Постоењето на сектите е од постар датум. Како резултат на религиозната шизма се среќаваат уште кај старите романи, каде што постоеле мали групи кои верувале во свој бог. Една од поголемите религии протестантизмот е резултат на шизмата од Римо-католичката црква, како протест, против неприкосновеното владение на папата кој се издигнува како втор бог. Историјата покажува дека сите форми на социјален или политички протест може да биде изманипулиран во одредени религиозни или политички од страна на црквата или некој аполитичка партија. Некои религиозни секти денес се меѓу побогатите здруженија во светот и на нивните банковни рачуни е сместено огромно богатство кои најчесто го трошат само на поединци од врвот на пирамидата. Инфилтрацијата во економијата и политиката е скоро заедничка за сите секти и од нејзините јадра многу често се развива и мафијата. Има докази дека во некои земји, некои секти имаат голема полтичка и економска моќ, тесно соработуваат со политичките партии и им помагааат во зборите да дојдат на власт. Социолозите се согласуваат дека тешко можат прецизно да ја дефинираат сектата, според некои тоа е група на исто мисленици кои пропагираат одредени политички, религиозни, економски, националистички, социјални, урбани или други прашања кои се водени од сопствен водач на кого слепо му веруваат и му се подаваат со целата своја душа и тело. Според евангелието уште Христос ги предупредил своите следбеници дека еден ден ќе се појават лажни Христоси, лажни пороци и учители на кои не треба да има се верува, и побудувајќи ве од користољубие , ќе ве привлекуваат со ласкави зборови. И навистина според евангелието лажните учители ги поттикнувале евреите околку галилејското езеро да им се врата на еврејските канони и да заборават на Христос и неговите проповеди. Сектите постојат откако постои и црквата. Нејзина суштина е одрекување од црковното учење, црковната пракса, па дури и на црквата како историска појава. Се мисли дека крахот наидеологиите во светот и падот на влијанието на фундаменталните религии и актуелните конфликти во нив се добра почва за никнење и развивање на разновидни религиозни и политички секти. Особен процут доживува во средниот век во периодот на реформација кога папството доживеало многу голема политичка и духовна моќ, што предизвикало одредено незадоволство кај масите кои почнале да се организираат во свои здруженија или секти коијанегирале моќта на папата која го достигнала божјото ниво. Незадоволниците безуспешно барале реформи во црквата, но ппата Лав X на кого му требале пари за довршување на катедралата св. Петар во Рим распишувал нови давачки меѓу верниците што посебно го револтирало Мартн Лутер проесор по теологија во Витенберг јавно да се спротивстваи на папата, со што ја започнал големата револуција против Римокатоличката црква која ја нарекува реформација. Тогаш се развиваат три типа на реформски верски заедници, Англиската црква која ја задржала римокатоличата литургија, а ја усвоила протестантската догматика, Лутеранската или
Еванглестичата црква и Реформската црква. Главните двигатели на реформите биле насочени против папството и римокатолицизмот и тоа е извор за никнење на протестантски секти. Во САД во 1952 година постоеле 261 секти кои се регистрирани пред државните власти од кои на протестантите им припаѓаат 238. Меѓу постарите верски заедници се Американската епископска црква (2.500.000 верници), Лутеранската (6.500.000), реформски цркви, адвентистички и евангелистички цркви и др. Меѓу новите протестантски секти настанати во последните сто години се Сиониската црква, Осветената света Христова црква, Црквата божја и др. Во нивниот развој голема улога игра и способноста на водачот кој што вешто ја насетува психологијата на луѓето во што тие би сакале да веруваат, кои се нивните мечти и желби. што би сакале од него и од сектата на која ке и се приколнат и сл, Желбите за совршен свет најчесто се украсени со некоинадворешни егзотични колорити, како што е изборот на местата што ке се состануваат напуштени замоци или старовремски куќи обвиени со мистичност егзотични џунгли во Африка или Јужна Америка каде што допирот со цивилизацијата скоро е оневозможен. Сценариото на верските ритуали и церемонии скоро е идентично во сите секти, задолжителна мистичност и дискретност и нагло појавување на водачот најчесто наметнат во парадани иколоритни наметки кој на своите следбеници и верници им се обраќа со мистичен тон, со често неразбирливи и мошне долги мисловни асоцијации кои имаат изглед на проповед, а со цел да ја опчинат масата со нивната моќ и да ја зголемат вербата. Скоро секогаш се наоѓаат последователи кои во таа нова филозофија откриваат нешто што дотогаш им недостигало наоѓаат нешто што одамна го присакувале. Жак Кота и Паскал Мартен велат дека тој хаотичен ансамбал добива смисла за некои луѓе и за цели толпи и покрај тоа што предизвикуваат семејни сепарации или дисхармонии потикнуваат на непријателство, кон колективен суицид, убиства предизвикуваат ментална дестабилизација, алиенација, прекин со реалноста, сексуална агресија, инцест проститција. Во почетокот пропагираат поправање на лошата црква реформирање на нејзините догми. Ги убедуваат идните верници дека заедно ке го дочекаат повторно Христос и сл.
Заедничка карактеристика на сите секти е:
- сите претставуваат опасност за слободното арбитрирање за развој на критичноста и слободата на луѓето,
- сите пропагираат среќа, мир, хармонија, здравје, топлина, моќност, мистичност, зајакнување на личноста,
- сите се обвиткани со идеолошка фасада која на прв поглед има привлечни, универзални и некогаш егзотични димензии,
- сите имаат свој водач или гуру во кого неприкосновено веруваат и госметаат за центар на светот,
- Скоро сите се со одредена доза на шарлантизам, псеудо-езотерија, егзотичен мистицизам, псевдофилозофија.
Темите кои ги пропагираат имаат некои етички религиозни еколошки медицински сексуални феминистички или културни димензии. Проповедаат некои запоставени права на човекот, некој нова духовна и физичка слобода на човекот, се залагаат за некоинови правила во семејната кохезија,, се обидуваат да лекуваат зависници и ментално ретардирани со некоинови духовни и немедицински методи, пропагираат нови религиозно верувања. Можат да бидат легални инелегални. Некои се организирани како пирамида други како мрежи и сл. Меѓу најмоќните интернационални секти кои бројат милиони следбеници и кои се инсталирани и на нашето тло се сектите на Асоцијацијата на Светиот Дуџ на христијанството во светот, Свидетелите на Јехова и Црквата на скиентологијаата. Мошне богати секти чие богатство се мери со милијарди долари. Ако негоаш се случи некој нив член да не с есогласи со некои активности или активно да се спротивстави на некои асоцијални идеи тој е грубо напаѓан од водачот и од неговите најтесни приврзаници. Францускиот психијатар Вилијам Бабаз вака опишува еден ден во сектата Ашрам во Франција: будење рано наутро пред излегувањето на сонцето, утринска молитва или медитација, заеднички доручен проследен со колективно читање на нивното свето писмо, потоа физичка макотрпна работа на фармата или во кујна. Се рабои допрвиот мрак и повторно заедничка вечера и молитва или медитација, се легнува во 20 часот мажите и жените во одвоени крила или соби анивните деца кај другите членовина групата. Следи будење на полноќ за молитва и медитација.
Нешто повеќе ќе напишам после сеа брзам за на факс