СЕКОГАШ доцнам и тоа константно, едноставно кога знам дека имам уште некое време си го користам максимално и обврските во тие моменти ми се максимално распоредени, така што ако нешто ми одземе повеќе време од предвиденото си доцнам и повеќе. :pos2: Само за автобус не смеам да доцнам, иако понекогаш и тоа може да ми се случи ама затоа пак доволно кажува фактот што секогаш брзам за на автобуска
Скоро секогаш доцнам...Без разлика дали на предавања,на колоквиуми,на испити,на работа,со другарки,абе морам да закаснам..И дури почнувам и да се нервирам,и знам зошто секогаш доцнам но никако да се поправам......
Колку и да се трудам да бидам точна секогаш каснам, ама секогаш имам добра причина за тоа..
Ми се скинале хулахопките, ми каснело таксито, имало сообраќајка и сл :pos2:
Точно на време според мојот саат во 99 посто од случаевите,е сега ако се вмеша само некоја виша сила тогаш можи и да се случи да закаснам и не сум јас крив за тоа.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.