Секакви рецепти

Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Морам да напишам рецепт за преубавата салата што ја јадев во Грција сега кога бев...Значи едноставна е и лесна за правење, а многу вкусна и здрава...Во Грција 2-3 пати ја јадев и еве сеа дома си ја правам...

Пикандика

Во една чинија се ренда свежа зелка, врз неа се ренда морков, па се става сецкан целер, поточно 2-3 гранчиња сецкани целер без листот, па сецкан магдонос, малку црвен кромид, сецкана свежа црвена пиперка...Количината на зеленчукот во зависнот за колку луѓе се спрема...На крај маслиново масло, лимон исцеден и сол и убаво се меша...
Салатава е закон, ја обожавам...
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.641
Поени од реакции
35.182
Вкусни обланди

Потребно:
- 2 листа обланди
- 300гр, млеко
- 300 гр. шеќер
- 100гр, чоколадо за кување
- 250гр маргарин (една коцка)
- 700гр, мелени бисквити
- 300гр. ресани

Се варат млекото, шеќерот, маргаринот и чоколадото за готвење, се остава 2-3 минутки да олади, им се додаваат мелените бисквити и филот е готов. Филот се дели на 2 дела
На првиот лист обланда се става едната половина од филот, па се ставаат одозгора ресаните, со чоколадниот дел надолу (спрема филот) и се премачкуваат одозгора со останатата половина од филот.
На крај се става втората обланда, се остава да се стврдне и се сече на коцки, штангли или по ваша желба.
Испробано и ептен вкусно

vkusni oblandi.jpg
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
А некој љубезен да запише некој рецепт со туна?? м?
Макарони со туна?
Потребно ти е голема конзерва туна, пакетче макарони, една павлака, 2-3 лажици мајонез и лимон.
Макароните се варат со бибер и оригано, се засолуваат одкако ќе се сварат и исцедат, им се додаваат останатите состојки и се меша убаво.
Исцеди го маслото од туната и не заборавај на лимонот зошто инаку е "потешка" за јадење.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.641
Поени од реакции
35.182
Компири со сусам

Потребни состојки:
- компири (што помали тоа подобри)
- сусам
- малку путер
- сол

Компирите се ставаат во подлабок сад за да се сварат (се варат околу 10-тина минути). Се лупи од лушпата, се ставаат во огнооптпорна тава,се посолуваат, се посипува со сусам и се ставаат парчиња путер одозгора.
Се печат на 250 степени, додека да заруменат.

компири.jpg
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Компири со сусам

Потребни состојки:
- компири (што помали тоа подобри)
- сусам
- малку путер
- сол

Компирите се ставаат во подлабок сад за да се сварат (се варат околу 10-тина минути). Се лупи од лушпата, се ставаат во огнооптпорна тава,се посолуваат, се посипува со сусам и се ставаат парчиња путер одозгора.
Се печат на 250 степени, додека да заруменат.
Јас му турам и пипер буковска лута, ептен се добри инаку за мезе и за јадење, посебно ако се пресни мали компири.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.263
Грав со сланина од конзерва

Ја земаш конзервата (од Кам маркет 60 и нешто денари), ја отвораш и ја ставаш во тенџере со вода, нормално да не го преклопиш со водата. Чекаш да достигни температура погодна за јадење, ја вадиш конзервата ја истураш смесата во пајнца и јадиш.
Подобро ни јас не можам да го направам.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Грав со сланина од конзерва

Ја земаш конзервата (од Кам маркет 60 и нешто денари), ја отвораш и ја ставаш во тенџере со вода, нормално да не го преклопиш со водата. Чекаш да достигни температура погодна за јадење, ја вадиш конзервата ја истураш смесата во пајнца и јадиш.
Подобро ни јас не можам да го направам.
Што си ја мачиш душата со толкава процедура, земи само тури ја конзервата во чинија и стави ја во микробранова на двојка high да се стопли.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.263
Што си ја мачиш душата со толкава процедура, земи само тури ја конзервата во чинија и стави ја во микробранова на двојка high да се стопли.
Не е ист вкусот, да ме верваш.
 
L

Luki Junior

Гостин
Денеска малко поегзотичен рецепт... Требе си припрема за специфични зачини, и специфичен ориз... (Индиско е + вегетаријанско)
Потребни состојки:
250 грама Басмати ориз (за 2 лица)
3 френки
1 морков
1 чушка (може и лута)
3-4 маленки кромида (или 2 поголемки)
4 чешниина лук
1 чаена лажица кумин семки
2 чаени лажици Сабџи Масала
1 чаена лажица Чана Масала
1 чаена лажица Гарам Масала
1 конзерва од 250 грама сварена леблебија (chickpeas).. Може и зелен грашок (Од него 300 грама само)...
250 грама доматено пире
Сол, црн пипер, (и ако некој сака повеќе луто и зачинето отколку шо е со овие зачини, нека си додаде лута чушка по желба)

Зачините + оризо:


Оризо требе да се сваре и да нема никаква вода у него. Може да го сварете у тенџере и да го исцадете... Јас го варам у микробранова и излева сух и перфектен за мешајне... Ако некој сака у микробранова да го варе става 1 дел ориз, 2 дела вода.. (Значи за 250 грама ориз, 500 мл. вода).

оризо сварен



Зеленчуците, измиени и подготвени за дробејне:


Дробе се кромидо со луко и морково.. На тава со загреен зејтин на среден огин, става се кумино, и после пола минута се дотура здробенио кромид, со лук и моркови..
Сето се прже додека кромидо не добие златна боја....
У меѓувреме се дробе чушката и френките, и се додават коа кромидо е со златна боја...

Прже се до 5 минути (додека сето не стане хомогено малку од малку), и се додават зачините Чана, Сабџи и сол.... прже се оште 2-3 минути и се додава варената леблебија (или грашок).
Сето тава се меша и се прже 1-2 минути и се додава доматеното пире и зачино Гарам...
Сето убаво се меша и се остава да поврие 10 минути на тивок огин (ако е силно ќе прска ного и ќе напраа лом на шпорето)...

Коа е готово требе да изледа вака:



За сервирајне:
Може посебно да си е самото кари, и посебно оризо (как шо му е редо по индиски) и у чинијата си го меша индивидуално секој со рака и си го јаде..

Ама јас оти сам мрзло и јадам со вилушка ставам го оризо у тавата со кари и го мешам целото за полесно да е за црпајне и јадејне:



И на крај у чинијата:

 
S

Sheldon Cooper

Гостин
1 чаена лажица кумин семки
2 чаени лажици Сабџи Масала
1 чаена лажица Чана Масала
1 чаена лажица Гарам Масала
1 конзерва од 250 грама сварена леблебија (chickpeas)..

Зачините + оризо:


Оризо требе да се сваре и да нема никаква вода у него. Може да го сварете у тенџере и да го исцадете... Јас го варам у микробранова и излева сух и перфектен за мешајне... Ако некој сака у микробранова да го варе става 1 дел ориз, 2 дела вода.. (Значи за 250 грама ориз, 500 мл. вода).
каде можат да се наjдат индискиве продукти т.е зачините?
 
L

Luki Junior

Гостин
Не знам у Македонија дека ги има, то ест не сам ги терал од Македонија... У Софија (бг) има индиски продавнички, па од там сам ги зимал зачини и ориз..
А овие конкретно на сликата са купени од Германија. Мераклија сам ного на источна кујна па сам си ги купил...
А варена леблебија мош и да има по дуќаните (кај нас мислам оти и наут се вика, ама не сам сигурен).
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Имало во Веро гарам масала ама јас неколку пати кога проверував не успеав да најдам. Па најдов рецепт за подготвување дома:

Ќе ви треба:
2 -3 лажички кориандер
3-4 ловорови листа
7 кардамом зрна (или 1 лажиче мелен кардамом)
1 лажиче црн бибер (ако имате во зрна - уште подобро - оти свежо смелениот бибер е подобар во рецептов)
2 лажичиња кумин
1-2 лажичиња цимет (јас многу сакам цимет па ставам 2, ако не сте толку по циметот, намалете ја количината)
5-7 каранфилчиња (ќе треба да ги смелете или истолчите)
1 чиста тегла (големина околу 200 - 250 гр.)
Измелете ги зачините кои не се мелени и измешајте ги сите состјки. Чувајте ја гарам масалата во чиста тегла, на темно (не на отворена полица) за вкусот да остане свеж подолго. Ќе ви трае со месеци. Оваа мешавина на гарам масала нема чили зачин, ама вкусот сепак ќе биде малку љут, поради големата количина црн бибер.

Кардамом и кумин има скоро во сите поголеми маркети, исто и коријандер има на Маестро ако не успеете по пазарите да го најдете.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom