Светско првенство [мажи] - Египет 2021 [13-31 јануари]

Кој ќе биде нов светски првак?


  • Вкупно гласачи
    70
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Добро ако глеаме така, кај сите средни бекови има сличности, сите праат цик-цак движења и три чекори пред шут. :D

Ивано Балиќ дриблаше у место, ретко влагаше да пробие зона, ама затоа имаше докторски асистенции, кошаркарски дриблинг и шут по земја.

Жутиот играше на сила, со влагање директно на противничките дефанзивци, или ќе пробие или ќе добие фаул, седмерец, исклучување за нив. Плу со таквиот стил доста ја стеснуваше противничката одбрана што отвараше простор за Мојсо и Кире.

По стил (а и по физиономија) највеќе што потсетува на Балиќ е Деан Бомбач. Други, такви елегантни средни бекови нема.

Џонтра Перунишиќ, Џонтра Шундовски, Џонтра Трефилов, Џонтра Шевцов, Џонтра Кречмар, Џонтра Пајовиќ, Џонтра Магдинчев, Џонтра Врањеш, Џонтра Вори, Џонтра Обрван, Џонтра Вујовиќ, Џонтра Гисласон, Џонтрадмундур Џонтрадмурдсон.

Прегледај го приврзокот 281091
Заборави Џонтра Аце Станковски

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Физички инфериорни сме, прати развојот на Хасан Валид малиот лев бек има само 20 години, страшна физичка трансформација, играше на светското во Скопје 2019та ко беа шампиони, 2 пати посилен од наш Тале е(кој влегвит во 25та год).
Не сме ние ко Шпанците технички спремни и брзи за уште и физички да си дозволиме да сме инфериорни..
Нашиве имаат теретана секакви услови и ништо, посветеност минимална, 0.
Уште прва постава ако ја оставеа во второ полувреме Еѓипјаниве ке се избламиравме еден гол немаше да дадеме.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
Браво ѕверовииии, сплоти Пирин, Егеј син со бистри води Вардарски :oleee:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029

Еве тема за одбојка.

Очекуван пораз и за мене, знаев дека ќе не прегазат. Немам што да додадам, останува со Чиле навистина да дадат се' од себе. До душа, не знам дали е паметно да играме уште три натпревари и тоа со три европски селекции. Сепак, пласманот може да игра голема улога за идни квалификации.
За со Чиле мислам деека може да ги добиеме, немаат гранитна одбрана, не се толку квалитетни.

На овој состав неопходен му е среден бек. Обавезно да се натурализира некој играч. Како ќе ни легнеше Скубе...
Тогаш и дел од слепциве ќе играат малку подобро. Не знае никој да води игра, се гушат, вака ако некој им отвора позиции, ќе можат бар од почисти позиции да шутираат. Крилава помлади не се лоши, ама во одбрана се ептен невидливи. Општо одбраната е на ранг на Албанија, не може да се одвои кој е најслаба карика. Можеби Талески и Мишевски се најголеми разочарувања. Знаеме дека Тале е коњ за во напад, ама барем во одбрана очекував малку подобри изданија.
Нека ги земат Куковски и Велко додека може да играат одбрана. На другиве им треба делкање, ама и премногу работа. Брестовац трееба уште сега да си даде отказ, нека играат без тренер или Кире нека проба да ги води.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
За со Чиле мислам деека може да ги добиеме, немаат гранитна одбрана, не се толку квалитетни.
Чиле играше нерешено со Работнички пред недела во Скопје. Ако изгубиме од нив, треба да се фрлиме во Нил додека сме таму.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
и го зедоа египетскиот голман Хандави :D
да земат уште 1-2 ца, па може и ќе го наканат Парондо да им биде советник, кога ќе може да дојде на некоја ехф утакмица, да си ги гледа репките а и патем да помогне со некој совети :cool:
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Би потенцирал две работи:

1. Падот е започнат со повлекувањето на Жути од репрезентација. Очигледно беше дека очајно фали класичен плеј, а таков немаме. Се нудеше една опција како решение со натурализирање на Скубе, од Х причини таа работа не се заврши, тој воз замина.

2. На клупа седи ракометно неписмен лик, тука е повеќе од 20 утакмици а на една утакмица нема поставено игра како што треба, да не правиме муабет за одбрана. Барем еден позитивен сегмент да покажеше во овие 2 години би имале некаква надеж.

Така да ништо од овие два порази не е изненадување.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
@Tomasino убаво кажано, те немам прочитано од дамна.

Со Египет немам никакви очекувања, појака екипа се од Шведска со високи амбиции за медал на ова првенство. Плус вакви "снажни" екипи никогаш не ни одговарале. Нема да минеме толку лошо резултатски од проста причина што Египет нема ни приближно таква игра во транзиција како Шведска, но во позицион напад се доста посилни од нив (а и од нас). Прогноза некаде меѓу -5 и -7.

Инаку генерално за играта сакам да видам три работи:
1. Сто пати кажано, Кузмановски на лев со Танкоски на среден. Но не само да се во составот туку да се креираат акции на таа страна, а не секој напад Кире и Столе 2на2, тоа е одамна прочитано, а ни едниот ни другиот не се во ек на кариера за да "пробиваат и преку ѕид".
2. Кире да игра само едно полувреме, кога е лесен за замена (таман ќе видиме што можат без Кире и Столе во напад). Замената по дијагонала кога имаме често потреба од уште една замена на пикер прави некогаш повеќе штета од добивка, а со оглед на возраста на Кире е тотално непотребно.
3. 5-1 одбраната со Мишевски напред. Знам дека ова помина лошо првите неколку 10 минути со Шведска, но тоа е тип на одбрана која мислам дека има смисла да ја тренираме на долг рок и сигурен сум дека подобро ќе мине против Египет. Но не само провизорно да постои одбраната, мора квалитетно да се излегува на фаул, без тоа секоја одбрана е џабе.
-----------------------
Со моменталните предиспозиции едвај и 6-0 ни пасува односно би можеле да ја играме.
Реално нема никакво бочно движење, нема комуникација меѓу нив што лесно се гледа. Халфовите треба да убиваат од ќотек, они раце креваат и викаат не сум јас.
5-1 и 3-2-1 е сеуште мисловна именка да се игра кога основата не се знае.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.839
Поени од реакции
3.292
И тој Димитриовски има паднато доста. Тој е брз, може да проба да експериментира да го игра централен бек. Играше за јуниорите малку на таа позиција, баш беше солиден. Колку толку ако ништо друго нападот да се размрда.

Против Египет играме бе, не играме против Франција.

20 разлика губат, 20 ЕБЕНИ ГОЛА РАЗЛИКА ПРОТИВ ЕГИПЕТ.

Не е неквалитет, туку чисто незалагање и играње курташак.

Жути Миркуловски сам ќе ги победеше индијанците, не кур ми ги прајте ко да се Данска.
Апсолутно си во право!

Ниту Египет е нешто, колку нашите играа едно големо ништо - а тоа е поразително! Не можам никако да го сварам ова. Голем дел од овие (Талевски, Томовски, Кузмановски, Димитриовски, Велковски, па и еве Танкоски) играа на по едно кадетско и јуниорско (Талевски има две јуниорски) ЕП, а играа пред 3.5 години на СП во Алжир и беа 6-ти! Да не зборам дека Русија два пати ја направија дар мар, во квалификациие (лично ги гледав) ја убија Полска. Имаат искуство, играле со Металург во ЛШ (па Талевски дебитираше против Кил). Изговор нема. Со Швајцарија имаше баш солидна одбрана и Шмид не се изнаигра.
Сите одат во надолна линија, ама мислам дека е ментален проблем и не знаат со притисок да се носат. Овој пат па и немаа притисок, требаа само да се растрчаат, да рипаат за секоја топка. Нека се огледаат на одбојкарите - катастрофа федерација имаат и еве како се трудат и гинат.
Мукаетов се им има дадено! Бар за ракомет има и школи и услови.

Имаат некој ментален проблем.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
Чиле играше нерешено со Работнички пред недела во Скопје. Ако изгубиме од нив, треба да се фрлиме во Нил додека сме таму.
Па мислам без Кире и Столе 2х глат ги тепавме, значи фрлање во јужен Нил, кај што има крокодили, ватерпол да изиграме...
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Toa што немаме квалитетни младински школи,услови,инфраструктура,план за на подолг рок,спортски клубови и институции е дополнителен проблем...да ги имавме овие работи до некое задоволително ниво пак ќе го покривавме неквалитетот...ама кај нас секој проект завршува за две години и после од јово на ново....

Неможиме да му се лутиме на ракометарите...тој е квалитетот...80% од нашите сали низ државата немаат за греење а ние сакаме квалитетни ракометари да произведиме...тоа не функционира така.
Нема услови и инфраструктура? Сега нема? Овие играчи немале? Па може и тоа е проблемот што имале премногу и мислеле лесно е да се игра за репрезентација и да се стане "голем" играч.
Столе и Гоце да не имале? Миркуловски да не имал? Дај не ме јеби...

Каков и да е квалитетот, кога се игра се остава срце, пот, крв и душа на терен посебно кога се игра за национален дрес. Кога тоа ќе го покажат и ќе се види дека сварно пробаа, ама навистина се обидоа и неможеа тогаш и браво ќе се каже. Вака со сето прикажано само за осуда.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Чиле играше нерешено со Работнички пред недела во Скопје. Ако изгубиме од нив, треба да се фрлиме во Нил додека сме таму.
Со втор состав играа Чиле, некој младинци веројатно. Тешко ќе е и со нив, 28 гола дадоа против Египет.
Тешко ќе е посебно во една ваква ситуација, бродолом на северџански и фиромјански менталитет, ќе требит Кире да се истрошит до крај и да пробаме да изиграме во одбрана нешто.
Нека пробат со Крстевски и Серафимов на местото на Оса,кој не е калибар за вакво натпреварување, од 2 шута 10 банани изеде.
На лево крило Ц.Кузмановски имат некој потенцијал да пораснит во некое солидно крило, но во моментов заедно со Димитриовски не се дораснати, нека не се заебават нека го повикаат Манасков, еден гол од контра немаме дадено, ебати резот со Димитриовски подебел од Ванчо Димовски е.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
378
Поени од реакции
1.038
Дијазепамот ни остана неотворен. Повторно. Како тргнало ќе му помине рокот.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Голем дел од овие (Талевски, Томовски, Кузмановски, Димитриовски, Велковски, па и еве Танкоски) играа на по едно кадетско и јуниорско (Талевски има две јуниорски) ЕП, а играа пред 3.5 години на СП во Алжир и беа 6-ти! Да не зборам дека Русија два пати ја направија дар мар, во квалификациие (лично ги гледав) ја убија Полска. Имаат искуство, играле со Металург во ЛШ (па Талевски дебитираше против Кил).
Неможит на стара слава да се играт само, од тогаш немаат никаков напредок, не работат ко шо требит, ние со овие играчи тогаш се надевавме дека ко ќе "пораснат" конечно ќе преминеме од репрезентација Б во репрезентација А ЕШАЛОН која ќе се бори за топ 5, за на крај да падниме во репрезентација од трет ешалон, да се срамиме по 20 разлика.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom