Medea
Облинеса
- Член од
- 25 април 2007
- Мислења
- 2.973
- Поени од реакции
- 3.269
Бумбар ќофте
Потребно е:
400 гр двапати мелено телешко месо
1 главица рендан кромид
2 лажици презла
1 мала шоља ориз
магдонос сечкан
црвен пипер
бибер
сол
масло
За запршка - 3 лажици брашно
1 лукче ситно исечкано
вода - зависност од густината, додавајте по потреба
1 пакување томатело (250мл.)
Меленото месо промешајте го со ренданиот кромид, презлата, оризот, магдоносот, зачините и направете топка од него. Оставете го да одмори во фрижидер барем 20 минути.
Откако ќе одлежи, направете мини ќофтенца со големина малку поголема од орев и пржете ги во врел зејтин.
Оставете ги настрана да се оладат.
Во тенџере на масло, на тивко пржете го брашното, да добие кремава боја. Додајте го ситно сечканото лукче и на крај претходно испржените ќофтиња. Полека додајте вода и томателото.
Нека крчка на тивко, за ќофтињата добро да набабрат. Отприлика 30 минути е доволно за добро да се свари сосот.