Сајбер протест против "ЕКСТЕРНИТЕ ТЕСТИРАЊА"

Дали се согласувате да има екстерни тестирања?

  • Да

    Гласови: 84 49,7%
  • Не

    Гласови: 85 50,3%

  • Вкупно гласачи
    169

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Шо е со паникава меѓу средношколците ?
До душа друго е вака коа збориш од позиција кога не си ти засегнат со тоа, ама да бидеме реални треба да постои вакво тестирање и да се вреднува трудот, а не некои со врски да вадат подобар просек од тие цело време што учат. Моја претпоставка е дека тие што сега се најгласни во протестиве се баш тие што оценките ги добиле со врски. Тие што имаат ептен јаки врски тие пак може ќе поминат, ама се надевам дека такво нешто нема да има.
Пред некој ден слушам на вести аргумент на средношколец : „Не треба да има екстерно тестирање зошто јас не памтам тоа што сум го учел во ноември“.... REALLY !?!?!?
Стварно ли е ова најјакиот аргумент што може да се извади, дека не си памтел ти што си учел во ноември ?
Ако идеме според тоа дека голем период е тој од околу 9 месеци и дека неможеш ти на тоа да се сетиш, тогаш нека протестираат у пакет и за матура, зошто па тоа ти е испит за нешто што си го учел пред 4 години...
Или па момакот навикнат да иде на тест без книга да фати и тој до него да му го решава тестот, сеа сфатил дека ќе треба книгата да ја отвори а го мрзи...
Ко демек идеш ти у школо и си мислиш на часови идеш и наеднаш глеаш ти кажуваат дека полагаш и ти стварно си немал време да повториш...
Лошо е што и родителите ги поддржуваат и собрале дури 10.000 потписи (како што прочитав на нет). Епа затоа државава нема да оди напред, место да го затвори у соба и да го натера да учи, он му вика „не се секирај синко, тато ќе среди“. Со таков став нема напредок.
Тоа дека неможеш да го оцениш на база на еден тест исто паѓа у вода, зошто ако е така зошто воопшто има тестови, зошто воопшто на факултет има испити ?
Некако мора да те оценат.
Се надевам само дека екстерниве стварно ќе бидат фер, у смисла дека прашањата што ќе бидат поставени на тестовите ќе бидат фер формулирани и нема да има двосмислени прашања само за да ги зезнат учениците.
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.641
Поени од реакции
3.535
И уште еден пропуст.
Денот кога ни ги соопштија предметите, сите професори се растрчаа со правење списоци кои ученици ќе ги полагаат нивните предмети. Е сега на тие деца голема е веројатноста дека професорите ќе им ги намалат оценките од страв а другите ќе си останат исти, нереални.
Јас не сум толку против некакви тестови ама според мене би требало да бидат на секое тромесечие, одиш во училница, седнуваш и ти се паѓа еден предмет од 13 и сега ти решавај.
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Сега малце пробуричкав и според мене ова нема да влијае на отценката која на крај ќе ја имаш во свидетелството, туку ова е да се виде колку им попуштаат професорите на учениците.

Еве ги и Валандовчаните денес на протестирањата.

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
За тоа време што протестирате и што се глупирате по улици и што губите време на интернет, ќе седневте и ќе научевте по некоја лекција!
--- надополнето: 23 мај 2013 во 19:27 ---
И уште еден пропуст.
Денот кога ни ги соопштија предметите, сите професори се растрчаа со правење списоци кои ученици ќе ги полагаат нивните предмети. Е сега на тие деца голема е веројатноста дека професорите ќе им ги намалат оценките од страв а другите ќе си останат исти, нереални.
после болдираното пропуштено е да се напише ... што веројатно незаслужено им се дадени, дека ај наше дете е тоа, што има врска ....
нели?
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Пола не знаат ни за што протестираат, али ајде, колку да не се оди на часови. ;)

Сакам да ги видам лигушиве како ќе реагираат кога ќе треба да поминат за три месеци (семестар) околу 1500 страници, груба проценка, колку што јас читам и учам. А не да кенкаат за два предмета по 100 страници кои имаат. Брат ми е средно, му ги гледам книгичките, а и се потсетувам дека моите беа дупло поголемки на негова возраст.

Една комшивка некни кенкаше во двор како она била ептен запрепастена од ова, два месеца ја испраќала ќерка и на часови математика, за сега нешто друго да и кажат дека ќе полагала. :rolleyes:
Ја испраќала затоа што ќерка и е тешко муле, и во памет и во однесување, врска си нема математика, али има 5, па мора сега да научи да ја оправда оценката пишана со врски. Си заминав да не ја слушам оти како што ме нервираат дечиштава, ќе и го кажев истово. Али родителите се бетер од нив. Ги поддржуваат, биле тие неписмени или не.

За екстерно зборат уште пред јас да завршам средно. Како и да е, ќе се случеше, не е од некни кажано. За некој што учел, ама ич не е проблем да си повтори, али пуста мрза, образованието и знаењето се на последно место кај некои.

ПС. Оценката се формира од знаење! Колку напишал на тест, колку кажал усно! Од какви црни презентации, од какви црни проекти бе? Што ви е, на факултет се овие па за поголема оценка се борат? Ццц .... Сваштарии.
 
Д Малиот

Нинџа лепотан!
Член од
25 јануари 2009
Мислења
296
Поени од реакции
43
Ја знам зошто протестирам, иако ми се паднаа предмети по кои сум добар ( македонски и математика ). Математика си имам петка ( чак што више и по Алгебра и Линеарна Алгебра петки си имам али нема везе ), а македонски нејќе да ме мрдне оваа од тројка од прва година така да фактот дека со ова можам да и се одмаздам и да и покажам дека можам и повеќе. Тоа значи дека ми одговараат.
Јас протестирам поради тоа што иако се најавува со години сеуште не сме запознаени со тоа како ќе функнионира системот. Нив им одговара тоа бидејќи не знаат како ќе им реагира серверот, не за друго, на пробните како што ни кажуваа ( тие 7 класа од Тетово што успеале пробно да полагаат ) им паѓал серверот, чекале, се бележеле други одговори.

Протестирам поради тоа што предметите ги знам од вчера. Понеделникот ни дадоја прв список, таман си го испочитуваа последниот рок. Вака имам само 4 дена за спремање ( 3 без денешниов ).

Протестирам бидејќи ми ја даваат цела книга. Па барем нека контактираат со професорите. Има некои теми кои воопшто не се учат.

Протестирам бидејќи многу мои соученици немаат книги.

Протестирам бидејќи не знам каде во екстерната оценка влегува моето усно одговарање, каде влегува мојата редовност, мојата активност и пред се каде влегуваат проектните задачи кои ние како средношколци ( поради новите програми ) сме должни да ги правиме кога професорот тоа ќе го побара!

Протестирам бидејќи редно е некој да протестира у државава, нели демократија беше ?

Има многу побезболна и поисплатлива варијанта и за екстерните за основците и средношколците ( до трета ) па и за матурата. Треба само акал, а нашиве тоа го немаат!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.770
Поени од реакции
14.051
Пошто нели ти на 14-15 години полагаше по 2 предмета на крајот од секоја учебна година од кај што си требала да научиш 100-150 страни од еден учебник за 1 недела :LOL: 1 недела викам дека вчера ни кажаа што ќе полагаме, а полагам на 27 и 1.06
Мислам дај бидете малце пореални, нема никаква потреба од овие глупости и плус тие деца еден ден ќе бидат студенти на факс па ќе учат по 1000+ страни.
Еве сега онака по некоја (ептен) глупа логика ти за 3 месеци учиш 1500 страници што значи дека имаш 12/13 недели за учење. За овие 12 недели ти ако учиш секоја недела по 130 страни ќе ги научиш тие 1500, што би му дошло во просек исто колку што имаат основците да научат за 1 недела 130 страни.

Ако не се борат за поголема оценка тогаш за што се борат? :unsure: Види проектите немаат некој голем удел на пр да ти покачат оценка од 3 на 4 него да кажеме усно имаш 4, а писмено 5 значи си мегу оценка со проектот имаш активност плус и нормално дека проф. ќе ја стави поголемата оцена т.е 5-та.

Освен тоа што може да направи штета екстерното на учениците и професорите друго аир од него нема.

Што се однесува до мене не ме интересира многу екстерново, поважна ми е оценката што ќе ми ја напише професорот.
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232
А тие пак имаа 8 месеци да го совладаат материјалот. Доколку учеле редовно ќе повторат и за 1-2 дена :) и на крај не мора и не треба сите да имаат најдобри оценки. Ова што се случува во образованието е хорор. По пола и повеќе од учениците во еден клас завршуваат како одлични, што баш се сомневам дека се на едно исто ниво.

Единствено оправдување кое го гледам за пролонгирањето на екстерното тестирање е за да се усогласат сите наставни програми, да се снабдат учениците од стручните средни училишта со учебници по стручните предмети и да се усвои по еден учебник по странски јазик. Секако може да претставува минорен проблем што во некое училиште се учи по еден учебник додека во друго по втор итн.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391
А тие пак имаа 8 месеци да го совладаат материјалот. Доколку учеле редовно ќе повторат и за 1-2 дена :) и на крај не мора и не треба сите да имаат најдобри оценки. Ова што се случува во образованието е хорор. По пола и повеќе од учениците во еден клас завршуваат како одлични, што баш се сомневам дека се на едно исто ниво.

Единствено оправдување кое го гледам за пролонгирањето на екстерното тестирање е за да се усогласат сите наставни програми, да се снабдат учениците од стручните средни училишта со учебници по стручните предмети и да се усвои еден учебник по странски јазик. Секако може да претставува минорен проблем што во некое училиште се учи по еден учебник додека во друго по втор итн.
хах 50 % од гимназијаците се со сите петки на крајот на годината сите 4 години

неможе дете да има 5ка математика и 5биологија и 5ка француски/германски , а не пак пола гимназија.
Неможе сите да сте мулти таленти...
Вие си се залажувате, ќе ви пишат 5 ка математика од жал и после че се жалите на факултет тешко било да се положи Математика. (како грото од децата од Финки).

Јас сум тврдокорно за екстерното отценување, зошто професорите во средно го загубија осетот со реалноста. Незнаат што прават. Незнаат што предаваат. Ставени се само од партијата, само ја срамат професијата.
Па помалото братче на прецедател на УМС на еден град, незнае колку се 2+2, а има Математика 5ка во средно. АЛО!?
 
Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414

Што збориш бе брат? 50 % се со сите петки?
Ова на памет или?
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391
Што збориш бе брат? 50 % се со сите петки?
Ова на памет или?
Лани генерацијата што заврши во гимназија во *******. Во математичкиот клас подрачје А: еден добар , двајца многу добри, 10 мина само одлични, и 13 со сите 5 ки. Во останатите класови слично...
Неможам да барам сеа низ интернет. Имаше рангирање на училиштата според просечен успех на учениците. Мислам дека првите беа со 4.3 така нешто.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Ја знам зошто протестирам ...
Убаво што знаеш зошто протестираш. Ако ти се паднале предмети кои ги знаеш и си ги учел, супер за тебе.

А причиниве зошто ти протестираш ама ич тие надлежните не ги засега.
Нема ништо да смените, каде сакате и колку сакате жалете се. Се бунтуваа и против матура, па ете, ја воведоа, сите ја поминаа, сите препишуваат.
Седни за овие 3-4 дена повтори си материјал, наместо да се секираш за како би било кога би било.

Пошто нели ти на 14-15 години полагаше по 2 предмета на крајот од секоја учебна година од кај што си требала да научиш 100-150 страни од еден учебник за 1 недела :LOL: 1 недела викам дека вчера ни кажаа што ќе полагаме, а полагам на 27 и 1.06
Мислам дај бидете малце пореални, нема никаква потреба од овие глупости и плус тие деца еден ден ќе бидат студенти на факс па ќе учат по 1000+ страни.
Еве сега онака по некоја (ептен) глупа логика ти за 3 месеци учиш 1500 страници што значи дека имаш 12/13 недели за учење. За овие 12 недели ти ако учиш секоја недела по 130 страни ќе ги научиш тие 1500, што би му дошло во просек исто колку што имаат основците да научат за 1 недела 130 страни.

Ако не се борат за поголема оценка тогаш за што се борат? :unsure: Види проектите немаат некој голем удел на пр да ти покачат оценка од 3 на 4 него да кажеме усно имаш 4, а писмено 5 значи си мегу оценка со проектот имаш активност плус и нормално дека проф. ќе ја стави поголемата оцена т.е 5-та.

Освен тоа што може да направи штета екстерното на учениците и професорите друго аир од него нема.

Што се однесува до мене не ме интересира многу екстерново, поважна ми е оценката што ќе ми ја напише професорот.

Оф бре дете, за 6 дена полагам, имам 300 страници за повторување, исто ко вас.
Кога ќе видиш какви колоквиуми се моите, со сите можни точни, наместо едно, кое и на среќа можеш да го трефнеш, ја стопуваме разликата во годинки. ;)
Али супер што ми израчуна дека за една недела 130 страници треба да читам, се надевам математика ти се паднало и тебе.

Е сега, за една недела не си требал ти тоа да го учиш, туку да го повториш. Учење и повторување се две различни работи.

Да бидеме реални, ако си учел редовно, нема да имаш проблем, па дури и да не повториш, ќе ти текне секако кога ќе го видиш прашањето.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Децата од приватните школи ги тестираат на ист начин и последиците исти се? Ќе ги казнат професорите, ќе им ги намалат платите и ќе им ги намалат оцените и на тие ученици?

To remind, earlier, Verkhovna Rada First Deputy Chairman Ihor Kaletnik has said that the external independent testing system failed to justify itself: so in order not to finally lose the education quality, Ukrainian higher education establishments have to return to the entry exams practice. He also cited statistics that 80% of pupils flatly oppose the external independent testing.
 
Д Малиот

Нинџа лепотан!
Член од
25 јануари 2009
Мислења
296
Поени од реакции
43
Убаво што знаеш зошто протестираш. Ако ти се паднале предмети кои ги знаеш и си ги учел, супер за тебе.

А причиниве зошто ти протестираш ама ич тие надлежните не ги засега.
Нема ништо да смените, каде сакате и колку сакате жалете се. Се бунтуваа и против матура, па ете, ја воведоа, сите ја поминаа, сите препишуваат.
Седни за овие 3-4 дена повтори си материјал, наместо да се секираш за како би било кога би било.
Да бидам искрен трета година сум и искрено ме засега да се одложи само годинава. Догодина и онака ќе си полагам матура, тоа знам не ми бега. Инаку и матурата ја одложија ако не се лажам. За еднаш сум сигурен, за повеќе не знам. Стварта е шо мислам дека ќе ги одложат. Полагам математика у понеделник и изгледа само ние шо ќе полагаме у понеделник само ние ќе полагаме општо. Исто ко минатиот пат ( пред 4 години ) шо полагаа тие шо беа една година постари од мене, само математика ( и тоа на хартија, не на компјутери ) за наредниот ден служителите да ги фрлат тестовите во контејнер...

Децата од приватните школи ги тестираат на ист начин и последиците исти се? Ќе ги казнат професорите, ќе им ги намалат платите и ќе им ги намалат оцените и на тие ученици?
Не ги тестираат, но затоа ќе бидат тестирани и оние кои се вонредно и оние кои се на класен испит
 
Kajgana Shop

На врв Bottom