Свадба - да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум против. Не ми се свиѓа да имам свадба со народна музика, ора, чочеци, пијандури кои се качуваат на тапани, лепење пари на потни чела - НЕ!! Е сега кога дел од свадбата е финансирана од старешините во фамилијата, многу нормално дека мора да има народна музика, оти ако им пуштиш нешто модерно ќе испозаспијат по маси. И гостите - е тоа е прича за собом. Канат гости кои зетов или невестава ги виделе едвај 3 пати во својот живот, некои 2ри братучеди за кои и не се ни знаеле дека постојат. Еден мој братучед (не знаев дека сме роднини) правеше модерна свадба во кафич со шведски стол, ни тој во зет, ни таа во невеста облечени, модерна музика. Беа со мене и мајка ми и татко ми ја преседаа цела свадба..
 
баш само џабе трошење на пари,кога и онака за некое време ќе се разведеш,а уште поголема глупост ми е свадбата во црква како релевантна институција,ама тоа е така било така и ќе биде
 
баш само џабе трошење на пари,кога и онака за некое време ќе се разведеш,а уште поголема глупост ми е свадбата во црква како релевантна институција,ама тоа е така било така и ќе биде

Ти ако се разведуеш,ја може нема :eek: или не?
 
Svadbata e edno golemo zamaranje.Interesna e bipolarnosta na nasiov narod.Od edna strana demek nesto moderni ,od druga strana som se raboti za svadba skrieniot seljak pak isplivuva na povrsina!
Тоа да. Ама уште полоши се сеирџииве што место својот двор одма готват натална карта и психолошки профил на другите, според некои сопствени фрустрации и комплекси. Од таму почнуваат сите заебанции. Македонеро синдром.
 
Овие модерните што викаат НЕ за свадба, подобро со парите да одиме на меден месец, го прошетаа ли светот?

Значи го мразам она сељачко однесување на свадбите. Качување на колите, пукање со петарди, мавање на знамиња, соблечување на кошули,....
Мислам дека денес и нема толку адети како порано.

Ама па од друга страна мерак ми е кога сите блиски роднини, пријатели и другари се собираме за вакви убави работи.
 
Свадба зависи да или не

Ние не правевме, јас не сакав
треба да се мисли и на бракот не само на свадбата а јас од нулта позиција си знаев дека бракот и животот нема да ми бидат бајка и немаше потреба да си го лажам умот и да правам скапа бајка од еден ден, или од три дена.

За децава би сакала свадби. Здравје. Би сакала да ги насочам некаде накај 21 година да имаат веќе пронајдено начин да се самостојни и во иднина би ги советувала во брак да стапат само ако мислат дека таа личност им е дел од битието и ако не можат да го замислат животот и смртта без таа личност. Се друго се може сам, дури и деца можат да имаат сами. Свадба со таква личност да. Не дека животот ќе им биде бајка, нема да е, ама нема да им биде ни траума.
Јас во овој момент си го сакам сопругот, се делиме, се градиме заедно, ама да се врати сега таа година кога се омажив, само би си се осамостоила финансиски и би си родила бебе себе си. Ни свадба ни брак ни други пропратни циркузи. Сериозно.
 
Овие модерните што викаат НЕ за свадба, подобро со парите да одиме на меден месец, го прошетаа ли светот?

Значи го мразам она сељачко однесување на свадбите. Качување на колите, пукање со петарди, мавање на знамиња, соблечување на кошули,....
Мислам дека денес и нема толку адети како порано.

Ама па од друга страна мерак ми е кога сите блиски роднини, пријатели и другари се собираме за вакви убави работи.

Едни пријатели правеа интересна свадба
Дојде зетот од друг град со сватовите кај невестата дома, таму имаше шатори поставени за ручек
ги направија сите адети а претходно мислам се венчале во црква и матично неколку дена пред свадбата, не се сеќавам добро можда и отпосле...
А дента на свадбата кај невестата дома тоа тропање по врати и играње по маси ручек, торта, букет

и just married си заминаа на одмор тие двајца
Баш беше интересна свадба без многу малтретирање и шетање меѓу двата градој, ми се допадна.
 
Зависи од неколку причини.
Јас и маж ми не бевме многу многу заинтересирани за свадба, но согледувајќи како стојат работите, колку им е мерак на нашите и колку најблиски луѓе ни се собираат одлучивме да правиме.
Они се голема фамилија, ние сме голема фамилија и најблиски, ама баш најблиски луѓе ни се собираја околу 150-200 души. Што ќе правиш со 200 души, сигурно не можеш ручек еден да направиш. Решение беше или свадба или да ти се влечат по дома со месеци. Решивме да правиме свадба без многу церемонии и адети, како една веселба и топ си поминавме.
Парите што ги собравме ни беа добра појдовна точка за плановите што ги имавме.
 
Јас искрено освен едно матично,црква и една вечера со најблиските и ништо повеќе. А сакавме да направиме свадба,но не можевме зашто бев бремена 6ти месец. Ама сега ќе правиме и фала му на Бога нема се заморувам со дополнителни работи.
 
Премногу пари,труд,енергија за се да се организира...за неколку саати ,според мене без везеее
 
Најсмешното на свадбите е што музиката е иста на сите, ко единствените игриви и познати хитови што постојат во светов да се тие 20 песни што ги пуштаат на крајот на секоја свадба.

Исто лоша идеја е што родителите плаќаат, зошто би го правеле тоа, ако имаат вишок пари нека проживеат они поубаво во тоа што им останало, дали на патувања, дали здравство, дали да реновираат нешто ...

Убаво е собирањето и заедништвото, али тешко е да се погоди на просечниот Македонец, на некој ќе му смета каде е седнат, на некој храната, на некој музиката, мислат дека прават некаква услуга на младенците ако дојдат на свадба, наместо да гледаат да си изиграат оро и да се помешаат со луѓе. Не е нивна свадба за да даваат оценки каква е. Најтешко е да ги исполниш туѓите очекувања во поглед на вакви дешавки. Јас на пример би правела свадба само ако ептен ме притиснат блиските, што знам дека и ќе имаат највеќе критики за истата, без разлика мене колку ќе ми биде погодена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom