Северна Кореја ја нападна Јужна Кореја

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.428
Поени од реакции
5.108
Јасно, а зошто се воведени тие санкции?
Со цел повлекување на комунистичкиот режим, т.е. уништување на комунизмот во С. Кореја. Нешто што го имаат вкусено доста комунистички земји во светот порано, вклучувајќи ја и Куба.
 
?

..........

Гостин
Со цел повлекување на комунистичкиот режим, т.е. уништување на комунизмот во С. Кореја. Нешто што го имаат вкусено доста комунистички земји во светот порано, вклучувајќи ја и Куба.
Значи во северна кореа владее една фамилија со својата багра која си цица од народот, наметнувајки строг режим.....
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.428
Поени од реакции
5.108
Значи во северна кореа владее една фамилија со својата багра која си цица од народот, наметнувајки строг режим.....
Така некако. Не дека имаат друг избор... ама тоа е.
 
M

.:makedonec:.

Гостин


Дури и пијан С.Корејски Војник Може да го погоди Сеул.
Само така ти мислиш колку ли е обезбедуван Сеул и останатите погранични градови од јужнокореанска страна копнено ама и воздушно повеќе не е се така бело !
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.428
Поени од реакции
5.108
Само така ти мислиш колку ли е обезбедуван Сеул и останатите погранични градови од јужнокореанска страна копнено ама и воздушно повеќе не е се така бело !
Аха, се виде колку се безбедни Ј. Корејците.... им потонаа брод, сега им го гранатираа градот...
А С. Корејциве се полни со ракети... Ако дојде до војна, Сеул ќе го израмнат со земјата.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
До војна не може да дојде.
Може само да има вакви инциденти какви што има секоја година по неколку.
Но судар од пошироки размери би значел пад на режимот,бољшевистичката династија на Ким.
Во случај на агресија од страна на С.Кореја врз Ј.Кореја,инвазијата ќе трае до првиот шок на севернокорејските војници кои ќе се најдат во една нова,за нив сосема неочекувана,спротивна од прогандните филмови средина.
Таму нема бонови за грамажа на леб и брашно,улиците се осветлени,обични работници возат квалитетни автомобили,деца на скутери со ајподи и ајфони...
Не е ова 1950-та и од двете страни на 38-та паралела - мизерии и сиромаштии.
Сега е на едната страна,погодете која...
Сето тоа би ја срушило сликата која била градена со децении.
Од тоа нема да ги спаси ништо.

Друга опција е ограничени поморски и воздухопловни операции,но и во тој случај северот е осуден на мизерен пораз.
Смешно е само да се спореди опремата со која располагаат,за обуката не знам,но и онака советско-кинескиот тежок хардвер се покажал до сега тешко инфериорен.

Дезинформација е дека С.Кореја ја потопи фрегатата.
Тие негираа поврзаност со тоа.

Технолошки и логистички,споредба нема.
Можеби ќе делува шокантно,но реалноста е дека во авијацијата на С.Кореја,во активна служба се сеуште авиони од времето на Корејската војна 1950-53, МиГ-15 и 17 и Ил-28.Тоа значи дека јужнокорејските пилоти ќе се борат против исти авиони против какви се бореле нивните - дедовци...:vozbud:
Имаат и понекој МиГ-29 и МиГ-23,но тоа е сосема недоволно да навлезе во интегрираната ПВО мрежа на Ј.Кореја каде владеат Ф-15 К и Ф-16....покрај останатите...

Нуклеарна опција...настрана што некои фантазираат дека Сеул ќе пламнел како некоја колиба од слама,едно немаат С.Корејците со што да ги испорачаат тие 20 кТ а од друга страна Сеул не е Хирошима...поголем е...30-тина пати поголем...
Единствено би можеле да прошверцуваат некаква направа во некаков контејнер некаде по брегот...

Офанзивна опција од југот е надвор од секаков памет.

Но сето се тоа фантазии и шпекулации ако не се земат во предвид некои моменти како испораката на нуклеарна технологија од САД за Севрна Кореја (непријателот,нели хехеххе) преку Швајцарија и фирмата каде беше Рамсфелд,Клинтоновата администрација исто така им продавала нуклеарна технологија, Ким Јонг Ил живее во западно-опремени палати,со сосема западен начин на живот...
Тој им одговара на елитата како плашило (оска на злото) и причина за билдање воени буџети и ширење параноја и страв дека “ќе акнел атомска некој ден“.
Секако и постоењето на атомската бомба е под големо прашање,нема независна потврда за тоа,иако е измерена некаква радијација за која се претпоставува дека заедно со сеизмичките бранови од експлозијата била некаде околу цели...1 кТ...:tv:

Уште едно меѓународно плашило,кое санкциите од западот го држат на власт...
И манијакот Ким Јонг Ил е дел од истата елита.
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
59
Имаат измислено скривница од нуклерки до сега? :pipi:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Да, има скривници од нуклеарни, таква една има во Босна.

Изгледа толку беше работава. Слично како кај нас на Балканов: кој умре - умре, кој се збогати - се збогати, кој не - не.


In an effort to ease tensions, the commander of U.S. forces in South Korea told his troops today that the artillery exchanges between North and South Korea pose no immediate threat of escalation.

“I want to ensure you that this is isolated to the Northwest Island area,” Gen. Walter L. Sharp, commander of the 8th Army, said in a message to the 28,000 U.S. troops poised near the Demilitarized Zone.

Sharp, who also heads the United Nations Command, said he is “closely monitoring the situation and exchanging information with our ROK (Republic of Korea) allies as we always do.”

Stephen Bosworth, Secretary of State Clinton’s special envoy for North Korea, was in Beijing to press the Chinese to rein in their allies in Pyongyang.

The two Koreas are still technically at war, since the Korean War ended with a truce rather than a peace treaty, and tensions rose sharply early this year after Seoul blamed the North for torpedoing the frigate Cheonan last March, killing 46 South Korean sailors.

The sinking of the Cheonan and the artillery barrage by the North against Yeonpyeong Island off South Korea’s west coast are seen by many analysts as part of internal politics in the North.

The shows of force are meant to court North Korean military support for the succession to power of Kim Jong-un, the 26-year-old son of dictator Kim Jong-il, the analysts said.

The artillery fire killed at least two South Korean marines and set dozens of buildings ablaze on Yeonpyeong Island. Sixteen South Korean soldiers and three civilians were injured, and South Korea’s military went on high alert.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Мислам дека се работи за недоразбирање овде, Северна кореја умира за јадење. гладни болни им студи и си велат “Дај ќе испукаме некоја граната на кај јужните, тие ќе не нападнат ќе не освојат ќе не најадат и облечат... ќе се напраиме луѓе.
Али Јужните не сфаќаат пораката.
 
С

сашенко

Гостин
Мислам дека се работи за недоразбирање овде, Северна кореја умира за јадење. гладни болни им студи и си велат “Дај ќе испукаме некоја граната на кај јужните, тие ќе не нападнат ќе не освојат ќе не најадат и облечат... ќе се напраиме луѓе.
Али Јужните не сфаќаат пораката.
Им треба некој преговарач како тебе да им ги појасни работите малце и да ја сватат поентата
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
хмм,линкот не дава некоја информација зошто америка да почне војна со русија??? или јас не слушнав убаво :raz:
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Мислам дека нема да дојде до воен конфликт помеѓу Русија и САД околу Кореја. Прво ситуацијата во светот е драстично променета од пред 60 години, а и како што знаеме Русија не се противеше на американската инвазија во Ирак и Авганистан, а за возврат САД не ја спречија Русија да ја смачка Грузија за 10 дена( можеби ке има некоја вербална нота или преписка доколку има евентуална војна на полуостровот, со вмешаност од некоја страна). А инаку околу темава мислам дека нема да дојде до некој “посериозен“ конфликт меѓу Северна и Јужна Кореја, освен испробување на силите, способностите и трпението. И двете земји имаат причина да се плашат една од друга. Северна Кореја има 8 милиони резервна војска плус е трета земја во светот со највеќе залихи на хемиско оружја + 6-7 атомски бомби, додека Јужна Кореја има најмодерно оружие и најважно на своја страна ги има САД.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Мислам дека нема да дојде до воен конфликт помеѓу Русија и САД околу Кореја. Прво ситуацијата во светот е драстично променета од пред 60 години, а и како што знаеме Русија не се противеше на американската инвазија во Ирак и Авганистан, а за возврат САД не ја спречија Русија да ја смачка Грузија за 10 дена( можеби ке има некоја вербална нота или преписка доколку има евентуална војна на полуостровот, со вмешаност од некоја страна). А инаку околу темава мислам дека нема да дојде до некој “посериозен“ конфликт меѓу Северна и Јужна Кореја, освен испробување на силите, способностите и трпението. И двете земји имаат причина да се плашат една од друга. Северна Кореја има 8 милиони резервна војска плус е трета земја во светот со највеќе залихи на хемиско оружја + 6-7 атомски бомби, додека Јужна Кореја има најмодерно оружие и најважно на своја страна ги има САД.
Ј.Кореја најмногу се плаши од паѓање на режимот на Ким и јуриш на непрегледна маса од 22 милиони гладна раја преку 38-та паралела и директ преку минските полиња во јужен правец.
Проблемите како оние со обединувањето на Западна и Источна Германија ќе им делуваат како пикник,со розефкасто ќебенце покрај река и сендвичи со чаден Лосос и чедар-сирење...

Ј.Кореја има балистички проектили од сопствено производство со домет од 300 км,а наместо хемиски или биолошки, боеви глави со сникерс и баунти чоколада би предизвикале хаос и стампедо по улиците на Пјонг Јанг...

Еден од главните адути на режимот на Ким се оригинални матрици за печатење долари кои ги поседуваат,кој на некој чуден начин се нашле во нивни раце и сега изиграваат Федерални резерви и си штанцаат долари...
Ова не се аматерски фалсификати туку исти како и оригинална банкнота,познати како супер-долари.

http://www.nytimes.com/2006/07/23/magazine/23counterfeit.html?ex=1311307200&en=1532e77e2eabea37&ei=5088&partner=rssnyt&emc=rss

http://gwdprk.blogspot.com/2007/06/superdollars.html

http://www.detecting.org.uk/html/Super_Dollar_Famous_Fakes_and_Frauds.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom