Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

Т

Триптико

Гостин
Покрај Ленче?
Да не имаш температура?
Диоптерот е погрешен :)
@Agda Beata самото тоа што е Албанец/ка во старт ми прави проблем во стомак. А второ, малку ли нации и религии има по светов? Мора баш муслиман?!? Сами си ја ставате главата во торба...ама, ако!
 
Последно уредено од модератор:
Член од
23 август 2010
Мислења
39.688
Поени од реакции
115.385
И замисли ситуација... Излегуваш една вечер, сретнуваш топ девојка. Се запознавате, разговарате, пиете, се смеете, чувствуваш огромна хемија и некоја конекција како никогаш досега. Сфаќаш дека имате слични размислувања, очекувања во животот и многу заеднички работи воопшто. Никогаш досега не си сретнал таква девојка... На крајот од вечерта се договарате да се видите повторно затоа што си заинтересиран за неа многу. Во целиот тој занес сфаќаш дека не си ја ни прашал како се вика. Таа ти го подава ливчето со телефонскиот број и на него пишува „Теута“. Што ќе правиш?

П.С. Еманципирана, образована, нерелигиозна и нејзините од дома не прават никаква разлика дали си Македонец или не.[DOUBLEPOST=1470047563][/DOUBLEPOST]И за волја на вистината, признајте колку од вас го измававте на Фатиме Фетаи. :icon_lol:
Така, оди речи му на Србин да се ожени со некоја од Косово да те видам. Не знам што толку ви е чудно за ваквите предрасуди, се знае поради што ние имаме омраза кон нив и зошто осудуваме вакви работи. Кај нас не проаѓаат стварите ко либералност, демократија, кој што сака прави, негов избор, дрн дрн јариња... Јебига, Балкан е ова, такво било и ќе биде. :)

Да дознае татко ми дека имам женска Албанка сместа ќе ме избрка од дома за век и векова.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.288
Поени од реакции
84.409
Ни мене не ми е битно која националност, боја на кожа, место на живеење или социјален статус има партнерката.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.947
Поени од реакции
25.449
Диоптерот е погрешен :)
@Agda Beata самото тоа што е Албанец/ка во старт ми прави проблем во стомак. А второ, малку ли нации и религии има по светов? Мора баш муслиман?!? Сами си ја ставате главата во торба...ама, ако!
Албанец/ка не значи под дифолт муслиман/ка. ;)
Како тоа си ја ставаме главата во торба, ај те молам објасни.
 
Т

Триптико

Гостин
Албанец/ка не значи под дифолт муслиман/ка. ;)
Како тоа си ја ставаме главата во торба, ај те молам објасни.
Во Македонија, значи! Или требаше Шипо да напишам, подобро да се разбереме?
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.947
Поени од реакции
25.449
Јебига, Балкан е ова, такво било и ќе биде. :)
Ама овака нема прогрес, нели?

Во Македонија, значи! Или требаше Шипо да напишам, подобро да се разбереме?
Небитно тоа, кажи ми како си ја ставаме главата во торба, многу ме интересира.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.894
Поени од реакции
6.170
@Daedalus , причина која би била толку објективна за да го задоволи твоето прашање, немам. И не само јас, никој Македонец не би можел да ти даде таква. Дури и да се најде таков што ќе ти рече дека има загубено член од фамилијата во 2001, бил протеран од своето огниште или е еден од Мавровските работници, ти би рекол нешто во стилот "па не се сите Албанци такви. Било па поминало. Треба да се сакаме, не да се мразиме" и други излитени фрази. Затоа моите субјективни причини ќе си ги оставам за себе, а ти слободно рамни ме со хомофоби, шовинисти и расисти.
@Agda Beata,
Убаво изгледа твојот пример овака на форум, виртуелно, но малку е поразлично во живо. Тоа да се случи е рамно на нула. Но, бидејќи обожаваш да даваш хипотетички примери, замисли го следново:
Имам комшии Албанци со кои имаме взаемна почит и добро се слагаме. Честитање на верски празници, делење на јајца/баклава, пиење комшиско кафе. Со нивниот син заедно сме растеле и сме добри пријатели. Никогаш не сме влегле во сукоб, затоа што теми како Смилковско, 2001, Ангел, Шкендија-Вардар, па еве сега најново и ситуацијата во Турција и Ердоган се помеѓу нас забранети. Знаеме и двајцата ако ги начнеме нема истото да заврши добро, затоа ги одбегнуваме. Истиот тој ќе биде прв кој ќе ми "зарие нож" во случај на нова војна, без разлика на се. Во таква ситуација или си со твоите или си против нив. (најдобар пр. Војната во Босна)
Он има и сестра, убава, еманципирана, со завршен факултет, поприлично западњачки ориентирана. Доколку јас и она имаме било што, иако тоа не е можно, никогаш, значи НИКОГАШ нема нејзините да го прифатат тоа и истата ќе биде отфрлена од својата фамилија, а и сигурно ќе јадам ќотек од брат и и компанијата иако ме знаат цел живот.
Едноставно такво нешто нема шанси да дозволат. (доколку би била обратна ситуацијата не би им сметало)
Но, еве хипотетички да претпоставиме дека нејзината фамилија ме прифаќа, тогаш ќе бидеме осудени од нејзините/своите роднини, од околината и веројатно ќе треба да се преселиме на друго место за да би можеле да живееме нормално. (ова се случува со доста мешани бракови во Босна за време на војната)
За мене е тоа преголем залак и никаква Теута не би можела да ме натерала да се откажам од се и одам со неа на крај на светот каде што нема ниеден наш и нивни. Доколку ти можеш да преминеш преку тоа, слободно, премини. Последиците ги знаеш, претпоставувам.
Сеќавањата од 2001 се сеуште свежи, а и секојдневно се обновуваат со по некоја случка кај двете страни за да се шири омразата помеѓу нас. Ќе треба да поминат години, години за да може да се премине преку тоа и да се зближиме со нив на таков начин да може слободно да има врски/бракови меѓу нас иако сум скептик за тоа.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.688
Поени од реакции
115.385
Ама овака нема прогрес, нели?

Небитно тоа, кажи ми како си ја ставаме главата во торба, многу ме интересира.
Не ни сакам да има таков прогрес на кој алудираш. Ете што донесе “прогресот“ во Германија и останатите западни земји со овие од Сирија. Абе што ви е луѓе, зар сеуште има некој што мисли дека демократијата е добар систем?
 
Демократијата е најлош систем, но нема подобар.

@Agda Beata за да не се објаснуваме и вртиме во круг, ако не си го гледала, погледај го Not without my daughter. Само без муабети "не се сите такви", а посебно не "ова е на Исток, овде не е така".
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
@Daedalus , причина која би била толку објективна за да го задоволи твоето прашање, немам. И не само јас, никој Македонец не би можел да ти даде таква. Дури и да се најде таков што ќе ти рече дека има загубено член од фамилијата во 2001, бил протеран од своето огниште или е еден од Мавровските работници, ти би рекол нешто во стилот "па не се сите Албанци такви. Било па поминало. Треба да се сакаме, не да се мразиме" и други излитени фрази. Затоа моите субјективни причини ќе си ги оставам за себе, а ти слободно рамни ме со хомофоби, шовинисти и расисти.
@Agda Beata,
Убаво изгледа твојот пример овака на форум, виртуелно, но малку е поразлично во живо. Тоа да се случи е рамно на нула. Но, бидејќи обожаваш да даваш хипотетички примери, замисли го следново:
Имам комшии Албанци со кои имаме взаемна почит и добро се слагаме. Честитање на верски празници, делење на јајца/баклава, пиење комшиско кафе. Со нивниот син заедно сме растеле и сме добри пријатели. Никогаш не сме влегле во сукоб, затоа што теми како Смилковско, 2001, Ангел, Шкендија-Вардар, па еве сега најново и ситуацијата во Турција и Ердоган се помеѓу нас забранети. Знаеме и двајцата ако ги начнеме нема истото да заврши добро, затоа ги одбегнуваме. Истиот тој ќе биде прв кој ќе ми "зарие нож" во случај на нова војна, без разлика на се. Во таква ситуација или си со твоите или си против нив. (најдобар пр. Војната во Босна)
Он има и сестра, убава, еманципирана, со завршен факултет, поприлично западњачки ориентирана. Доколку јас и она имаме било што, иако тоа не е можно, никогаш, значи НИКОГАШ нема нејзините да го прифатат тоа и истата ќе биде отфрлена од својата фамилија, а и сигурно ќе јадам ќотек од брат и и компанијата иако ме знаат цел живот.
Едноставно такво нешто нема шанси да дозволат. (доколку би била обратна ситуацијата не би им сметало)
Но, еве хипотетички да претпоставиме дека нејзината фамилија ме прифаќа, тогаш ќе бидеме осудени од нејзините/своите роднини, од околината и веројатно ќе треба да се преселиме на друго место за да би можеле да живееме нормално. (ова се случува со доста мешани бракови во Босна за време на војната)
За мене е тоа преголем залак и никаква Теута не би можела да ме натерала да се откажам од се и одам со неа на крај на светот каде што нема ниеден наш и нивни. Доколку ти можеш да преминеш преку тоа, слободно, премини. Последиците ги знаеш, претпоставувам.
Сеќавањата од 2001 се сеуште свежи, а и секојдневно се обновуваат со по некоја случка кај двете страни за да се шири омразата помеѓу нас. Ќе треба да поминат години, години за да може да се премине преку тоа и да се зближиме со нив на таков начин да може слободно да има врски/бракови меѓу нас иако сум скептик за тоа.
Друже ти збориш за случај кој ти е комшиски, и тука нема никаква врска дали се работи за национална или пак верска релација. И да сте македонец и македонка, секогаш ќе има негодување од страна на родинините/родителите бидејќи традиционалноста (онаа фамилијарната) е уште поголем проблем кој ќе бара изговори на тема верска и национална нетрпеливост. Е токму таа традиционалност е рак рана во целиов проблем. Ако ти утре запознаеш некоја Нора во дискотека и живеете на малку поголемо растојание и не се познавате онолку добро колку што би се познавал со некоја Марија што ти е комшивка но ете татко и` е некој традиционален тип, секако дека ќе игра друга улога работава.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Демократијата е најлош систем, но нема подобар.
Социјализам во СФРЈ, еден куп мешани бракови и братство и единство. Ме примале на гости и католици и муслимани без да прашат кој сум и шо сум.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom