bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 814
Sloveni, slavnite luge na Alex Makedonski:helou::helou::helou:
Во ”Пофалното Слово за Св. Кирил”, за кое кое се мисли дека е напишано од самиот Св. Климент, стои дека народот кој ја населувал Македонија е словенски или како што таму стои: „многуплодниот народ словенски” (Извор: „Пофално Слово за Св. Кирил”, Панонски Легенди од Црноризец Храбар, крај на 9ти или почеток на 10ти век). Црноризец Храбар во истите Панонски Легенди, во ”Житието Методиево” вели дека „сите солунчани чисто словенски зборуваат”.
Авторот на "Азбучната молитва на нашиот писател” ( ”Cтихотворном прологе к Учительному евангелију”) од 10 век, вели дека Св. Климент го покристил "словенското племе"
(Н. Туницки, Св. Климент, стр. 153). Cпоред бугарската историја, во опишаниот историски временски период македонците веќе станале дел од "бугарското племе", a како македонците станале бугари, така и јазикот кој тие го говореле (старословенски), станал бугарски јазик!
Епископ Константин, ученик на Св. Кирил во својот ”Проглас кон евангелието” (временски најверојатно потекнува почеток на 10 век) се обраќа кон "словенскиот род" од Македонија кој ги познавал само грчките книги, сега истите да ги замени со словенски:
(Архиеп. Антониј, каз. с'ч., стр. 231; ПСп, пак там, стр. 407. Горскиј и Невоструев, Опис. рук. Синод. библ., II, 2 стр. 425—426).
Во Житието на Св. Наум Охридски, напишано по смртта на Св Наум, од перото на анонимен ученик на Св Климент, во 10от век, пак се зборува само за Словени и за никоја друга народност во Македонија.
Уште еден важен историски факт е тоа што Македонците во 10от век имале и своја посебна црковна организација, во времето кога Бугарите веќе имаат оформена бугарска канонски призната Црква, и покрај тоа што северна и центрлна Македонија биле окупирана од бугарската држава. Во Житието на Св. Наум Охридски се зборува за „епископ Словенски” Марко, четврт епископ на Словените од Девол и на словенски јазик - народ
(старословенскиот збор "јазик" означува "народ" т.е. етнос), што јасно кажува дека средновековните Македонци имале религиска автономија, како посебен етникум во рамките на средновековна Бугарија од 10от век (Извор: „Житието на Св. Наум Охридски”, „Спомен за нашиот преподобен отец Наум”, 10 век, Охрид). Да биле средновековните Македонците потчинети на бугарската или ромејската црква, тогаш, би биле покорни на бугарскиот преславски или ромејскиот константинополски патријарх, и нив би ги славиле и спомнувале по пишаните документи.Бугарската историја не се повлекува од квазитеоријата дека Македонците веќе во 10от век биле Бугари. Подоцна, Македонците не би можеле да станат Бугари оти потпаѓаат под византиска власт во почетокот на 11от век, а подоцна под српска. Но, како што гледаме во тоа време Македонците не биле Бугари, напротив, бугарското име македонските писатели не го спомнуваат.
Средновековните- вистински бугари (турки) признавале посебен македонски етнос
Бугарскиот кнез Борис т.е. Михаил по препорака на римскиот Папа во 866 година требало да организира посебни цркви за секој одделен народ во Бугарија, па како дел од Македонците од северна и централна Македонија биле под бугарска окупација и тие требало да добијат посебна црква со свој епископ. Со тоа, Бугарија требало да ги признае националните права на различните етникуми, кои плаќале даноци на Бугарија како и целосно призната автономија. Инаку целото папско правило гласи: ”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc. ”(Правила на св. православна ц'рква с т'лкованијата им, Софија, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”Историја на П'рвото б'лгарско Царство”. II. От славјанизацијата на д'ржавата до падането на П'рвото царство (852—1018) стр.119-120)
Така и сторила Бугарија. Кон крајот на 9 век, бугарскиот цар Борис Михаил ги одвојува Македонците од бугарското царство и за управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент. Таткото на бугарската средновековна историја Проф. Др. Златарски констатира дека Македонија била "третата част на б'лгарската д'ржава којато била населена с компактно славјанско население" (Васил Н. Златарски: ”Историја на П'рвото б'лгарско Царство”. II. От славјанизацијата на д'ржавата до падането на П'рвото царство (852—1018) стр.239-240); затоа, Македонците како посебен броен народ во бугарското царство морале да се одделат од останатите народи.
Рускиот славист Туницкиј според Краткото житие на Св. Климент и Џуканжовиот список тврди дека македонските автономни области тнр. Кутмичевица ја зафаќале територијата на Македонија до Солун на југ, на запад до јадранскиот брег, додека северната граница не може авторот да ја определи (Ср. Воронов, Главнејшие источники, стр. 200. / Н. Туницкиј, Св. Климент, стр. 177—182). Св. Климент, македонскиот етнички простор го поделил на 12 околии (Н. Туницкиј, пак таму, стр. 189—190), каде официјален јазик и писмо бил словенскиот, а црковниот клир бил ослободен од плаќање даноци на Бугарија (Пространното житие, издание Туницки, гл. XVIII, § 58—59, стр. 170—121). Како што може да се забележи, бугарите дефинитивно не ги обединили македонците во бугарското племе, туку им дале целосна културна и јазична автономија, што денеска не се достапни за пиринските Македонци.
Така, Св. Климент ја добил титулата епископ велички:
.
Неговите наследници, управителите на македонските автономни области ја носеле титулата "епископ на словенски јазик"
, каде што старословенскиот збор "јазик" означува "народ" т.е. етнос. Со тоа, Бугарите признавале посебен етнос во "третата автономна област на Бугарија". Можеме а закучиме дека во средниот век постоеле три етноса во Бугарија, а тоа биле македонскиот, бугарскиот и словено-траките од Бугарија, денеска тнр. "б’лгари".
Дека Македнците биле посебен народ и како таков целосно одделен од бугарите и славо(анто)-траките, се и титулите кои ги носеле самостојните владетели во Македонија. За разлика од бугарските земји, каде бугарските болјари- аристократија носеле турко-бугарски титули болјар, кавхан, боил итн., во Македонија тие носеле чисто словенска титула "кмет"
. Интересно е дека дури и српските етнички територии окупирани од бугарите имале властодршци со турко-бугарски титули. До сега се познати два кмета од Македонија Тамериан и Дристар(Житието на Тивериуполските мaченици kaj Migne, Patrol. gr., t. 126,ibid., cap. 47, col. 213 A.), кои биле полунезависни владетели на македонските етнички територии со свои војски и свои крепости(Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4698–9).
Сите документи на Бугарите од второто бугарско царство потврдуваат дека Македонците не се Бугари.
Второто бугарско царство го основаат во 1186 г. браќата Асан и Петру од влашко-куманско потекло. Во почетокот на владеењето на Јован Асен I и Петру, додека не ја ослободиле целата територија на права дунавска Бугарија, во 1189/1190 г., секој од нив носел титула "Император на власите и најголем дел од бугарите" или "Император на власите и куманите". Поимот "влав" се однесува на романизираните Траки од Бугарија, додека куманите се турки народ, сроден со правите болгари, кои се турки. Во тоа време (крајот на 12 век, почеток на 13 век), поимот "бугар" се однесувал на турки народите кои ја населувале дунавска Бугарија (територијата меѓу Дунав и Стара Планина), пред се куманите, болгарите и печенезите. Подоцна, со целосното ослободување на дунавска Бугарија, во 1204 г. бугарскиот цар Калојан се декларира пред римскиот Папа Инокентиј Трети како "Император на сите бугари и власи"(Imperator omnium Bulgarorum et Blacorum), а бугарскиот архиепископ ја носел титулата "Примас на цела Бугарија и Валахија Прима" (totius Bulgariae et Blaciae Primas) [History of the Byzantine Empire, A.A. Vasiliev, University of Wisconsin Press, 1964, p.442].