Македонија 8-ма геј нација во светот!
25.11.2010 19:34
После истражувањето на
здружението на граѓани Хоризонт за бројот на хомосексуалците во Македонија, се отворија многу прашања.
Да потсетиме, 30 хомосексуалци во рок од 6 месеци анкетираа 12000 испитаници кои се изјаснија како хомо или бисексуалци.
Ако тие просечно имаат по 25 партнери, претседателот на здружението Ивица Младенов одговорно тврди дека
вкупниот број на хомосексуалците во Македонија, се движи околу 200 илјади.
Грубо кажано тоа се 10 посто од Македонците, процент кој не прави осма геј нација во светот.
За споредба во цела Австралија процентот никогаш не е поголем од три. Земја со најголем процент за чудо е Кина.
Малите жолти очигледно се плашат од тоа дали ќе ги импресионираат дамите, бидејќи сите знаеме дека се прогласени за најлоши љубовници на светот, па решиле среќата да ја бараат со истиот пол.
Очекувано процентот на геј-мените кај нашиот јужен сосед е 10. Па кога следниот пат ќе пцуете на секое споменување на Грците, помислете на оваа анализа. Цицачи со поголем процент од овој се само лилјаците.
Она што нас не вади и ни влева надеж дека сепак немаме толку многу хомо или бисексуално настроено население, верувале или не, е проституцијата. Имено од оние 12 000 испитаници дури 2460 го прават ова за пари. Ако веќе ве интересира, цената се движи од 100 до 6000 денари.
Како и да е иако навистина секој десетти жител на Македонија е обратен, тогаш зошто сме немале Парадата на гордоста?
Бидејќи сепак процентот на оние кои не само што не сакаат да се покажат во јавноста, туку и се први во борбата против хомосексуалците, е толку голем што сите овие напори за докажување и пумпање на бројката 200 000 гејови во Македонија, ги фрлаат во вода.