Прегледај го приврзокот 391816
... постојат два типа вакцини против ХПВ (четиривалентна или тетравалентна, а другиот е двовалентна или бивалентна вакцина).
...тетравалентната вакцина се аплицира против четири типа ХПВ (16, 18, 11 и 6). ХПВ 16 и 18 се во високоризичната група вируси и се причина за околу 70 проценти од случаите на рак на грлото на матката, додека другите типови ХПВ 6 и 11 не предизвикуваат канцер, но се одговорни за околу 90% од случаите во кои на цервиксот има генитални брадавици.
...бивалентната вакцина не може да пружи заштита против гениталните брадавици, бидејќи е развиена за да дејствува против вирусите 16 и 18.
...кога ги испитуваме случаите на рак на грлото на матката, се чини дека најзначајниот фактор е ХПВ, т.е. хуман папилома вирус, ама не сите ХП вируси предизвикуваат канцер, многу жени се инфицираат со овој вирус, но, во 90% од случаите, имунолошкиот систем го исфрла вирусот без жената воопшто да биде свесна за сето тоа. ...во преостанатите 10% од случаите, оваа состојба станува трајна, некои дополнителни фактори, како што се пушењето, слабиот имунитет орални контрацептиви, социоекономскиот статус или генетски фактори, можат да влијаат ХПВ да опстои.
...во некои од овие случаи се развиваат преканцерозни лезии како CIN2 и CIN3 кои можат да се претвораат во рак на грлото на матката.
...како резултат на тоа, ХПВ се детектира кај речиси 100% од сите случаи на рак на грлото на матката, но не секоја жена која ќе се зарази со вирусот добива рак.
... постојат околу 14 високоризични типови на ХПВ, типовите со броевите 16 и 18 се одговорни за 70% од случаите.
...тетравалентните и бивалентните вакцини се ефикасни кај оние кои никогаш во животот не се заразиле со ХПВ.
...познати околу 150 вида ХПВ, од кои 40 типа се причинители на инфекции во гениталниот регион, а само некои генотипови имаат малиген потенцијал.