Нека раскажат и вистинските сторители нека ги снесат последиците. Но дали тие деца имале родители? Дали тие родители можеле да преземат нешто? Знаеш дека приказните се вакви “абе јас имав една другарка и таа беше знаеш малку проблематична и еден професор еднаш ја фати.....“! Нека излезат со имиња и презимиња и тие нека се соочат со правдата. Вака приказната мене ми изгледа како добро фабрикувана, да не речам лажна. и раскажувачите не можат за ништо да одговараат затоа што никого конкретно не обвинуваат. Но кога ќе се соочиме со реални и вистинити факти, тогаш вистината ќе може да дојде на виделина.
Башка ова се случувало и надвор од училишните клупи, што со тие приказни?
Ти бараше за членот погоре БАН, а сега во 2 различни коментара, 2 навреди упатени кон мене! Јас не избрав конкретна страна, а ако имаш приказна кажи кој и што ти направил,
или кажи како изгледале полицајците кои ти се смееле, ако веќе не им ги знаеш имињата. Ако тоа е вистина тогаш јас ќе застанам на твојата страна затоа што нивна работа е да го штитат јавниот ред и поредок, а со тоа и граѓаните. Сега имаш да кажеш нешто повеќе од навреда или не? И нели 3 пати ми посочи јас да не ти реплицирам!? Сега зошто ти мене ми реплицираш?