Данска - Египет е сигурно најлудиот ракометен натпревар кој некогаш сум го гледал (можеби и воопшто спортски).
Неизвесност до крај, пресврти, луди голови, шокантни моменти, комплицирани судиски одлуки, храбри тренерски потези, ѕвезди што ја губат главата во критични моменти... Се што може човек да замисли во ракомет.
Штета за Египет, заслужија полуфинале, немаа среќа на натпреварот, но пред се штета што ова беше дуел во четвртфинале. Веројатно ќе биде клучниот меч на првенството. После ова, мислам дека Данска никој не може да ја запре....
Во секој случај Египет мислам дека е на добар пат да биде во битка за медали редовно во следната деценија.
За другите нема што да се каже, Шпанија предводена од голманот (како и секогаш), Норвешка и Унгарија би рекол сами се тепаа (иако не може да се заобиколи повредата на Сагосен. Шведска и Катар сосема очекуван исход со оглед на покажаното во групната фаза. Не ни требаше да игра Катар четврфинале (реално Аргентина си го заслужи).