде нова религија која ке му овозможи моќ и богатство, дотоганото пишување на сценаријата за научно фантастични филмови му изгледале смешно и неисплатливо. Користејки го своето познавање на психологијата и хипнозата, наумил да создаде нова наука за менталниот живот која на луѓето ке им ја претстави како вистинска наука. Во 1949 ја издава книгата Дианетика која претставува столб на целокупното скиентолошко учење. За да придобие луѓе тој си присвоил многу универзитетски титули, со кои парадирал меѓу луѓето. Во 1950 ги создал првите контури на сектата. Во своите книги го убедува народот дека лекува секакви заболувања и тоа преку ослободување на духот од неговите заблуди. Според него филмот на менталното се формира во секоја индивидуа, а се развива милијарда години. Ако некој сака да го види тој филм потребно е само да го разголи своето минато пред некој искусен скиентолог, држејќи во рацете две метални кутии сврзани со проводник, низ кој минува слаба струја, која кќе го детектира мисловното. За да му даде научни димензии на свооето псевдоучење создава свој јазик со кој ќе комуницира сектата. Јазикот се состои од единаесет илјади зборови, собрани во мал речник, кој претставува како буквар на скиентологот. Во текот на учењето учениците поминуваат низ секојдневен строг режим на прочистување во сауна. Така истоштен новиот поклоник на да расудува со својот ум и да реагира соодветно на здравиот разум. Потпирајќи се на неговото предходно искуство во научната фантастика, тој им проповедал на луѓето дека треба да се борат со невидливи животинчиња кои дошле од некоја друга планета и дека борбата треба да биде упорна и долготрајна. Едукацијата трае со месеци и добро се плаќа. Едукацијата е во осум степени, нарекувајќи ги ОТ (кое асоцира со способно човечко суштество). Кандидатите за скиентологот треба да ги минат сите нивоа и тоа е страшна мамка за богатство на сектата.

1. Првото ниво ОТ-1 се состои во реализирање под контрола на набљудување на се она што се случува на јавните места.

2. Второто ниво ОТ-2 се карактеризира со предизвикување на реакција спрема имиња, предмети и дејствија, согласно комплексната езотерична теорија.

3. Третото ниво ОТ-3 веќе влегува во водите на научната фантастика, бидејќи кандидатите веќе можат да допрат до корените на заблудите на нашата вселена и да ја преминат огнената карпа.

Откога ќе го помине третото ниво приврзаникот треба да докаже дека во него се отстранети сите страшила. Само оние кои се подготвени многу да платат можат да дојдат до осмото ниво.

Основното правило на сектата е строга дициплина и хиерархија. Работи во сеанси за прочистување за да може следбеникот да стане поодговорен да учествува во изградбата на еден поусовршен свет. Приврзаниците се учат да не контактираат со луѓе кои непријателски се настроени кон сектата или го критикуваат нејзиното учење. Се шири со прозелитизам по улиците, покана за бесплатен психолошки тест на личноста. Нивна официјална библија е Дианетиката современа наука за менталното здравје, а воедно издаваат и периодично издание на француски јазик праведливост.

Мене ова ми личи на психопатска работа!
 

pupsik

AMAZONKA
Член од
18 декември 2007
Мислења
92
Поени од реакции
1
леее комшивката е во нивната секта.....е нема да ми вервит и да и преведам тоа што си напишала.....
 

pupsik

AMAZONKA
Член од
18 декември 2007
Мислења
92
Поени од реакции
1
Охрид...ама живеам во Москва а ти? абе стварно е страшно....што ако помине таму на 2-3 ниво или погоре па да и текне нешто глупаво во глава....нели јас и реков дека лошо се однесувам кон тоа....
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
прво види дали комшиката го има тој скиентолошки речник за да моче да паничиш :) а термини кои бараат речник има доста - клиер, рекативен ум..... итн врховен бог им е Ксену во некој форма и жртви му принесуваат... ако знае мрафка нешто + нека ме освежи со инфо плс.
 

pupsik

AMAZONKA
Член од
18 декември 2007
Мислења
92
Поени од реакции
1
најдов 2 книги: напредна процедура и аксиоми и втората Дианетика и еволуција на науката.....а на полицата горе има уште многу....велеше нешто дека полагала некои испити кај нив...
 

jass

Aut viam inveniam aut faciam!
Член од
25 август 2007
Мислења
328
Поени од реакции
4
Kakvi ispiti kakvi gluposti imam eden prijatel jehovin svedok ma ajde edna vecer proba da mi prodava nekoi takvi sranja pa fino lepo mu kazav da stane i da si odi. Se navredi malku ali posle resivme veke da ne zboruvame na taa tema.
 

pupsik

AMAZONKA
Член од
18 декември 2007
Мислења
92
Поени од реакции
1
девојкава е во Сајентологија удрена.....и ние се договоривме дека нема за тоа да зборуваме воопшто но од каде да знам што и се врти во таа болна глава...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ако е толку влезена џабе ти е се.... кажи на нејзините. може тие ќе влијаат на неа.
 

pupsik

AMAZONKA
Член од
18 декември 2007
Мислења
92
Поени од реакции
1
нема роднини само таткои....од село некое....мислам дека му е гајле....
 

jass

Aut viam inveniam aut faciam!
Член од
25 август 2007
Мислења
328
Поени од реакции
4
Se dodeka ne mi zboruaat za toa i ne probuvaat da me ubedat vo nekoi glupi raboti togas sum ok so niv. A ako mu se sluci uste ednas da mi zbori za toa jas veke nema da prozboram so nego cel zivot, Ja sum toa sto sum ti bidi si toa sto si samo vo religijata ne mi cepkaj. Ma ajde pobudalele lugjevo so ovie sekti denes nameto da bidat gordi sto se pravoslavni hristijani znaejki ni ja istorijata ti potpagaat pod necie vlijanie za sto? Za pari, pa eksik neka se parite za sramota sme stanati!

A ako na nejzinite ne im e gajle togas koga nesto ke ise sluci ke si ja cukaat glavata od dzid
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Секта НАЗАРЕНИ
Основач на сектата е поранешниот лутерански пастор швајцарецот Семјуел Фрелих , и нејзиното базично учење е протестантско признавање само на светото писмо и новиот завет кои ги нарекуваат наши книги. Нејзин член може да биде само праведен човек и од светите тајни ги признаваат само крштевањето и пречистувањето. Крштевањето не е во раното детство бидејќи децата треба да поминат одреден перод на искушение. Тие на молитвите ги отфрлаат повикувањата на светителите и на богородица, ги негираат иконите и молитвите и реликвиите за покојниците. Го отфрлаат празнувањето на сите празници и заклетви. Одбиваат да носат оружје и одбиваат да и м се покоруваат на воените власти.
Секта БАПТИСТИ
Постанокот не еповрзан со ниедна личност. Создадена е од најлевото крило на реформацијата од т.н. антибаптисти кои биле факција на Лутеранизмот и кои не барале само теолошки и догматски реформи туку и вистински социјални и политички. Антибаптистичките проповедници биле пргонувани и погубувани од граѓанските власти кои се плашеле за сопствениот опстанок. Во англија во 17 век се јавуаат две баптистички струи: партикуларни баптисти и генерални баптисти, кои меѓу себе се разликуваат по некои теолошки догми околу спасението господово. Баптизмот не се одликува со некоја строга догма. За нив светото писмо e neпогрешиво, не постои парародителски грев туку секој грев е реален и доброволен. Црквата се состои од доброволно здружени повторно родени и крстени Христови последователи, нема место во црквата за грешници, Црквата е уредена со самоуправување на локалните заедници, веруваат во општото свештенство на сите верници, немаат молитвено обраќање кон светителите и кон мајката божја не постојат свети тајни, туку обреди меѓу кои најважни се крштевањетои господовата вечера и др.
Секта АДВЕНТИСТИ
Официјално име на сектата е Црква на адвентистите од седмиот ден
Основач е фармерот Вилијам Милер кој живеел во 19 век и кој по повеќе години неверство и се враќа на татковата вера и ја формира сектата на 34 години. Името доаѓа од латинскиот збор adventus што значи доаѓање. Проповеда враќање на Исус во некоја година која со време се поместува за да му суди на светот. Подоцна движењето го развива Елен Уајт која се смета за вистинска создателка на адвентизмот. Чекајќи го исус тие се одмараат во сабота. Со враќањетона исус праведните ќе воскреснат. Крстењето со света вода е само за возрасните. Црквата проповеда апсолутна забрана за консумирање на алкохол и тутун а не се препорачуваат ни кафе ниту нечисти храни. Целта е по секоја цена да се придобијат нови следбеници. Црквата е структурирана на 4 нивоа месно собрание кое е раководено од старешина, конференција која ги обединува сообранијата од оделна страна, сојуз кој опфаќа неколу конференции и светската генерална конференција чие седиште е во Вашингтон. Преку печатење на библии и брошури тие го пропагираат адвентистичкото учење. Мисионерите практикуваат обликување од куќа, од врата до врата и собираат финансиска помош за мисиите. Адвентистичкиот култ се изразувпреку богослужење. Свечената книга е библијата. Издаваат периодични изданија како адвентистичко списание, живот и здравје и друго.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
mrafke ma sto imas napraeno ti eptem si gi fatile opsezno - aj nesto za KSENU pls.
 
B

babsy

Гостин
Харикришна,Црна ружа, дали се овие секти толку лоши како што се збори или тоа се само обични и безопасни луѓе кои си имаат свое верување?Би сакал повеќе да постирате за сектите во Македонија

Kaко прво не е Харикришна туку е Харе Кришна! И неможеш се што е страно/непознато за нас/тебе да го окарактеризираш како секта... Прво треба некој да дефинира што е секта нели?!
И неможеш на пример припадниците на Харе Кришна и Црна Ружа да ги ставаш у ист кош..
Бидејки првоспоменатите се најмирољубивите и најпријатните припадници на едно движење кои сум ги запознала а оние второспоменатите се болни и испрани мозоци...
И од Јеховите Сведоци имам пријатели кои се сосема нормални и не касаат:) само може да се малку по напорни кога ќе ги сретнеме на врата..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom