Еве јас ќе дискутирам за тебе со Цеца и за све поврзано со неа...Ги знам сите нејзини песни, сите албуми...И уште многу многу детали за неа...И син и се вика Вељко, а не Жељко (Жељко е Аркан)...
Јас ја обожавам оваа жена од аспект на нејзиниот стил на однесување во јавност, држење, гордост,
вонсериски талент за пеење (значи она може во пижами да излезе на сцена и 1.000.000 публика да и дојдат...), стилот нејзин и сл...За приватниот живот многу не ме интересира, иако ние нејзините фанови го следиме секој нејзин чекор пред се од аспект на концерти и настапи и сл
, си имаме и наша веб страна дури...
Цеца е контроверзна особа и на многу високо ниво...Со неа не може да си играат мајтап...Можат вака по форуми и блогови да ја плукаат, али кај и да се појави е закон...И тоа е факт....Жената е пример за вистинска ѕвезда, ѕвезда заради нејзиниот талент за пеење, песните кои и се хитови сите до една и нејзината харизма и начинот на кој се поставува према нејзините фанови...Она не стана ѕвезда со правење циркуси туку со пеење!
И ги замолувам сите форумџии кои не ја слушаат музиката на Цеца да не ја отвараат темава и да тропаат глупости тука колку да се најдат во муабет...