Сведоштва за континуитетот - Поменот на антиката во македонската историја

A

anaveno

Гостин
ПРОФЕСОРОТ ПЕЕВ СО ГОДИНИ БАРАЛ И ПРОНАОЃАЛ СТАРИ КУКУШАНИ ВО СТРУМИЦА И ВО ОКОЛИЈАТА, ВЕЛИ ПРОФ. СМОЛЕ

Јазикот на Македонците од Егејска Македонија има особено историско значење, бидејќи тој е продолжение на јазикот на Светите браќа Кирил и Методиј.

Со книгите "Кукушкиот говор" и тритомниот "Речник на македонските говори во југоисточниот егејски дел" (сега веќе четиритомен) од Коста Пеев, не само што го прошири етимолошкото богатство на сите сродни јазици, туку му прави голема услуга на македонскиот народ, бидејќи го спаси тој драгоцен и изворен материјал од заборав.

(д-р Јозеф Шалерт, проф. на Универзитетот во Торонто, извадок од промотивна реч)
 
A

anaveno

Гостин
Колумбија на Плаошник

„Светиклиментовиот универзитет" ќа биде многу значајнo мeстo и таму ќе има студенти oд гoлeми универзитети - рече директорот на управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман.

Светиклиментовиот универзитет" на Плаошник ќе биде научно јадро на Балканот и таму, мегу другото, ќе има место што ќе функционира како клон на универзитетот „Колумбија". Ова е идеја на Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство и координатор на проектот за возобновување на „Светиклиментовиот универзитет".

Тој напомена дека станува збор само за начелни преговори и ништо не е конкретно, но, сепак, е значајна идеја. Сакаме тоа место да биде простор каде што и студентите од универзитетот „Колумбија" ќе може да истражуваат, да учат.

„Светиклиментовиот универзитет" ќе биде многу значајно место и таму ќе има студенти од големи универзитети -рече Кузман. Тој објаснува дека во делот на боровата шума на Плаопшик сака да се направат мали паркчиња за прошетки, а ќе има и клупи за да се одмораат луѓето.

Освен просторија за еден од најпознатите светски универзитети и Македонската академија на науките и уметностите ќе има своја резиденција во рамките на универзитетот. На тој начин целото место на ридот над Охридско Езро ќе биде културен и научен центар.

Археолошките истражувања на Плаошник се уште траат. Планирано е да се работи до крајот на оваа година, а ако е потребно, како што рече Кузман, ќе се продолжи и во јануари.

Истражувањата не пречат да се подготвуваат и останатите проекти, како проектната програма и распишување на меѓународен конкурс за идејно решение за „Светиклиментовиот универзитет".

Досега не се пронајдени остатоци од универзитетот на Свети Климент, а нема ниту пишани докази за да тоа како изгледал објектот.

Планирано е универзитетот да биде готов до крајот на 2009 година.
За негово возобновување издвоени се 6 милиони евра за следниве три години. На ископувањата се ангажирани околу 400 археолози, етнолози, архитекти, студенти по археологија и ликовна уметност. Нивната заедничка цел е да ги истражат сите цивилизациски слоеви на ридот над Охридско Езеро и да ги откријат остатоците на првиот универзитет во Европа, кој работел во 9 и во 10 век од нашата ера.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
"...jужниот дел на Балканот го заземаат Македонците, кои се потомци на наjстарите Словени, и кои беа во Тракиjа уште пред Христа. Од север ги граничи шар Планина, од исток Родопите, од jуг Белото Море и Тесалиjа, од Запад Епир и Jужна Албаниjа. ..."

(Земљопис Србиjе и Турскe за основне српске школе, Београд, 1872, стр. 35)


.
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
(Земљопис Србиjе и Турскe за основне српске школе, Београд, 1872, стр. 35)
Дали книгава може да се најде во Универзитетска библиотека.

Не е овде место но бидејки погоре Анавено го спомна универзитетот. Како може "Византија" да дозволи формирање на универзитет кој е на поган јазик.:toe:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Navistina ne znam dali tekstot mozhe da se najde vo UB. Kje mora da proverish. Eve ushte dva izvora:


" Македонците се наjстари Словени на ова илирско трополе...тоj народ стои во средината меѓу Србите и Бугарите. "

(Петар Драгашевиќ, "Географиjа за средње школе", Београд, 1871, c. 162-163)



"Македонjаните...вероjатно биле народи од словенско потекло."

(Jован Гавриловиќ, "Мал'iј Зем'л'опис' кнјажевства Србiе и турског' царства у Европи за основне србске школе", Београд, 1850, стр. 51)

Gavrilovic pod starite Makedonijani gi vbrojuva: Getite, Mezite, Tribalite i Ilirite. Za Makedonjanite veli deka zhiveele na teritorijata na koja podocna se doselile Srbite, Bugarite i Hrvatite.

Temata za jazikot e mnogu kompleksna i ne e za tuka. Imavme takva diskusija (naslovot beshe Za IVICA ANTEVSKI I KIRILICATA), no povekjeto postovi se izgubija koga padna serverot ednash. Kje se obidam da ja ranimiram taa tema, imashe kvalitetna diskusija.
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Па добро од каде ги копаш книгиве. Во Универзитетска во Белград мора да ги има.

Мислам дека одговор на овие текстови Европјаните би дале како и за Вук Караџич, а и за сите средновековни записи. Едноставно Србите сакале да докажат дека Античките Македонци се Словени, а со тоа и Србите наследници на таа територија. Нешто во тој стил би било.

Сигурно во 1850, Србите не признавале Македонци.
А можеби и признавале, само Европјаниве многу ја замешаа работата.

Имаме ли некакви податоци за односите помегу Србите и Македонците околу 1750. Дали само Грците ја рушат Охридска Архиепископија, или и Србите имаат удел.
 
A

anaveno

Гостин
Сигурно во 1850, Србите не признавале Македонци.
А можеби и признавале, само Европјаниве многу ја замешаа работата.

Имаме ли некакви податоци за односите помегу Србите и Македонците околу 1750. Дали само Грците ја рушат Охридска Архиепископија, или и Србите имаат удел.
Балугџиќ бил одговорен за односи со јавноста на кнезот Петар (Караѓорѓевиќ), кој во тоа време живеел во егзил во Женева.

Cписание "Словенски Југ", од 21.9.1904 г. Во статијата "Cите претензии кон Македонија се оценуваат како скршнување во погрешна насока":

" Пред австриската окупација на Босна, никој во Србија не помислил на искажување претензии кон Македонија ... се додека Србија ги бараше своите брегови на Јадранското Mope, немаше тврдења дека во Солун има српско население.

Дури откако на Србите, со насилен акт на Берлинскиот конгрес, им беше одземено природното право, поради историјата и јазичните граници, да се прошират кон Јадранското Mope, со вештачка агитација погледот на српската политика се сврте кон Македонија. "


Сензација! Ова признание мора и денес да одѕвонува како откровение во македонските уши!

(Х.Л. Штепан - "Македонскиот Јазол")
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Дали е целиов текст од Словенски Југ, или пак само првата реченица.

Има ли нешто постари документи, додека и Србите се под Турско.

Едно нешто е непобитен факт. Доколку и Македонците беа Срби, ке се ослободеше и нашата територија за време создавањето на Србија. Но тоа не се случи.
 
A

anaveno

Гостин
целиот текст...тоа Сензација е на поранешниот амбасадор.
 
A

anaveno

Гостин
Инаку, во денешна Албанија, на секоја Македонска црква,на влезот го имало сонцето од Кутлеш. Но, режимот на Енвер Хоџа, ширејќи го албанизмот, ги искорнал сите такви обележја...

Македонците од Албанија, би можеле да посведочат за Македонизмот, доколку би прикажале фотографии од истите обележја. Нашите историчари абер немаат за вакви докази. Единствено м-р П.Поповски има спомнато за ова. Незнам дали во неговата наредна книга, посветена на Химариотското востание од 1596 г. на чие чело бил Охридскиот Патријарх Атанасиј 1, ќе приложи фотографии и од некоја црква...
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
939
Поени од реакции
21
Останува да видиме, а ако постојат такви фотографии, срамота е да се чуваат во архивите, а и не би ме чудело да се кријат.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Пронајдена глава на античкиот претходник на Прличев





Мермерна глава на граѓанин на Лихнидос со авторитетен израз е откриена на Плаошник, во близина на поликохалната ранохристијанска црква од 5-6 век. Главата е со исклучително фина изработка во мермер и претставува лик со брада и венец на главата, што укажува на угледната позиција што ја имал претставениот граѓанин. На венецот, на растојание што се повторува, се оставени отвори во кои најверојатно биле вметнувани лаврови листови.

- Според сите показатели со кои сега располагаме, сметаме дека мермерната глава е на Аврелиј Кратет, угледен граѓанин на Лихнидос, тогашна престолнина на Десаретите, кој бил толку познат што имал своја статуа и во светилиштето на Асклепиј во Атина - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Ваквите сознанија се темелат на податоци од монографското издание „Охрид“ (книга прва) од Фанија Папазоглу, печатена во 1985 година, во која авторката зборувајќи за угледот на Охрид, тогашен Лихнидос, во царскиот раноримски период (1-3 век) ги анализира арите (епиграфски извори од надгробни споменици), пишувајќи: "Другата (ара, з.н.), единствена во целост зачувана е посветена од Десаретите на граѓанинот Аврелиј Кратет, син на Птолемеј, ‘славен според образованието научник‘, кому и Атињаните му подигнале статуа во светилиштето на Асклепиј“.

Во фуснотата се вели дека арата е најдена во ранохристијанска црква во Имарет, вѕидана како столија (паганско материјално наследство што христијаните како еднобошци го користеле како градежен материјал при изградбата на своите храмови). Овие податоци ги упатиле археолозите на Плаошник да ја поврзат пронајдената мермерна глава со натписите за угледниот Кратет, Птолемеевиот син.

- Наодот ни е важен зашто ги потврдуваме епиграфските извори за постоењето на угледен граѓанин од Лихнидос од тоа време, познат до Атина, а со македонско потекло. Неговиот татко Птолемеј носи традиционално старомакедонско име. Со овој наод, освен тоа, го потврдуваме и големото значење на Плаошник како свето место и на Лихнидос како град - вели Паско Кузман.

Тоа е, велат охриѓани, веројатно далечниот претходник на Прличев, кој среде Атина, 16 века пред Прличев да го добие лавровиот венец за „Сердарот“ во овој град, си нашол место во едно атинско светилиште. Истражувањата на Плаошник продолжуваат. Таму и понатаму работи тим од близу 500 луѓе, кој ги продолжува ископувањата до 31 декември.
 
A

anaveno

Гостин
Hезнам дали се важи и ова:

Написот што и ден-денес може да се прочита на надгробниот споменик на Демостен, големиот македономрзец од времето на Филип Македонски:

„Да беше силен колку што беше умен, немаше да умре како роб“.

А умре како македонски роб, зашто Филип го почна а Александар го доврши освојувањето на Грција.

A Лавот од Херонеја?...и арапо-грците како србите...и едните и другите (Лавот и Газиместан) слават што станале - РОБОВИ.

бог да чува...
 
A

anaveno

Гостин
Незнам дали се важи и ова:

Во спомен на старите Олимписки игри денес во Еге (сегашниот Воден) по традиција секоја година се одржувани еден вид Олимпски игри по завршувањето на секоја школска година (гимнастички и атлетски игри) кои целиот народ од градот и од околината со голем интерес ги следи.

Исто така по традиција се одржува и баклијада, типична манифестација на Античките Македонци. Bo Eгe, пo традиција, секоја година се одржува празникот на цвеќето, еден од најголемите празници на Македонците во античко време. Овие празници значеле и значат, со светлото и цвеќето, израз на искреност, братство, слога и хармонија и единство на нацијата.

од книгата на LAZО GAZEPOV_KRITICKA ANALIZA NA ALEKSANDROVATA ANABAZA 1976 г.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom