До војна не може да дојде.
Може само да има вакви инциденти какви што има секоја година по неколку.
Но судар од пошироки размери би значел пад на режимот,бољшевистичката династија на Ким.
Во случај на агресија од страна на С.Кореја врз Ј.Кореја,инвазијата ќе трае до првиот шок на севернокорејските војници кои ќе се најдат во една нова,за нив сосема неочекувана,спротивна од прогандните филмови средина.
Таму нема бонови за грамажа на леб и брашно,улиците се осветлени,обични работници возат квалитетни автомобили,деца на скутери со ајподи и ајфони...
Не е ова 1950-та и од двете страни на 38-та паралела - мизерии и сиромаштии.
Сега е на едната страна,погодете која...
Сето тоа би ја срушило сликата која била градена со децении.
Од тоа нема да ги спаси ништо.
Друга опција е ограничени поморски и воздухопловни операции,но и во тој случај северот е осуден на мизерен пораз.
Смешно е само да се спореди опремата со која располагаат,за обуката не знам,но и онака советско-кинескиот тежок хардвер се покажал до сега тешко инфериорен.
Дезинформација е дека С.Кореја ја потопи фрегатата.
Тие негираа поврзаност со тоа.
Технолошки и логистички,споредба нема.
Можеби ќе делува шокантно,но реалноста е дека во авијацијата на С.Кореја,во активна служба се сеуште авиони од времето на Корејската војна 1950-53, МиГ-15 и 17 и Ил-28.Тоа значи дека јужнокорејските пилоти ќе се борат против исти авиони против какви се бореле нивните - дедовци...
Имаат и понекој МиГ-29 и МиГ-23,но тоа е сосема недоволно да навлезе во интегрираната ПВО мрежа на Ј.Кореја каде владеат Ф-15 К и Ф-16....покрај останатите...
Нуклеарна опција...настрана што некои фантазираат дека Сеул ќе пламнел како некоја колиба од слама,едно немаат С.Корејците со што да ги испорачаат тие 20 кТ а од друга страна Сеул не е Хирошима...поголем е...30-тина пати поголем...
Единствено би можеле да прошверцуваат некаква направа во некаков контејнер некаде по брегот...
Офанзивна опција од југот е надвор од секаков памет.
Но сето се тоа фантазии и шпекулации ако не се земат во предвид некои моменти како испораката на нуклеарна технологија од САД за Севрна Кореја (непријателот,нели хехеххе) преку Швајцарија и фирмата каде беше Рамсфелд,Клинтоновата администрација исто така им продавала нуклеарна технологија, Ким Јонг Ил живее во западно-опремени палати,со сосема западен начин на живот...
Тој им одговара на елитата како плашило (оска на злото) и причина за билдање воени буџети и ширење параноја и страв дека “ќе акнел атомска некој ден“.
Секако и постоењето на атомската бомба е под големо прашање,нема независна потврда за тоа,иако е измерена некаква радијација за која се претпоставува дека заедно со сеизмичките бранови од експлозијата била некаде околу цели...1 кТ...:tv:
Уште едно меѓународно плашило,кое санкциите од западот го држат на власт...
И манијакот Ким Јонг Ил е дел од истата елита.