Сведоштва за постоење на Бог

  • Креатор на темата trilobite
  • Време на започнување
Член од
22 февруари 2007
Мислења
75
Поени од реакции
5
Скроз отидовте офф топик, ама еве во кратки црти, мислам дека воопшто тие две работи не се контрадикторни.

Напротив, дури некако сосема јасно се поклопуваат.

Заповедта не убивај, значи дека човекот нема право да крене рака врз човек, односно дека животот е себична своина на Господ...

Тоа значи дека само Господ има право да го одземе тоа што го дал: животот.

Баш затоа, сосема логично е Израелците да немаат право да уништат некој народ, освен ако тоа не го бара директно Господ.
 
Член од
4 март 2007
Мислења
32
Поени од реакции
0
како прво јас сама себе не се сметам за РЕЛИГИОЗЕН ФАНАТИК.
Многу логично е дека некој морал да го создаде светот и мене ниту малку не ми е логично дека тоа се случило чисто спонтано како резултат на некои непредвидени природни појави или штоти знам јас шо.Барем лично мене ми е пологично дека совршениот ред во природата е создаден од некоја интелегентна рака која мисли пред да створи. И мене ми е глупава приказната за седумте дена во кои Господ го створил Светот но во Библијата е Заспишано Дека самиот Бог е материја која е тешко сватлива за човечкиот мозок затоа Што Бог истовремено Претстсавува Бог таткото Бог синот И Бог Светиот дух,тоа уствари е Светото тројство во кое верниците се крстат.
А за несреките во светот не го окривувајте Господ затоа што верувале или не Господар на земниот свет(оној кој управува со него) е најголемиот непријател на Господ.
И уште една не сум верски фанатик туку не се ограничувам сама себе само на НАУЧНА ЛИТЕРАТУРА ПОТКРЕПЕНА СО МАТЕРИЈАЛНИ ДОКАЗИ.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Чорбаџи напиша:
Заповедта не убивај, значи дека човекот нема право да крене рака врз човек, односно дека животот е себична своина на Господ...
Заповедта не убивај како и сите други заповеди имаат за задача да оформат кодекс на однесување и да изградат морал на вредности кај луѓето. Библијата е најубава книга за воспитување на децата за да израснат во психички здрави и нормални луѓе. А животот е себична своина на оној кој го живее, Господ е само илузија... тоа е мое мислење, немам факти, докази и црно на бело...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Viktorg, nema potreba da dokazuvas nepostoenje na nesto sto nepostoi, neli!
Tie treba da dokazat deka toa sto ne postoi, postoi.

Se odi vo beskraj na sprotivni stavovi, dijametralno sprotivni, koi megjusebno se isklucuvaat i kompromis ne moze da se najde.

Osven vo pregratkite na vistinata.

Draw a line in the sand and the wind will change the pattern, draw a line in the water and the waves will bring you another.
Where we drew our lines, defines our place for posterity!
Jedi Truisms
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
75
Поени од реакции
5
Garfield напиша:
Viktorg, nema potreba da dokazuvas nepostoenje na nesto sto nepostoi, neli!
Не би рекол. Да се тврди дека не постои, е завземање на страна. Тоа не е неутрална позиција, како на пример агностицизмот. Затоа и таа страна е подложна на истите „тестови“ и „докази“ како и теизмот...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Повеќе би рекол дека е тавтолошка дисусијата на обете инволвирани страни во докажувањето постоење или непостоење на Бог.
Едните тврдат (без реални и согледливи докази) дека постои, а другите дека не постои, особено без да ја слушнат спротивната страна.

Речиси е невозможно да се докаже нешто толку апстрактно без длабоко навлегување во историјата и философијата на религијата, без оглед за која религија се говори.
невозможно, велам, поради фактот, непобитен факт, дека втемелениот начин на размислување е да се постојано докажува со негација наконтра-аргументите.

Negatio am absurdum!

Потврдата или негацијата за постоење на апстракт може да се докажува или августиновски или сократовски, со постојано барање празнина во доказот на собеседникот.

Постои или не постои е излитена форма на дисусија.

Правец кој би требало да се заземе е оној кој бара доказ за верба или неверба во апстракт на индивидуално ниво.

"Речи го како сакаш, но вербата е моја, таква и за мене" би бил најдобриот аргумент, но, кај секого постои оној бунт, желба секој еден да го убеди другиот во својата мисла, верба итн.

Јас ја држам мојата позиција, а таа е дека бог, како што е претставен по Никејскиот собор, согласно нивото на тогашната свест, денес е неапликативен апстракт и непостоечки во тој апстрактен формат.
Всушност, тогаш, а и пред тоа, свеста била на ниво кое побарувало деитификација со антропоморфен карактер на апстрактот, денес, надмината е потребата, свеста е друга, само заблудата која ја носи слепото следење на догмата, сеуште има длабоки корени.

The Force, популарно, Силата, е извор на се кое е физичко, материјално и апстрактно, таа е енергија која исполнува, празни, содржи и е содржана, нема персонификација, нема антропоморфизам, има само сепостојност и сеопфатност.
Сеа ја содржи и се е содржано во неа, од неа сме, во неа сме, во неа ќе бидеме, едено, како целост поделена во безборј ентитети со исти примарни карактеристики.

Кога навремето се барало објаснување, свеста налагала антропоморфизам, сега, свеста налага друго, а тоа е не слепо следење, не слепа верба, туку разумски поглед на нешатат, објаснување на материјалното, а прифаќање на апстрактното на начин соодветен за индивидуата, која на крај е сепак, полн и целосен израз на Силата.

Сега мислам дека сум појасен. Нели.

П.С. одењето по белата линија на коловозот е сигурно чекорење во еден правец, покажува каде треба да счекориш, но е најнебезбедната, не е ниту кон едната, ниту кон другата страна, а возилата минуваат, врват, може некое да те удри.
Страна треба да се одбере, се до моментот кога ќе се левитираш на ниво каде познајноста на апстрактот т.е Силата ќе ти биде секојдневие.
Потоа нема да имаш потреба од објаснение, апологетизам или договорна дискусија.
 
Член од
10 март 2007
Мислења
242
Поени од реакции
46
heheh dokaz za postoenjeto na bog go ucevte vo osmo po biologija , seuste se sekavam , dokaz pogolem nema , naucnicite samo za toa ne mozat da dadat objasnenie zosto ;)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Garfield напиша:
Кога навремето се барало објаснување, свеста налагала антропоморфизам, сега, свеста налага друго, а тоа е не слепо следење, не слепа верба, туку разумски поглед на нешатат, објаснување на материјалното, а прифаќање на апстрактното на начин соодветен за индивидуата, која на крај е сепак, полн и целосен израз на Силата.
Ова ми се допаѓа. И да не бев скептик за здруженија кои се занимаваат со ваква проблематика, можеби и ќе ви се придружев Гарфилд. Инаку читнав малку на страната што ми рече... ама не стигнав до некакви конкретни муабети. Тоа ми фали. Во твојот последен пост малку кажа, а тоа што го кажа ми се допаѓа...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Секој врви по својот пат, јас врвам по мојот, ти по твојот, крајната дестинација ни е заедничка, знаење и познание!

Чекорам по мојот пат, а ако тој е и нечиј друг, слободно, заедно ќе продолжиме, ако е само мој и ничив, со сите на целта ќе се видиме.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
75
Поени од реакции
5
Абе Garfield, еднаш велеа и сите патишта водат во Рим, али испадна, некои воделе и во Шутка... :baeh:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Чорбаџи напиша:
Абе Garfield, еднаш велеа и сите патишта водат во Рим, али испадна, некои воделе и во Шутка... :baeh:
А по која основа сметаш дека Гарфилд не е во право? :toe: :smir:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
75
Поени од реакции
5
Затоа што не е возможно да постојат две вистини... Просто и едноставно, ете затоа...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Чорбаџи напиша:
Затоа што не е возможно да постојат две вистини... Просто и едноставно, ете затоа...
А кои се двете вистини. Мене муабетот на Гарфлид ми е бајаги вистинит, затоа те прашав со што не се сложуваш?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Никаде не тврдам, ниту имам во постот споменато вистина, само околу индивидуалната слобода и пат!

Мојата слообода на избор, мојот пат не значи дека е само мој, можеби некој друг мисли како мене, на ист начин, со тоа му се совпаѓа и патот до крајната цел, затоа велам, бујрум, со тој, за да ни биде поубаво, заеднички до целта, а ако е патот, само мој, само јас по него ќе врвам, а бидејќи целта е една и заедничка на сите, до која многу патишта виодат, ако не се сретнеме попат, ќе се сретнеме на крајот. На целта.

Дали сега доволно насликав што сакам да кажам??

Благодарам!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Наслика и прееска, само очекував дека Чорбаџијата ќе каже нешто дека патот, и крајот не ти се вистински или нешто слично. Дека само христијанското учење е вистинската вистина над вистините. :) Тоа чекав... ти беше јасен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom