Северна Кореја ја нападна Јужна Кореја

Beowulf

Deep Fear
Член од
11 мај 2009
Мислења
362
Поени од реакции
35
Да си излезат 1 vs. 1 двете Кореји, на Јужна и давам максимум две недели живот (без употреба на нуклеарно оружје).
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Да повторам, ЈК е повеќе од способна да се носи со СК и покрај тоа што се замешани големите сили (САД и Кина) и нема да дозволат директно да се тепаат.

СК може да го уништи Сеул и пограничните места, но тоа тогаш ќе биде крај на тој режим и тие се свесни.

Сега Америка долекува цела поморска борбена група.
 
Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
87
Јужно кореанците ќе им мавнат со сомун леб и нарезак и има да се предадат одма севернокорејците.
Кога ќе ги ослободат од комуњарите ќе треба полека да им ја појачуваат исхрана месец по месец да ги навикнуваат на разновидна храна. Инаку ќе им се слоши и ќе изумрат!
Нема одма ни сијалици да им пуштаат ни да им покажуваат сите чуда и достигнувања на западниот капиталистички свет оти можат да им предизвикаат шок. Неколку години северна кореа ќе биде како посебно оделение, карантин за луѓе исплашени, истоштени гладни неухранети....
Брату
Руските бранители на Ленин город биле во таква ситуација 900 дена ,па ги победиле заситените и облечените
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Таман сакав да искоментирам нешто на темава, кога го видов постот на Тоекатер и некако сите мисли ми пропаднаа...
Налет тоа, туку од тие конспираси теории неможеш нормално да дискутираш.
Ама барем ќе се изнасмеете во логиката што ја имаат ова конспиративциве:

Значи Ким Јонг припаѓал на некоја елита која го владее светот :)pos2:) и нивната цел била плашење.... притоа Кимчо се служел со разни средства со цел да се држи во тензија, страв и неизвесност народот, или да им се одвлекува вниманието.
И повремено вршел заплашувања како артилерискиот напад...
И тука следува смешното:

Значи Кимчо е ставен да плаши и заплашува таму, а други потопуваат бродови?!?!
Конспираси теори логика.

И второ:

Види мајката... им продале нуклеарна технологија со цел заплашување, ама знак прашалник е дали Кимчо има нуклеарно оружје и покрај 2 изведени тестови?????

Како и секогаш, неуспешни обиди на конспираси теоретичарите...
Значи да бидеме јасни ти веруваш дека они наивно му поверувале на Кимчо дека нема да ја злоупотреби нуклеарната технологија и дека ќе ја користи само за производство на енергија. За истата технологија се изјасниле неколку научници дека е многу лесно да се конвертира за воена употреба.
Исто така по некое чудо Кимчо живее во невиден луксуз модерен начин на живот и неговите деца без проблем се школуваат по скапи интернати во странство.
Кина, јапонија и јужна кореја се посраа во гаќи и тоа отворено кажаа дека се загрижени дека режимот во С. Кореја можеби ќе колабира ... хм ... кажи ми ја ти логикава сите се против него освен кина ама демократските земји му дадоа технологија и се загрижени ако еден од најбруталните режими колабираат... јап ова е слободен демократски свет и не постои такво нешто како светска елита.
Хм... не нема врска ова се некои луди теориии на заговор народе без оглед на фактите, се додека не го признаат јавно на мејнстрим медиумите дури и кога ќе ги фатат со спуштени гаќи и самите признаат хјуман сеуште ќе тврди дека Америка се бори за демократијата и нема светска елите. Нема врска тоа што сите факти укажуваат дека режимот на северна кореја е подржуван од страна “демократски“ држави . Како беа последните зборови на смарт аз : Врати се во реалноста

И е под знак прашалник со оглед на кое технолошко ниво е целата нивна армија и нуклеарната проба беше подземја а нема никаква независна потврда за нуклеарните боеви глави.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Баба Ванга тврди,дека това прво ке започне како регионален конфликт,а след това ке се вмешат и светски сили. Но това само е едно от неjните предсказаниja.
баба ванѓа била опседнаат со демони не може она да биде пророк. се знае кој бил пророк и кој прорукувал и сето тоа се остварило.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
баба ванѓа била опседнаат со демони не може она да биде пророк. се знае кој бил пророк и кој прорукувал и сето тоа се остварило.
Това от каj го измисли...?!

Само за информациja, атомниот самолетоносач "Джордж Вашингтон" е потеглил за кореjскиот полуостров. На него има 75 борбени авиона и над 6000 воени.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Доста бе со Ванѓи, Нострадамоси и други "пророци"....Знаете што е темата или не?
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.323
Поени од реакции
1.162
Дами и господа...Тоа само Хуман го може.
Ким е екстремно богат,припаѓа на бољшевичка династија и на власт е само заради што е нечиј син.
Доживотно,без да полага сметка на никого за ништо,апсолутна власт.
Од негов потпис или одлука зависат илјадници и милиони животи и дали ќе имаат да јадат или нема.
Тој е апсолутен господар на С.Кореја и е дел од светската елита.
Да,ваквите инциденти служат за држење на рајата во покорност.
Малите севернокорејчиња немаат пристап до интернет како хуман на пример и општо граѓаните на таа земја не смеат да ја напуштат на било каков начин,освен ако немаат специјална дозвола на власта.
Ако некој не може да состави една толку едноставна корелација како глад,немаштија,мизерија и честите инциденти кои се случуваат - тоа е негова мака.
Ниту некој може да влезе таму,странец ако нема посебна дозвола и одреден човек кој ќе го “придружува“.

Атомска проба и атомско оружје со можност за боева употреба се две различни категории.
За сето тоа нема независна потврда.
Испораката на нуклеарна опрема е потврден факт.
Западна технологија.
Дали ти можеш или не тие факти да ги доведеш во корелација исто така не е предмет на расправа.

Ембаргата и блокадите досега се покажаа само како инструменти со кои еден режим се зацврстува на власт.
Логиката зад тие ембарга е дека наводно народот ќе се побунел и ќе го соборел режимот.
Тоа е смешно бидејќи со тоа уште повеќе се изолира народот кој пати од можност за некаков револт.
А режимот си останува на власт и како одговор за мизеријата го посочува ембаргото секако.
Кое никогаш,по некој чуден начин не го намалува животниот стандард и луксузот на режимот кој е “блокиран“.
Настрана милионите жртви како резултат на такви ембарга и блокади.

Се надевам дека моите постови почесто ќе те предомислат во твоите намери да постираш и се поретко ќе се решаваш залудно да трошиш по некој мегабајт.
Сериозно.
Интелегенцијата е дарба од бога која човекот ја добива со денот на своето раѓање и тука не може ништо да стори,ама со вистинско образование може да стане паметен.Значи поинтелегентен не може да станеш ама попаметен можеш.Бидејќи тебе ти фали ова првото и тука не се може ништо за ова второто можеш да се потрудиш со тоа што ќе прочиташ книга од некој многу паметен човек како на пример"Нужни Илузии" од Ноам Чомски (сигурно ќе ти треба повеќепати да ја прочиташ ако е можно правилно да ја разбереш) и ќе го поврзеш сево ова со сегашната криза за да видиш какви глупости лупеташ.
 
Чекај што има погрешо кажано? Кој од аргументите не му држат вода ? Врз основа на тврдиш дека нема врска тоа што го збори што освен некакво расфрлање со фактот дека си го прочитал ноам чомски ( а тоа не те прави експерт)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Фала за квалификациите изразени со некаква препорака за читање на Чомски,неколку едноставни прашања.
Не ти е првпат а ни последен,но на такви ликови се навикнав...

Дали си слушнал за овогодинешниот настан наречен светско првенство во фудбал.
Е сега на тој настан обичај е екипите да ги пратат орди навивачи од секоја земја учесник.
Колку имаше навивачи од таа земја?

Друго ете имаш нет,најди авионски дестинации во С.Кореја,карти,цени,време на поаѓање и пристигнување,хотелски смештај...
Бидејќи е лага нели,тоа е отворена земја...
А горенаведените работи се природни за нормални места.

Ако не успееш,не се бламирај понатаму со празни муабети без никаква содржина.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.323
Поени од реакции
1.162
Чекај што има погрешо кажано? Кој од аргументите не му држат вода ? Врз основа на тврдиш дека нема врска тоа што го збори што освен некакво расфрлање со фактот дека си го прочитал ноам чомски ( а тоа не те прави експерт)
Да можам јас тоа да го објаснам во една страна тоа што некој го напишал во 500 би ме направило најголем генијалец.
Кој е севернокорејскиот претседател гладот атомското вооружување и сите други информации во врска со С.Кореја се добиени од западните медиуми кои имаат заземено страна во конфликтот и кои се се само не се објективни.И сега некој тука со тие информации кои ги добил од запад прави конструкција каква е таму состојбата.
Исто како на времето кога од овие простори информираа за Босна и Косово и за кај нас ти а и сите ние знаеме колку беа тие неточни и необјективни.Тоа е еден добро организиран информативен систем кој меле се пред себе.
Да го пишуваат ова народи кои не го преживеале сето тоа на своја кожа тоагаш би го разбрал ама некој тука од овој народ да мисли така треба нависитна да е тежок случај.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.426
Поени од реакции
5.103
Дами и господа...Тоа само Хуман го може.
Ким е екстремно богат,припаѓа на бољшевичка династија и на власт е само заради што е нечиј син.
Доживотно,без да полага сметка на никого за ништо,апсолутна власт.
Од негов потпис или одлука зависат илјадници и милиони животи и дали ќе имаат да јадат или нема.
Тој е апсолутен господар на С.Кореја и е дел од светската елита.
Да,ваквите инциденти служат за држење на рајата во покорност.
Малите севернокорејчиња немаат пристап до интернет како хуман на пример и општо граѓаните на таа земја не смеат да ја напуштат на било каков начин,освен ако немаат специјална дозвола на власта.
Ако некој не може да состави една толку едноставна корелација како глад,немаштија,мизерија и честите инциденти кои се случуваат - тоа е негова мака.
Ниту некој може да влезе таму,странец ако нема посебна дозвола и одреден човек кој ќе го “придружува“.

Атомска проба и атомско оружје со можност за боева употреба се две различни категории.
За сето тоа нема независна потврда.
Испораката на нуклеарна опрема е потврден факт.
Западна технологија.
Дали ти можеш или не тие факти да ги доведеш во корелација исто така не е предмет на расправа.

Ембаргата и блокадите досега се покажаа само како инструменти со кои еден режим се зацврстува на власт.
Логиката зад тие ембарга е дека наводно народот ќе се побунел и ќе го соборел режимот.
Тоа е смешно бидејќи со тоа уште повеќе се изолира народот кој пати од можност за некаков револт.
А режимот си останува на власт и како одговор за мизеријата го посочува ембаргото секако.
Кое никогаш,по некој чуден начин не го намалува животниот стандард и луксузот на режимот кој е “блокиран“.
Настрана милионите жртви како резултат на такви ембарга и блокади.

Се надевам дека моите постови почесто ќе те предомислат во твоите намери да постираш и се поретко ќе се решаваш залудно да трошиш по некој мегабајт.
Сериозно.
Интересно е како конспираси теоретичарите имаат одговор за се.
Ако нема војна, ќе биди како твојот прв пост на темава.
Ако има војна ќе биди како што напишал Лупос:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?55117-Северна-Кореја-ја-нападна-Јужна-Кореја&p=3910097&viewfull=1#post3910097
Само разликите доволно укажуваат колку се конспираси теориите шкарт.

А сум заприметил дека конспираси теоретичарите многу лесно манипулираат со настаните... полошо дури и од религиозните. Тоа е уште еден доказ за таквите лаги...

Хаха, пример, ако С. Кореја го нападнеше Сеул со нуклеарки (или ако го нападне) конспираси теоретичарите ќе тврдат дека сето тоа е организирано од банките со цел да им ги земат парите на оние кои ќе настрадаат во нападот.
Ако пак биди обична војна, конспираси теоретичарите, нормално ќе тврдат дека се работи за богатење на компаниите за оружје. Или пак постот на Лупос...
Значи, мора да е заговор...

Додека реалната ситуација е сосем поинаква, С. Корејците тестираа нуклеарна направа пред 4 години, оттогаш сигурно би ја напикале во некоја ракета.
Кимчо не прима наредби или не дејствува според некои "цели" за "држење на народот во мрак" или слично... А тоа многу лесно може да се заклучи само со пратење на ситуацијата...

http://forum.kajgana.com/showthread.php?55117-Северна-Кореја-ја-нападна-Јужна-Кореја&p=3910097&viewfull=1#post3910097
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Да можам јас тоа да го објаснам во една страна тоа што некој го напишал во 500 би ме направило најголем генијалец.
Кој е севернокорејскиот претседател гладот атомското вооружување и сите други информации во врска со С.Кореја се добиени од западните медиуми кои имаат заземено страна во конфликтот и кои се се само не се објективни.И сега некој тука со тие информации кои ги добил од запад прави конструкција каква е таму состојбата.
Исто како на времето кога од овие простори информираа за Босна и Косово и за кај нас ти а и сите ние знаеме колку беа тие неточни и необјективни.Тоа е еден добро организиран информативен систем кој меле се пред себе.
Да го пишуваат ова народи кои не го преживеале сето тоа на своја кожа тоагаш би го разбрал ама некој тука од овој народ да мисли така треба нависитна да е тежок случај.
Слабо нешто а?

Пошто ти дадов премногу тешки обврски,еве нешто поедноставно...
Најди еден единствен сајт на целиов интернет на севернокорејски домашен код-домен...еден барем..:)
Хинт - .kp да ти помогнам...
Или оди на спиење со прикаските...:pos2:

--- надополнето ---

ајде и хуман нека се активира хахах пошто тоа да ти била слободна земја,па ете може постои барем еден сајт со нивни код-домен...:pos2:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.426
Поени од реакции
5.103
Значи да бидеме јасни ти веруваш дека они наивно му поверувале на Кимчо дека нема да ја злоупотреби нуклеарната технологија и дека ќе ја користи само за производство на енергија. За истата технологија се изјасниле неколку научници дека е многу лесно да се конвертира за воена употреба.
Исто така по некое чудо Кимчо живее во невиден луксуз модерен начин на живот и неговите деца без проблем се школуваат по скапи интернати во странство.
Кина, јапонија и јужна кореја се посраа во гаќи и тоа отворено кажаа дека се загрижени дека режимот во С. Кореја можеби ќе колабира ... хм ... кажи ми ја ти логикава сите се против него освен кина ама демократските земји му дадоа технологија и се загрижени ако еден од најбруталните режими колабираат... јап ова е слободен демократски свет и не постои такво нешто како светска елита.
Хм... не нема врска ова се некои луди теориии на заговор народе без оглед на фактите, се додека не го признаат јавно на мејнстрим медиумите дури и кога ќе ги фатат со спуштени гаќи и самите признаат хјуман сеуште ќе тврди дека Америка се бори за демократијата и нема светска елите. Нема врска тоа што сите факти укажуваат дека режимот на северна кореја е подржуван од страна “демократски“ држави . Како беа последните зборови на смарт аз : Врати се во реалноста

И е под знак прашалник со оглед на кое технолошко ниво е целата нивна армија и нуклеарната проба беше подземја а нема никаква независна потврда за нуклеарните боеви глави.
Ха-ха.
С. Кореја поседува нуклеарни реактори уште од седумдесеттите години од 20 век. Има експериментирано, истражувано повеќе од 3 децении.
Поседува и хемиски оружја и тие стари неколку децении.
Ама тоа конспираси теоретичарите не ти го кажаа, нели?
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Интелегенцијата е дарба од бога која човекот ја добива со денот на своето раѓање и тука не може ништо да стори,ама со вистинско образование може да стане паметен.Значи поинтелегентен не може да станеш ама попаметен можеш.Бидејќи тебе ти фали ова првото за ова второто можеш да се потрудиш со тоа што ќе прочиташ книга од некој многу паметен човек како на пример"Нужни Илузии" од Ноам Чомски (сигурно ќе ти треба повеќепати да ја прочиташ ако е можно правилно да ја разбереш) и ќе го поврзеш сево ова со сегашната криза за да видиш какви глупости лупеташ.
gledam psihoterapevt ovde koj stanal popameten otkako procital edna kniga od Noam Comski a ima iljadnici knigi vo vrska so ovaa tema .Mal sovet od mene: sekoja kniga ja citaj so rezerva ! znaci sekoja kniga !!

malku na temata :

USA direktno i indirektno od sredinata na 90 tite godini ja pomagase nuklearnata programa na Kim .Donald Ramsfeld ja igrase klucnata uloga vo ovoj proces.Toj bese vo upravuvackiot odbor na tehnoloskiot Gigant AAB od 1990 do 2001 koga stana sekretar za odbrana na USA.Na pocetokot na 2000 ovaa kompanija skluci dogovor od 200 mil $ so Severna Koreja za dva reaktori na lesna voda http://www.swissinfo.ch/eng/Home/Archive/Rumsfeld_was_on_ABB_board_during_deal_with_North_Korea.html?cid=3176922 adminstracijata se soglasi vo 1994 postoeckite rekatori na Severna Koreja da se zamenat so reaktori na lesna voda).Togas vladini eksperti tvrdea deka ovie reaktori ne mozat da se upotrebat za sozdavanje na nuklearni bombi .No mnogu eksperti togas ne se slozuvaa so ovie vladini eksperti kako Sokolski: “These reactors are like all reactors, they have the potential to make weapons. So you might end up supplying the worst nuclear violator with the means to acquire the very weapons we’re trying to prevent it acquiring,” http://news.bbc.co.uk/2/hi/asia-pacific/1908571.stm
2002 Rusija gradese isti takvi reaktori vo Iran i togas USA reagirase na Rusija da ja prekine nuklearnata programa i sorabotka so Iran bidejki ovie reaktori mozelo da dovedat do proizvodstvo na nuklearen materijal za sozdavanje na oruzje za masovno unistuvanje . Znaci za Severna Koreja e bezopasno a za Iran e opasno ?
Adminstracijata na Bush vo 2002 duri i odvoi i 95 mil $ za konstrukcija na dvata reaktori .No poradi golemiot otpor za izgradbata na reaktorite bese privremeno suspendirana.No USA si najde nov nacin kako da go prodozli celiot proekt, preku tatkoto na atomskata bomba vo Pakistan i covekot na CIA Dr. Abdul Qadeer Khan koj vo 2004 prizna deka spodelil tehnologija za proizvodstvo na centrifugi koi se proziveduvale vo Malezija i preku firma vo Dubai se izvezuvale vo Severna Koreja. Inaku ovie centrifugi se osnovni komponenti za zbogatuvanje na Uranium koe e gorivo za civilni Nuklearni centrali ili za proizvodstvo na atomsko oruzje .Za vrskata na CIA so Khan e izbegnuvanjeto na Khan od apsenje na dvapati vo Holandija .Prviot pat Poranesniot premier na Holandija Lubbers izjavi deka i pokraj podatocite sobrani za Khan deka toj svercuva nuklearna tehnologija CIA mu rekla deka sluzbata ke go sredi toa . Citirano “The man was followed for almost ten years and obviously he was a serious problem. But again I was told that the secret services could handle it more effectively,The Hague did not have the final say in the matter. Washington did.”.Vtoriot pat vo 2005 godina od sudot vo Amsterdam se izgubeni site dokumeti povrzani so Khan.Potpredsedatelot na sudot sudijkata Anita Leeser ja obvinuva CIA za kradenje na dokumentite.Vo 2005 godina Predsedatelot na Pakistan Pervez Musharaf izjavuva deka Khan gi snabduva Severna Koreja so centrifugi i nivnite dizajni http://news.bbc.co.uk/2/hi/south_asia/4180286.stm
 
Kajgana Shop

На врв Bottom