#СегаКажувам

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.393
Поени од реакции
3.437
Локација
Свирипичино
Станува збор за кампања со ознаките #сегакажувам и #TaniTregoj, иницирана од независни активистки.

„Целта е да се стави во фокус и да се де-нормализира насилството и микроагресиите што се вршат врз жените и девојчињата, како и да се предизвика културата што го имплицитно и суптилно го негува и наградува тоа „фраерско“ токсично машко однесување“- Василева (активистка)

„Не е целта да се спроведе казна или одмазда врз поединечни престапници (дел од токсичните однесувања не ни би можеле да повикаат на правна разрешница), туку да се стави во фокус женското доживување на овие микроагресии. Понатаму, дел од сторителите на посериозни дела се на многу моќни позиции и би било речиси невозможно да се предизвика нивниот статус. Имало изолирани обиди за тоа, и речиси редовно биле заташкани или завршиле на штета на жртвата. Дел од случаите се застарени“, - Василева

Кампањата е започната од независни активистки поттикнати од светските случувања по скандалите што го потресоа прво Холивуд со сведоштвата за однесувањето на продуцентот Харви Вајнстајн, директниот повод им е да се надоврзат на светската кампања што се одвива под мотото „и јас“ (me too).

Кое е вашете лично мислење за ова? Дали сметате дека би имало некаков добар исход или со тек на време ќе се заборави?
Исто така наидов и на машки коментари кои пишуваа дека сега тие се дискриминирани во однос на оваа кампања а други се исмејуваа со целата ситуација.

Во прилог неколку постови
upload_2018-1-19_18-51-51.png
upload_2018-1-19_18-52-24.png
upload_2018-1-19_18-52-55.png
 
Овие ни со стап од 10 метра никој не би ги ни пипнал не па тек нешто друго да им прави !!! Популизам и тоа у амерички стил.
 
Mislam deka ova izleze vo prav moment posle intervjuto na Sasho, zakonite so Bugarija i Albanija kako distrakcija na naselenieto.
 
Ако е грд и дебел и сиромашен тогаш е злоставување, ако е грд, богат и дебел тогаш тој е учтив господин.
За жал вака размислува едно 90% од женското население на планетава и ги пореметува вредностите суштински за оваа тема на муабет.
 
Али јако е што кампањава се води и на Македонски и на Албански. Албанките со исклуоци се користат како стока за расплод али битно у кампања да ги уклучиме пошто е модерно. Проблематиката е многу подлабока од едноставно пишување твит со хаштаг !!!!
 
Што бе, на тој Владимир Димчев само 2 сантима му е? :icon_lol:

Иначе муабетов на Раде од Корчагин многу добро го памтам, буквално на сите им го кажуваше тоа. И често се случуваше да гледа девојчиња од позади. Еднаш го приметив како ја гледа мојата тогашна симпатија, му дојдов на катедра и се испружив над него колку што сум голем за да не може да ја гледа. Не се сеќавам што точно му кажав, ама знам дека ми промрче нешто и после тоа не ме сакаше баш многу. Знам дека предаваше и у друго школо некое, таму изгледа пипнал некое девојче, па изел ќотек од братот на девојчето. Нареден ден имаше лузна на лицето, го прашавме од што е, лажеше дека се исекол при бричење.
 
Станува збор за кампања со ознаките #сегакажувам и #TaniTregoj, иницирана од независни активистки.
Не е точно, Фондација Отворено Општество го поддржа "proektov".
Бледа копија на #MeToo
 
Првава типка со почетнава реченица ``Имам другарка која ..`` страшно потсеќа на темите на тазе членовите на кајгана ``за другар прашувам`` .
 
Професорчињава се најодвратна врста на манијаци што постои.
Ај овие на факултет, им идат нафуфани, си бараат самите повисоки оценки, мислат богови се, па ти нудат понуди, јбг, ипак не се работи за малолетни особи. Али за овие од основно и средно, нема никаква одбрана. Како сакаат може маливе да одат, они ако сметаат дека е некултурно облечено девојчето (дека нели, на тоа се вадиме во денешно време, како оделе нашколо), може комотно дома да ја врати да се облече, не да зјапа, збори или полошо, пипка. Гниди педофилски.
 
Ехехееее, секој втор професор (од постарите генерации) е педофилски настроен кон девојчињата... ама пак имаше случаеви каде џенцкиве намерно ги провоцираат помладите професори, оние што немаат многу искуство во својата професија.

Секакви ги има... туку ова акцијава #СегаКажувам мислам ОК е не велам дека овие личности кои пишале не биле жртви на сексуално малтретирање, али знаете дека неморавте да го чекате Холивуд, #metoo и Опра да ви дадат знак кога да се отворите пред светов, можевте и предходно да си ја пишат маката, и верувам дека јавноста повеќе и посериозно ќе се заинтересираше за некои одредени случаеви... вака со #СегаКажувам ти е премногу привидно на што се цели, да бидеме у тек со западот... ИАКО ПОВТОРУВАМ дека сигурен сум дека овие што пишале осетиле сексуално малтретирање.


А ова што се дешава у Холивуд ти е класичен пример на "Вештерките од Салем"... ако не ја знаете приказната, прогуглајте малце ;)
 
ова е класичен пример на social media marketing и сл, reach от до плафон + за без пари пишуење контент ?
 
Али јако е што кампањава се води и на Македонски и на Албански. Албанките со исклуоци се користат како стока за расплод али битно у кампања да ги уклучиме пошто е модерно. Проблематиката е многу подлабока од едноставно пишување твит со хаштаг !!!!

Hahahahhaha... aiii plus problematikata e pogolema :чда:
 
Ехехееее, секој втор професор (од постарите генерации) е педофилски настроен кон девојчињата... ама пак имаше случаеви каде џенцкиве намерно ги провоцираат помладите професори, оние што немаат многу искуство во својата професија.

Секакви ги има... туку ова акцијава #СегаКажувам мислам ОК е не велам дека овие личности кои пишале не биле жртви на сексуално малтретирање, али знаете дека неморавте да го чекате Холивуд, #metoo и Опра да ви дадат знак кога да се отворите пред светов, можевте и предходно да си ја пишат маката, и верувам дека јавноста повеќе и посериозно ќе се заинтересираше за некои одредени случаеви... вака со #СегаКажувам ти е премногу привидно на што се цели, да бидеме у тек со западот... ИАКО ПОВТОРУВАМ дека сигурен сум дека овие што пишале осетиле сексуално малтретирање.


А ова што се дешава у Холивуд ти е класичен пример на "Вештерките од Салем"... ако не ја знаете приказната, прогуглајте малце ;)

Еве тука може комотно да се дискутира на темава. :D
Мене, искрено, многу ми е гајле за Опра и цел тој нивен нереален свет, што и правел Харви, на која и рекол да му се соблече и слично. Холивуд какви се не срања прават и замижуваат, де ова.
Но, мора некој да покрене нешто, некој мора да е прв.
Мене ми е гајле за вакви педофили од професори пример, и сакам да се превземе нешто за тој дел пошто не е исто јас да бидам гнавења на овие години и девојче од 12-3 години. Кај нас во основно уште пред 12-3 години повеќе девојчиња од разни одделенија се пожалија од еден професор, значи кога ни интернет немавме, ни бутур за да ги копираме Холивуд и нивниве фарси. Муабетот стигна и до директорката, никој апсолутно со прст не мрдна.
Тоа е она што иритира и не е во ред. Не можеш ти тој да го чекаш да оди во пензија или да не направи нешто полошо, по негова мила волја.
Значи колку и да се мисли дека он не прави ништо, ти влева страв за понатака и не е нешто кое треба само да си го прифаќаме и игнорираме. Се работи за деца, било машки/женски, кои треба да бидат заштитени во таа установа што ја нарекуваме едукативна.
 
Таа од првата слика што се исповеда за лудата и другарка што ја шибал некој на психијатрија, ме потсети на сцена од Кил Бил коа извесен Бак ја рокаше мртвата Ума Турман.

My names is Buck, and im here to fuck. :D На крај беше убиен со врата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom