Сајбер протест против "ЕКСТЕРНИТЕ ТЕСТИРАЊА"

Дали се согласувате да има екстерни тестирања?

  • Да

    Гласови: 84 49,7%
  • Не

    Гласови: 85 50,3%

  • Вкупно гласачи
    169

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ја знам зошто протестирам, иако ми се паднаа предмети по кои сум добар ( македонски и математика ). Математика си имам петка ( чак што више и по Алгебра и Линеарна Алгебра петки си имам али нема везе ), а македонски нејќе да ме мрдне оваа од тројка од прва година така да фактот дека со ова можам да и се одмаздам и да и покажам дека можам и повеќе. Тоа значи дека ми одговараат.
Јас протестирам поради тоа што иако се најавува со години сеуште не сме запознаени со тоа како ќе функнионира системот. Нив им одговара тоа бидејќи не знаат како ќе им реагира серверот, не за друго, на пробните како што ни кажуваа ( тие 7 класа од Тетово што успеале пробно да полагаат ) им паѓал серверот, чекале, се бележеле други одговори.

Протестирам поради тоа што предметите ги знам од вчера. Понеделникот ни дадоја прв список, таман си го испочитуваа последниот рок. Вака имам само 4 дена за спремање ( 3 без денешниов ).

Протестирам бидејќи ми ја даваат цела книга. Па барем нека контактираат со професорите. Има некои теми кои воопшто не се учат.

Протестирам бидејќи многу мои соученици немаат книги.

Протестирам бидејќи не знам каде во екстерната оценка влегува моето усно одговарање, каде влегува мојата редовност, мојата активност и пред се каде влегуваат проектните задачи кои ние како средношколци ( поради новите програми ) сме должни да ги правиме кога професорот тоа ќе го побара!

Протестирам бидејќи редно е некој да протестира у државава, нели демократија беше ?



Има многу побезболна и поисплатлива варијанта и за екстерните за основците и средношколците ( до трета ) па и за матурата. Треба само акал, а нашиве тоа го немаат!
Незнам како очекуваш да те запознаат со системот ?
Се знае дека ќе се полага на компјутер, прашања со заокружување и филозофијата е таа. Ако под „запознавање со системот“ ти подразбираш да ти кажат како стварно е поставен системот па да си запослите некое хакерче да ви каже како да го бунете е тоа си е више друго.
Да не си се шлаел по улици цел ден, демек протестираш ќе си ги повторел двата предмени и наредните 3 дена ќе си свиркаше. Кога ќе дојдеш на факултет и кога ќе видиш како тука се функционира има да плачеш по овие екстерни.
Стварно ли е тешко тие 20-30 страни од темите што не си ги учел преку годината сега да седнеш и во 4 дена да ги научиш ?
Иначе еве и во мојот колоквиум не влегува ни редовноста, ни активност, ни некоја презентација што ќе ја направам, ама мене не ме гледаш да „протестирам“ по улициве.
Ако стварно ви се вакви аргументите тогаш уопште не се нафаќајте да го играте ова оро...

За овие 12 недели ти ако учиш секоја недела по 130 страни ќе ги научиш тие 1500, што би му дошло во просек исто колку што имаат основците да научат за 1 недела 130 страни.
Од кога тоа учебната година за основно и средно трае по 1 недела ?
Студент тие да ги речеме 1500 страни за 3 месеца (а не се толку повеќе се) ги учи по прв пат, а средношколецот тие 150 страни ги учи 8 месеци и во таа 1 недела само повторува, што е голема разлика од тоа да ги учиш.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Да бидам искрен трета година сум и искрено ме засега да се одложи само годинава. Догодина и онака ќе си полагам матура, тоа знам не ми бега. Инаку и матурата ја одложија ако не се лажам. За еднаш сум сигурен, за повеќе не знам. Стварта е шо мислам дека ќе ги одложат. Полагам математика у понеделник и изгледа само ние шо ќе полагаме у понеделник само ние ќе полагаме општо. Исто ко минатиот пат ( пред 4 години ) шо полагаа тие шо беа една година постари од мене, само математика ( и тоа на хартија, не на компјутери ) за наредниот ден служителите да ги фрлат тестовите во контејнер...

Еднаш ја одложија само матурава, и тоа бидејќи им текна во март/април некаде. Е, од наредната година сите полагаа.
Ваше е да се спремите, а како ќе излезе после ситуацијата, не зависи од вас.
 
Член од
11 септември 2009
Мислења
323
Поени од реакции
55
Доколку толку се инсистира да се воведат екстерниве нека ги спроведат и по факултетите, па реално ќе видиме таму кој е со врски и е преку тато, колку мито земаат надлежните, средно како средно не е некој голем степен на образование, факултетите се вистинското место за оваков вид на тестирање.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Доколку толку се инсистира да се воведат екстерниве нека ги спроведат и по факултетите, па реално ќе видиме таму кој е со врски и е преку тато, колку мито земаат надлежните, средно како средно не е некој голем степен на образование, факултетите се вистинското место за оваков вид на тестирање.

Една и основна причина ради која ова не е можно - високото образование не е задолжително.
 
Член од
11 септември 2009
Мислења
323
Поени од реакции
55
Една и основна причина ради која ова не е можно - високото образование не е задолжително.
Баш и затоа - ако не е задолжително треба да е квалитетно, а сведоци сме дека од нашите факултети излегуваат неписмени кадри, доктори кои на операција место бубрег ќе ти извадат срце. Чим средното е задолжително губи од квалитет и сите се приморани да го завршат, зошто да се отежнува тој процес? А високото образование не е задолжително, значи ако ти си способен (или мислиш дека си) да запишеш факултет тогаш на крајот полагај рандом предмети наложени од надвор и положи, сепак мислам дека е подобро да завршиш средно со врски отколку да станеш доктор со врски.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Баш и затоа - ако не е задолжително треба да е квалитетно, а сведоци сме дека од нашите факултети излегуваат неписмени кадри, доктори кои на операција место бубрег ќе ти извадат срце. Чим средното е задолжително губи од квалитет и сите се приморани да го завршат, зошто да се отежнува тој процес? А високото образование не е задолжително, значи ако ти си способен (или мислиш дека си) да запишеш факултет тогаш на крајот полагај рандом предмети наложени од надвор и положи, сепак мислам дека е подобро да завршиш средно со врски отколку да станеш доктор со врски.

Да почнат по сите факултети, стари и нови што ги отворија, знаеш колку време ќе им треба да го направат ова? Многу.
А и сами си се криви за ситуацијава што од факултет излегува кој како ќе стигне, затоа што и се запишува кој како ќе стигне. Не се гледа веќе знаење, иако со милион кампањи го бараат ко демек, туку не буткаат диплома да земеме само.
Нормално, многумина си имаат пари за фрлање за диплома, зошто да се мачат за учење? На мојов факултет баш се најбогативе професори, највеќе примања, возат мерцедеси од не знам колку илјади евра, а пола и повеќе од тоа е заработено од ставање оценки од ракав. Така да, кога професорите асално ќе си ја сфатат работата, и ќе имаат малце совест, а не да бидат само алчни по пари, и студентите нема да си поминуваат со нула знаење.
Али ова е веќе утопија.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Така! Сајбер е каде поефективно! Сите се на интернекс!
Се надевам сте ја избришале и професорката по англиски од фејсбук! Таа кучка!
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391
Доколку толку се инсистира да се воведат екстерниве нека ги спроведат и по факултетите, па реално ќе видиме таму кој е со врски и е преку тато, колку мито земаат надлежните, средно како средно не е некој голем степен на образование, факултетите се вистинското место за оваков вид на тестирање.
абе деца..
екстерните не се за вас да ви наштетат, туку да ги здрмаат новиве професори во средно што врска немаат со животот, а пак да предаваат на деца.
Вие че си бидите осакатени цел живот.
Во средно ти се поставува основата на знаењето. Никој на факултет нема да те седни и да ти објасни што всушност е диференциал, тие очекуваат ти тоа да го знаеш и само да го надоградиш знаењето. Со новиве професори во средно ала
ништо не се учи.
Незнам како е во гуц кај што учиш, ама со останатиот дел на Мк состојбата е катастрофа.
Јас лично бев осакатен Англиски. Си имав едно проектче на почетокот од 2 година и си добив 5 ка . Без никакво учење до крајот на 4 јас имав 5ка. Зато после бев труп англиски, незнаев два збора да сврзам. Поради тоа си плаќав приватни часови за да го надополнам знаењето.

На финки испопаднаа пола генерација по Калкулус 1, и уште неможат да ја положат. Катастрофа.
Патем не споредувај средно со факс. Ваму учиш за себе, колку ќе научиш толку подобар ќе бидиш, толку поголеми шанси имаш за вработување. Работодавците ги примаат само најдобрите. Така да работодавците се естерите тестирачи за студентите
 
Член од
24 септември 2011
Мислења
76
Поени од реакции
173
Сето ова со екстерното е океј, но не разбирам зошто министерот мисли дека тестирањето на крајот од годината на поголем материјал е помалку стресно и подобро за учениците отколку мини-екстерни секое тримесечие или полугодие на помал материјал. На тој начин ќе може да се сумираат сите 4 или 2 оценки и на крајот да се извлече од нив една која ќе оди во сведителство и ќе биде доста пореална, а и ученикот ќе има повеќе мотивација да научи за следното екстерно доколку на претходното не го добил посакуваниот резултат.

Сепак, јас на почетокот се силев дека ќе протестирам и ќе се бунам, ама сега на крај ја сфатив реалноста - мора да се учи, тоа е тоа.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Сето ова со екстерното е океј, но не разбирам зошто министерот мисли дека тестирањето на крајот од годината на поголем материјал е помалку стресно и подобро за учениците отколку мини-екстерни секое тримесечие или полугодие на помал материјал. На тој начин ќе може да се сумираат сите 4 или 2 оценки и на крајот да се извлече од нив една која ќе оди во сведителство и ќе биде доста пореална, а и ученикот ќе има повеќе мотивација да научи за следното екстерно доколку на претходното не го добил посакуваниот резултат.

Сепак, јас на почетокот се силев дека ќе протестирам и ќе се бунам, ама сега на крај ја сфатив реалноста - мора да се учи, тоа е тоа.
Во право си подобро е 2 или 4 пати...ама мислам дека е вака поефтино за државата. Нема везе како за сите така и за тебе...од протестирање нема аир тотално губење време...од тоа што сум видел во животот во основа лузери протестираат и ретко кога нешто добиваат. Така да протестирањето во пракса не се исплати.
Глеј да си научиш...
 

Д Малиот

Нинџа лепотан!
Член од
25 јануари 2009
Мислења
296
Поени од реакции
43
Чекај, чекај. Факултет е едно, средно е друго мада и средново не е тоа што беше ради тоа шо го направија задолжително, а на денешницава поради тоа гореспоменатото секоја татина маза завршува факултет и фактички дипломата која ќе ја добиеме слободно можеме да си ја закачиме во тоалет.

Вака, под запознавање со системот не мислам само на компјутерскиот систем ( тоа мене ми е ко милионер, четири можни одговори ) него со целиот систем на екстерните тестирања. Фактички не знаеме како ќе се одржува целото тестирање и идеме први на слепо. Пробното секој си седнал кај сака, имале еден предмет во училницата немало никој, само директорот... А за предметите пишува во постот што си го цитирал па барем да го прочиташе подобро, конечниве предмети ми се кажани на 22ри, 23ти го изгубив, 24ти исто. Математика полагам у понеделник и викендов ќе си средам се. Лесно ми е мада има дузина лекции кои ниту се учат, ниту се во програма. За нив ќе имам зорт ама ќе биде бидејќи се надоврзуваат малце по малце со ова измеѓу шо го имам учено. Македонски пола немаме ни чепнато, секоја недела дело имаме али нема везе, за тоа имам две недели, на 6ти го полагам. Не ми е проблем, спремен сум ама зошто кога има поарен начин.

Еве ти спомна факултетлија си, студент. Да речеме имаш 11 предмети у година ЦЕЛА ГОДИНА, не поделени у два семестри него ЦЕЛА ГОДИНА и 4 дена пред да те тестираат да објават листа и два од нив да ти се паднат да ги полагаш. Како ќе се чувствуваш ? Нема да протестираш ? Ете ја имам 11 предмети у текот на целата година и еве у овие 2 наредни недели покрај двете полагања имам дело, лектира и уште 6 теста. На што треба да се фокусирам ?А у твојата вкупна оценка сум сигурен дека презентациите и редовноста влегуваат! Не за друго, на многу студенти поради редовноста им ставаат пролазна али ајде, не влегува у колоквиум.

Искрено сум за екстерни али за сите предмети нешто у типот ко вашите колоквиуми. Да има 4 годишно ( фактички 2 месеца би отишле за тоа кога би траеле по 2 недели овие тестирања ). Плус секој нареден тест би вклучувал прашања од претходниот/претходните со таа разлика што од претходните теми ( освен на годишниот ) ќе ти паѓаат поопшти прашања.

Тогаш би имало две свидетелства, едното од училиштето другото од државата, двете со иста валидност. Она од училиштето би ја оценило целокупната работа и целокупниот прогрес на ученикот додека она државното само знаењето при што двете би биле од иста важност за влез на факултет.

Или евентуално од основно да се форсира детето за тоа што го бива бидејќи како што гледам и основциве ќе имале екстерно. Да биде прво до 6-7 одд обично основно а понатаму ученикот да се спрема за факултет за тоа што го бива. Е тек тогаш од нас ќе биде Ајнштајни нели ?

