Miss.Independent
Me,Myself & I
- Член од
- 26 јуни 2013
- Мислења
- 1.390
- Поени од реакции
- 3.418
Станува збор за кампања со ознаките #сегакажувам и #TaniTregoj, иницирана од независни активистки.
„Целта е да се стави во фокус и да се де-нормализира насилството и микроагресиите што се вршат врз жените и девојчињата, како и да се предизвика културата што го имплицитно и суптилно го негува и наградува тоа „фраерско“ токсично машко однесување“- Василева (активистка)
„Не е целта да се спроведе казна или одмазда врз поединечни престапници (дел од токсичните однесувања не ни би можеле да повикаат на правна разрешница), туку да се стави во фокус женското доживување на овие микроагресии. Понатаму, дел од сторителите на посериозни дела се на многу моќни позиции и би било речиси невозможно да се предизвика нивниот статус. Имало изолирани обиди за тоа, и речиси редовно биле заташкани или завршиле на штета на жртвата. Дел од случаите се застарени“, - Василева
Кампањата е започната од независни активистки поттикнати од светските случувања по скандалите што го потресоа прво Холивуд со сведоштвата за однесувањето на продуцентот Харви Вајнстајн, директниот повод им е да се надоврзат на светската кампања што се одвива под мотото „и јас“ (me too).
Кое е вашете лично мислење за ова? Дали сметате дека би имало некаков добар исход или со тек на време ќе се заборави?
Исто така наидов и на машки коментари кои пишуваа дека сега тие се дискриминирани во однос на оваа кампања а други се исмејуваа со целата ситуација.
Во прилог неколку постови

![upload_2018-1-19_18-51-51.png](/data/attachments/184/184104-3d4851ea830710c735264febe2ff8e80.jpg)
![upload_2018-1-19_18-52-24.png](/data/attachments/184/184105-6ee84d40c8a6b83924bbeb2b91d42af6.jpg)
![upload_2018-1-19_18-52-55.png](/data/attachments/184/184106-7f79cbcdf2c953b17bf772faafb0ebe5.jpg)