Секти

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.874
Поени од реакции
36.919
Дали црна ружа стварно тера на само убиство?

Па до сеа им препишуваат некаде околу 50 самоубиства во Хрватска и нешто помалку во Србија. Велат дека најмасовна била во 80тите. За во Македонија се е на шпекулација. Во мое време кога бев средно се рашири масовно муабет за едно самоубиство на девојче од Ѓорче што скокна од зграда дека било нивни член. За тука зборат за неколку самоубиства во Струмица, Скопје, Тетово, Битола... Мислам дека и од полиција имаше апсење во некој стан во Скопје во врска со нив (ова беше 98ма - 99та) за нив слушав до кај 2003-04 и од тогаш до сеа немам чуено повторно за нив. Знам во главно се шпекулираше дека врбувале деца малолетници, повлечени и тивки. За убиства дека правеле немам слушнато... за самубиства ете тоа што пишав што знам.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
руски секташи околу 50-на го очекуваат крајот на светот се кријат со својот духовен водач во напуштено село на 350 км. од Перм, чекајќи го повторното доаѓање на Михаил Романов (првиот руски цар од династијата Романови).
предводени од бивш православен свештеник, којшто ги врбувал во храмовите, раскажувајќи им за опасноста од идентификацискиот број, од опасноста од пасошите и личните документи дека во нив се кријт микрочипови за следење, лекарите биле фашисти, кои сакале да им ги украдат децата....http://t7-inform.ru/s/videonews/20131009192603
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
23
Поени од реакции
18
Јас имам пријатели кои се Јеховини сведоци и воопшто не е така.Не е точно дека не ја прифаќаат науката и трансфузии.Ќерката на моите пријатели беше во болница,и мораше да оди на операција,арно ама немаше од нејзината крвна група,па на работа направивме крводарителна акција и девојчето прими од таа крв.Значи,тоа отпаѓа.
Никогаш не ме "приморале" или "завеле" со нивните верувања,а од чиста култура знам дека не слават родендени и празници,туку само тајната вечера пред Велигден.
Не верувајте се што ќе прочитате на интернет.

Еј,Јове,а Евреите секта ли се што не го именуваат Бог? Јас колку што знам Јудеизмот беше една од петте признати религии во комунизмот.

http://vistinatakeveoslobodi.wordpress.com/2012/08/03/историја-на-лажните-пророштва-на-јехо/
ај просветли се за јеховини сведоци и подетално прочитај!!! Пред да јавно подржуваш секта која е не само од нас лаички подржана туку и целиот свет ги категоризира поради својата организираност хиерархија и дејствување како секта, бидејќи ти имаш сопствена свест и ум да одлучуваш во врска со нивно пристапување и подржување но овде може да има и млади кои сеуште немаат оформено зрел сопствен рационален суд кон нештата (согласно со возраста) .
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Дали црна ружа стварно тера на само убиство?
Црна Ружа е секта чиа основа е Сатанзимот.Според сатанзимот,секој сатанист треба да се жртвува себе си и да одземе друг живот за (нивниот) БОГ (сатаната).Според нивното учење,овој свет пропаѓа како таков,дека само (нивниот) БОГ носи нешто добро и на оние кои се жртвуваат за него.Жртвувањето се врши со фрлање коцка или доброволно.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Црна Ружа е секта чиа основа е Сатанзимот.Според сатанзимот,секој сатанист треба да се жртвува себе си и да одземе друг живот за (нивниот) БОГ (сатаната).Според нивното учење,овој свет пропаѓа како таков,дека само (нивниот) БОГ носи нешто добро и на оние кои се жртвуваат за него.Жртвувањето се врши со фрлање коцка или доброволно.
Od kaj go izvadi ovoj muabet za satanizmot, leba ti?
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
И кои се тие организации? И за кој сатанизам поточно зборуваш?
Не биди мрза туку истражи малце и не чекајте секогаш на готово,тоа се невладини организации каде што членуваат поранешни сатанисти и нивни роднини/пријатели кои се борат да укажат за опраностите од сатанизмот,има исто така и психијатри и луѓе што се бават со оваа проблематика.Сатанизам е сатанизам не е тоа христијанство па е поделен на 50 фракции...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Епа видиш, ти си тој што е мрза и што не истражил, ама мислиш дека е кул да се правиш експерт, па ај сега ќе кажам дека знам нешто за сатанизмот. :)

Имаш теистички и атеистички сатанизам.
Првиот е копија на христијанството или исламот, со таа разлика што е со суштина свртена за 180 степени. Припадниците на теистичкиот сатанизам Сатаната го сметаат за антропоморфно битие. Принципите и идеологијата на теистичкиот сатанизам може да ги најдеш тука: Joy of Satan
Вториот е атеистички, кај него сатаната е симбол на индивидуализмот, хедонизмот и материјалното. Сатаната тука не претставува надприродно суштество. Основан е на 30 април 1966 година, во Сан франциско, од страна на Антон Шандор Лавеј.
Принципите му се дефинирани во сатанската библија, има 9 правила и 11 закони на земјата кои ја сублимираат идеологијата. Официјална веб страна им е оваа: Church of Satan

И двата правци кои ги посочив се легални и регистрирани религиозни организации, и не се гонат од власта во земјите каде егзистираат.
Инаку покрај оваа главна поделба, постои и оној тинејџерски сатанизам - бунт кон општеството. Ретко кога се взема во класифицирањето. Тој за разлика од предходниве, подложи на прогон од власта, но во суштина тој не е организирана религија, нема правила ниту идеологија.
 
Јас сум ги студирал тие фракции и организации и ги знам напамет и затоа што се јавни не ги кажувам,секогаш и на секоја тема сите чекаат на тацна,тоа неможе.Друго сатанзимот е сатанизам,ова што ми кажа ти се глупости и во безбедноста не постојат како таквии.Сатанизмот е религија во која Бог е Луцифер,и се пропагира дека треба да се жртвуваат луѓето за него затоа што овој свет тоне како ваков и само тој ќе донесе добро на оние кои жртвуваат и се саможртвуваат за него.Иако не сакам да зборувам јас туку секој сам да најде,сепак еве ќе кажам нешто плус,местата каде што се собираат сатанистите се налик на цркви,сакам да кажам има олтари,секогаш има нож со кои се жртвуваат луѓето и како маса на кои истите се врзуваат.Ги води еден човек кој го нарекуваат Тој,и овој истиов е главен,има исто така и правосвештеници но Тој е најголем,он ја фрла коцката на жртвувањето,он прашува Има ли некој кој ќе се жртвува за нашиот бог.Исто така Стоунхејџ и Долината на смртта се едни од познатите собиралишта на сатанистите нешто како Мека и Ерусалим за исламот и Христијанството.Сатанизмот не е забранет иако се знае што прави,но според човековите права Се додека јавно не наштетуваш може да се молиш на кого сакаш.Исто така имињата како Луси,Лусија,Луција и слични се производ од името Луцифер.Ретко кој знае а уште помалце верува но што е тука е.
 
Си студирал ти муда лабудови. Стоун хенџ и долината на смртта биле сатанистички....!:facepalm:
Луси и Лусија биле производ на Луцифер.....:vozbud:
Па и јас со цел памет му постирам линкови и му кажувам податоци.......:cautious:
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Си студирал ти муда лабудови. Стоун хенџ и долината на смртта биле сатанистички....!:facepalm:
Луси и Лусија биле производ на Луцифер.....:vozbud:
Па и јас со цел памет му постирам линкови и му кажувам податоци.......:cautious:
Места каде што се молат сатанисти.Не знам и јас зошто се замарам со 16 годишни..
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Абе јас не знам зошто трчаш на секој да му реплицираш :)
Гледаш дека во безбедноста нема за такви работи...
Добро е што не си хомосексуалец ти...

Ќе беше ептен забегано според безбедноста што ја студирал GhostLeader ! :vozbud:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Добро е што не си хомосексуалец ти...

Ќе беше ептен забегано според безбедноста што ја студирал GhostLeader ! :vozbud:
А ептен забегано е и тоа што "безбедноста" очигледно незнае дека компјутерската технологија со чија помош GhostLeader не просветлува со неговото обемно знаење за темава......не би постоела без овој хомосексуалец!!
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
А ептен забегано е и тоа што "безбедноста" очигледно незнае дека компјутерската технологија со чија помош GhostLeader не просветлува со неговото обемно знаење за темава......не би постоела без овој хомосексуалец!!
Jaс објаснив на кратко за историјата на хомосексуалноста и што всушност е како дел од процесот на касапење во кој е вклучен и сатанизмот,само малце по екстремно,пиење на крвта од жртвите(тоа намерно не го напишав како и други работи).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom