S
Sheldon Cooper
Гостин
се сетив, имам видено индиски / турски зачини во супермаркетот Рамстор, за оризот и куминот сум сигурен
Оризот исто го има и во Рамстор, Веро и во Тинекс .. само зависи која фирма.се сетив, имам видено индиски / турски зачини во супермаркетот Рамстор, за оризот и куминот сум сигурен
Со ова многу оде сос од печурки и павлакаКомпири со сусам
Потребни состојки:
- компири (што помали тоа подобри)
- сусам
- малку путер
- сол
Компирите се ставаат во подлабок сад за да се сварат (се варат околу 10-тина минути). Се лупи од лушпата, се ставаат во огнооптпорна тава,се посолуваат, се посипува со сусам и се ставаат парчиња путер одозгора.
Се печат на 250 степени, додека да заруменат.
Прегледај го приврзокот 49313
Грашокот, дали е свеж или замрзнат или неопходно претходно да се обари или да е грашок од козерва?Брзо, лесно, и убаво
за 2ца
600 грама компир
200 грама грашок
3 чешниина лук
1 лажичка црвен пипер
1 лажичка вегета
сол црн пипер
Компирите се лупат, дробат и варат 20 минути. Коа ќе се сварат се цадат од водата. У меѓувреме се лупе луко, сецка се на ситно и се става да се прже у зејтинче на среден огин. После 1-2 минути се додава грашоко и се прже оште 2 минути и се додават исцадените компири. Прже се сето околу 5-6 минути, и у него се додава црвенио пипер, вегетата, црн пипер, и сол.
Може да се сервира со секакво готвено месо, или па со сиренце/паниран кашкавал...
Обично грашокот од конзерва има темно зелена боја како на сликата, а и не прави разлика каков е истиот. Ако имаш дома замрзнат нормално дека ќе го обариш, а ако имаш конзерва грашок тогаш немаш потреба да го вариш.Грашокот, дали е свеж или замрзнат или неопходно претходно да се обари или да е грашок од козерва?
Ох забравих, од конзерва е.. Може обарен ќе има посилен вкус.Грашокот, дали е свеж или замрзнат или неопходно претходно да се обари или да е грашок од козерва?
Фала, еве ги, само си дозволив да ставам и свежи домати. И имав сецкана туна дома, ама вкусот е секако ист.Макарони со туна?
Потребно ти е голема конзерва туна, пакетче макарони, една павлака, 2-3 лажици мајонез и лимон.
Макароните се варат со бибер и оригано, се засолуваат одкако ќе се сварат и исцедат, им се додаваат останатите состојки и се меша убаво.
Исцеди го маслото од туната и не заборавај на лимонот зошто инаку е "потешка" за јадење.
Браво,јас само би додал и печурки и салама со средни парчиња да биде по "богато" . Не дека сум правел дома, туку за 150 денара готово со се фурнаринки си порачувам презадоволен сум.Топено сирење, превземено и надоградено од sitnoseckano.com
Користени состојки:
- 250 гр сомборска фета од президент
-Green Food органски доматен сос
-Овчо сирење (во случајов Николови)
-Кашкавал мешан битолски
-лукче
-бибер
Се премачкува тавата со лукче, па се реди фетата и се дроби со вилушка. Врз фетата се мачка доматниот сос (овој кој го користев е особено вкусен, ама може и кечап), па бибер. Врз него се ренда сирењето во еден потенок слој и одозгора се ренда поголем слој на кашкавал. Се става во загреана рерна на 200 степени и се пече 15 до 20 минути, додека не зарумени кашкавалот.
За фурнарините:
Смрзнато тесто за пица, се сече на 8 или 12 парчиња, се премачкува со матена жочка и одозгора сусам (јас ставив и вегета). Се пече онолку колку што пишува на пакувањето.
Се` на се`, битолско Буре може вода да ми носи.
Ќе пробам следниот пат и со свежи шампињони и шунка, и да си направиш- верувај ми поубаво ќе ти испадне отколку купечкото.Браво,јас само би додал и печурки и салама со средни парчиња да биде по "богато" . Не дека сум правел дома, туку за 150 денара готово со се фурнаринки си порачувам презадоволен сум.
Не бидува, излегуваат како варени шунката и печурките. Може само да ги наредиш одозгора на кашкавалот кога ќе се потпечи малку.Ќе пробам следниот пат и со свежи шампињони и шунка, и да си направиш- верувај ми поубаво ќе ти испадне отколку купечкото.
Јас би ставила сланина наместо шунка, чисто да му даде мирис и обично ја сечам на тенки парчиња и ја пропржувам во тавата пред да ја ставам во јадењето.Не бидува, излегуваат како варени шунката и печурките. Може само да ги наредиш одозгора на кашкавалот кога ќе се потпечи малку.
.