Ебате светскиов систем. Сакаат да направат нешто ко у САД кај што мои врсници учат 6 предмети од кои 5 си бираат ( нормално има некои ограничувања во однос што можеш да избереш али пак бираш ) а шестиот е англиски.
Ако изберам физичко за кое што немам книга и целата оценка ми е од тоа како сум се покажал како атлета плус ликовно каде што имаат минимално теорија ( за разлика од нас во тетовската гимназија каде што прва година ми беше пола пола додека втора имав само теорија ) тоа ми остава 4 предмети кои ги полагам баш на системот што го спомнав погоре со таа разлика што е поделено, годишниот ( finals ) го полагаш за тоа што го учиш од јануари до јуни, последната школска недела ти е за тестирање само. Со описното оценување децата ги направија неписмени, со задолжителното средно државниот испит и дипломата од факултет изгубија на вредност...

Еднаш ја одложија само матурава, и тоа бидејќи им текна во март/април некаде. Е, од наредната година сите полагаа.
Ваше е да се спремите, а како ќе излезе после ситуацијата, не зависи од вас.
Ќе видиме наредна недела :) Мада сум рекол еднаш, ќе кажам и повторно, џабе трошат народски пари на нешто што нема да испадне ко што треба!

Истото го зборам, и погоре ми е пишано у истиов пост али јебига, будала работа... А за протестирањето океј си е ради тоа што ова е демократска држава и кога нешто сметаме дека не треба да е така треба да се протестира, но сите се плашат. Прост народ силна држава се вика тоа, на тоа идат сите влади кои ја добиле државната фотелја. Како и да е со среќа доколку решат резултативе да ги пишат во свидетелство.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391
, а на денешницава поради тоа гореспоменатото секоја татина маза завршува факултет и фактички дипломата која ќе ја добиеме слободно можеме да си ја закачиме во тоалет..
дечко, со секоја споредба на средно со факултет се закопуваш самиот. Не заборавај дека до некни и ние бевме ученици и знајме како е средно и како е факс. Ти незнајш како е на факс затоа чутиси, и не ја носи дискусијата на друга тема.
Дипломата на факс ти е едно, на неа екстерни тестирачи ќе ти бидат работодавците, затоа на факс си учиш за себе. Учиш ако сакаш, а не што мораш.

Средното ти е обавезно за да станиш писмен граѓанин. Него го испустија. Затоа наместо писмен граѓанин, од средно излегува полуписмен граѓанин.
Средното мора да е задолжително, бар засега. Ама мора да биди и квалитетно. Неможе 50 % од генерација да бидат со сите 5 ки.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Од толку добри реформи изминативе 20-тина години, потребно е сега да се види дали тие реформи се успешни.
Треба само да се укинат сите реформи што се направени во образованието и да се врати на системот што беше во Југославија
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Ме мрзи да читам што имате плачено низ темава. Али екстерни треба да има и КРАЈ. Во моја генерација полагавме матура на крај на годината и не беше тешка туку беше повеќе како за некои со пречки во развој. А инаку не е можно бре денес да бидете од 30 души во клас по 20 одлични, не е можно 97% од последната генерација да се запише на факултет, дали сте свесни до каде оди работата во нашава држава. На кој му се учи да седните и да учите и да имате знаење, цел живот ме нервираше што јас си ја чукав главата цела година да бидам одличен а школски мои размазани си ги ладеа цела година и на крајот во училиштето повеќе родители, роднини и пријатели имаше да поправаат оценки откако ученици. Сега со ова што го направија средно образование задолжително е жално за предходните генерации, сега и будали и паметни средно диплома имаат до пред 8-9 години паметни имаше кои повторуваа години.
Да си ја подвиткате опашката и да учите, имате 1000000000 услови повеќе откако мојата генерација. Компјутери имате од 1во одделение и помали, со англиски сте на секој чекор уште од 1во земете да користите дел од тоа што ви е овозможено и направете луѓе од вас. Компјутерите ги користите за фејсбук и за игри само, а да ве праша човек сите експерти му се правите еден мочан Word незнаете да го работите (односно ако ве праша некој се знаете ама ко ќе ви притреба узбуна одма фали нешто што незнаете да направите). Имате по 200 страни да ги повторите и да полагате со заокружување, а кај мене на факултет имаме по некои предмети по 1000страни (и плус ти се паѓаат од нив 4 лекции да ги напишеш со докази, формули и цртежи) и сметам дека и тоа е малку кога има колеги кои се снаоѓаат да препишат дали со бубица или било што.
 
Член од
17 мај 2013
Мислења
210
Поени од реакции
142
8 одд сум во мојот клас од 22 деца 16 се одлични се преку врски и попуштање треба да има екстерно тестирање али на секое тромесечје и после да се види што ќе има неможе на крај од цела година наеднаш се сум забораил од прво тромесечје ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom