Секакви рецепти

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Бумбар ќофте

Потребно е:
400 гр двапати мелено телешко месо
1 главица рендан кромид
2 лажици презла
1 мала шоља ориз
магдонос сечкан
црвен пипер
бибер
сол
масло

За запршка - 3 лажици брашно
1 лукче ситно исечкано
вода - зависност од густината, додавајте по потреба
1 пакување томатело (250мл.)


Меленото месо промешајте го со ренданиот кромид, презлата, оризот, магдоносот, зачините и направете топка од него. Оставете го да одмори во фрижидер барем 20 минути.
Откако ќе одлежи, направете мини ќофтенца со големина малку поголема од орев и пржете ги во врел зејтин.
Оставете ги настрана да се оладат.

Во тенџере на масло, на тивко пржете го брашното, да добие кремава боја. Додајте го ситно сечканото лукче и на крај претходно испржените ќофтиња. Полека додајте вода и томателото.
Нека крчка на тивко, за ќофтињата добро да набабрат. Отприлика 30 минути е доволно за добро да се свари сосот.
 
П

Пепси_

Гостин
не е некој рецепт ама ќе го пишам.....може ќе му користи на некој
Потпечени кришки леб со кашкавал ( мој експеримент) :)

Потребно е :
кришки леб (по желба)
павлака
шунка
маслинки
кашкавал (нај битното)

Подготовка:
Земаме кришките и ги премачкуваме со павлаката,а потоа се стават маслинки (сецкани без семка секако:D)потоа се става парче шунка, и на крај големо парче (може и 2-3) кашкавал. Се редат кришките во тава и се печат на 250 степени.

п.с. многу е брзо и едноставно а сепак е вкусно поради растопениот кашкавал (y)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас вечерва ќе правев ќофтина во сос од домати но по грешка месото го подварив во микробрановата и ми се растури додека го пржев. Се одлучив во прженото растурено месо како за мусака или пак сос болоњезе да му додадам сос од домати, магдонос, оригано, вегета и малку вода и да го оставам да врие се додека не се згусни.
Сега само му додадов малку кисела павлака и навистина е одлично за јадење со леб и покрај тоа што изгледа малку бедно.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Еве јас што денеска ќе доручкувам. Иако е 2 попладне, ја си го ова рачунам за доручек. Рецептот е од kulinar.mk и до сега сум го правел неколку пати. Ептен е добар за брз доручек и за оние кои сакаат пикантни јадења.

Лута Кајгана

Потребни состојки:
-феферони, колку ќе ставите зависи од тоа колку се лути и колку сакате луто
-колбас, од прилика 100гр.
-три јајца, или повеќе, зависи од тоа колку сте гладни
-еден поголем домат
-сирење, по желба
-сол, вегета, буковец и црн пипер

Колбасите, исечени на кругчиња, ги пржиме на загреано масло. Потоа ги додаваме фефероните, исечени на ситни полукругови и доматот, исечен на парчиња. Им додаваме буковец и црн пипер. Јајцата ги кршиме во сад, додаваме вегета, сол, малку буковец и малку црн пипер. Ги матиме јајацата, го додаваме изренданото сирење и сето ова го додаваме во тавата на оган. За време на пржењето промешуваме. Толку.

Совет: Идеален леб за овој доручек е босанката од Специјал.

Пријатно јадење...
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
Ќофтиња од брокула

Брокула грамажа по желба
2 јајца
брашно
зачини сол, црн пипер, вегета,
зејтин
лук

Земате поголем сад ги делите брокулите на помали цветчиња и ги ставате во вода малку да се обарат колку да омекнат, потоа ги сецкате или ставате во блендер или сецко да се направаат на ситни парченца (што поситно тоа поубаво), ги истурате во длабок сад додавате 2 јајца, малку зејтин, зачините, и брашното додека ја мешате смесата полека го сипете за да настане хомогена смеса нит многу густа нит течна, по желба можете да додадете лук и магданос кој како милува и каков вкус има, со помош на лажица си определувате големина на ќофтињата и ги пржите во претходно загреано масло, како што ги вадите од маслото ставајте ги на хартија за да се упие вишокот масло, одлични се за вечера и појадок, а можат да се служат со пиџур и летна манџа.

Бон апетит! :)
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Е баш ми се погоди темата.Значи машко сум но невиден гурман во крвта ми е тоа по татко ми.Значи се јадам тотално све(освен зелка манџа и сутлијаш)...
сум испробал многу работи и можда ќе ви се згади од некои како например колбас од мечка(во Битола),стек од куче(во кинески ресторан),ориз со печени црви и скакулци(кинески), стек од ајкула(тајландски ресторант),дробови од желка(лично дома),жабји батаци ехееее и многу работи и сакам да пробам.Бидејќи татко ми е главен шеф во еден ресторант,секогаш можете да ме прашате за некоја рецепта или комбинација за храна,примам се што ќе каже тој а и некогаш му и помагам.Пред се тој подготвува здрави јадења...поздрав :D
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
Е баш ми се погоди темата.Значи машко сум но невиден гурман во крвта ми е тоа по татко ми.Значи се јадам тотално све(освен зелка манџа и сутлијаш)...
сум испробал многу работи и можда ќе ви се згади од некои како например колбас од мечка(во Битола),стек од куче(во кинески ресторан),ориз со печени црви и скакулци(кинески), стек од ајкула(тајландски ресторант),дробови од желка(лично дома),жабји батаци ехееее и многу работи и сакам да пробам.Бидејќи татко ми е главен шеф во еден ресторант,секогаш можете да ме прашате за некоја рецепта или комбинација за храна,примам се што ќе каже тој а и некогаш му и помагам.Пред се тој подготвува здрави јадења...поздрав :D
Те молам да го прашаш татко ти ми треба рецепт за телешко ама нешто убаво сочно и меко, не онаа класика ако може? :)
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Те молам да го прашаш татко ти ми треба рецепт за телешко ама нешто убаво сочно и меко, не онаа класика ако може? :)
Има многу рецепти,но ете јас ќе ти предложам еден.Знаеш дека прво се зовира и све па се става во плехче да се пече. ...стави му одозгора парчиња пушена тенка сланина стави му неколку листови низ целото телешко а можеш и со пиво да прелиеш.Е сега јас ти кажувам за телешко за бут коленица или такви делови ако е за мелено месо за ќофтиња пример има други...му дава посебен шмек а и исто тој зачинот што е од кикирики многу убав за месо.
 

Ann.

Queen of Nature
Член од
27 април 2006
Мислења
504
Поени од реакции
50

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Те молам да го прашаш татко ти ми треба рецепт за телешко ама нешто убаво сочно и меко, не онаа класика ако може? :)
Еве ти од мене рецепт за телешки шницли :D
Земи си телешко месо од месара, ама нагласи дека е за шницли. Кога ќе дојдеш дома исецкај од целото парче шницли со дебелина од 1-1,5 цм. Стави зејтин во тенџере да се згрее, а шницлите посоли ги од двете страни, стави им вегета и обавезно сенф. Пушти ги да се пржат со затворен капак 20 минути од една, па 20 минути од друга страна додека да заруменат, на 1,5-2ка рингла :icon_lol: После стави им вода 300-400 мл и остави ги да се динстаат некои 2 часа на слаба температура - 1 на ринга.
За тоа време земи излупи компири, исецкај ги и стави ги да се варат со сол 15 минути. Потоа исцеди им ја водата, стави ги во тава за печење, стави зејтин и зачини по желба, па пушти го горниот греач на рерната и стави ги компирите да заруменат.
И на крај, уживајте во зготвеното јадење :D
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
потребно:
  • 100 г маргарин (омекнат)
  • 0.5 чаша шеќер(може и помалку - по желба)
  • 2 јајца
  • 2 чаши овесни снегулки
  • по 1/2 чаша ореви(бадем.лешник...),сува брусница и бела чоколада
  • на 170-180 загреана рерна се печат 15-20 минути










 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Пак јас на темава. Не дека многу сакам да готвам, ама понекогаш имам такви моменти. Денес го направив следното јадење:

Свински кременадли со компири и пиперка

Што ви треба? (за двајца)
- 700-800гр. компири
- 400гр. свински кременадли
- една поголема блага пиперка
- еден кромид
- сенф
- сол, црн пипер, вегета, мелен босилок

Компирите се лупат и се сечат на поголеми коцки. Пиперката се сече на полукругови, а кромидот се сече ситно. На компирите, пиперката и кромидот додавате сол, вегета, црн пипер, босилок и зејтин. Ги мешате сите овие работи.

Во тава за печење ставате зејтин и ги ставате кременадлите. Врз нив наросувате вегета и црн пипер и ги премачкувате со мал слој сенф. Врз кременадлите во тавата ги додавате компирите со пиперката и кромидот. Во тавата ставате околу 200ml вода и ја покривате со фолија за печење.

Печете од прилика еден саат на 200 степени, додека компирите не омекнат. Потоа ја тргате фолијата и печете уште 15-20мин. додека компирите не се вцрвенат.

Еве мене што ми испадна:
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Домашен рецепт за тортички на стапче


Потребни состојки за тортата:
  • 2 филџани шеќер
  • 2 филџани брашно
  • 1 филџан какао во прав
  • 1 ќесичка прашок за пециво
  • 1 кафена лажичка сода бикарбона
  • 1 кафена лажичка сол
  • 2 јајца
  • 2 филџани млеко
  • ½ филџан масло
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 2 филџани зовриена вода
Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 250 степени. Тавата подмачкајте ја со масло и нанесете брашно по целата површина за да не се лепи тортата. Во еден сад додадете ги: шеќерот, брашното, какаото, прашокот за пециво, содата и солта. Измешајте ги состојките, па во истиот сад додадете ги јајцата, млекото, маслото, ванилиниот шеќер и зовриената вода. Матете неколку минути со миксер на средна брзина, сè додека добро не се соединат состојките. Потоа добиената смеса истурете ја во тавата за печење.Печете од 30 до 35 минути, а откако ќе биде готова, оставете ја подолго време добро да се олади. Она што е добро кај тортичките на стапче е тоа што се одличен начин да искористите остатоци од торта. Тортата која останала растурете ја во сад и преобразете ја во чоколадни топки. Никој нема ни да забележи дека тоа е истата торта. Растурете ја во еден сад, додадете еурокрем или каков било чоколаден крем, добро промешајте, а по желба може да додадете уште малку млеко. Смесата која ја добивте размесете ја добро со раце, а потоа направете топчиња. Сега ви требаат подолги стапчиња, пластични или дрвени. За подобро да стојат топките на стапчињата, нивните врвови намачкајте ги со топена чоколада пред да ги ставите топките. Така направени, тортичките на стапче оставете ги малку да одстојат во замрзнувач.Украситеги со чоколадни трошки во разни бои, и тоа, прво топчињата ги потопувате во топеното чоколадо, а потоа ги валкате во трошките.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
каде може да се купи ваков маринатор, знае ли некој?


--- надополнето: 13 март 2012 во 22:13 ---

--- надополнето: 13 март 2012 во 22:14 ---
 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158
Еден тенок(џоа диетален) десерт, од coolinarika го ископав, вкусно е и едноставно, а и прилично некалорично.

Гриз со банани
Потребно:
  • 80 гр. гриз
  • 4-5 лажици шеќер ( јас кафеав шеќер ставам, а и количината да се прилагоди)
  • 750 мл млеко
  • 1 јајце
  • 1 ванилин шеќер
  • лажица мед
  • 2 банани
  • малку сецкани ораси
  • сок од 1/2 лимон
Се меша јајцето со шеќерот и ванилиниот шеќер, па се додава ова во млекото и се меша да се соедини добро. Се става на тивок оган, па се додава и гризот и се меша постојано 5-10 минути. Се трга на страна 2-3 минути( не подолго од ова, за да не се згусти) да одстои. Во друг сад се ставаат сецканите банани, орасите, сокот од лимон и лажица мед ( може да се додаде и цимет).
Потоа во длабоки чаши се става ред од смесата со гриз, па ред од бананите, и пак на крај од гризот. Може да се декорира со шлаг или чоколаден прелив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom