Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.147
- Поени од реакции
- 12.131
Неточно.Добро е што ти како човек се оградуваш од филозофијата телема, бидејќи нивното постоење се темели на плукање по христијанството.
Еве тука можеш да прочиташ..
Постоечките религии, особено христијанството, се базираат на примитивно непознавање на фактите, особено за надворешната Природа.
Сепак,да не го однесеме муабетот во погрешен правец.
Прашањето беше, што го тера човек да се определи да следи одредена религија или филозофија?
Дали поделбата е потребна?
Еве, за христијаните тоа го добиле во наследство,одгледани се да мразат се друго.
Дали за другите омразата кон некоја доминација е причина за избор?
Што тебе ти беше предуслов да одбереш телема да биде твоја духовна филозофија и начин на живеење?
Ако го разбираш христијанството и не го толкуваш романтичарски и не ги игнорираш историските факти ќе разбереш што сака да се каже со непознавање на надворешното. Но ти не можеш така, и затоа за тебе ќе биде плукање.
Иницијација е одговорот, ако зборуваме за философијата која се крие зад религиите. Тоа е внатрешен глас...
За религија е пак потребно идеја да се верува како другиот,да се припаѓа некаде, да не си отфрлен... А отфрлен значи сатанист нели
Тоа е критика, не плукање, од погоре... И критичкиот осврт кон светите книги и ритуали го унапредува човештвото и се менуваат симболите, а не догматски настроени кон светите книги...
Вака, за тебе и другите христијани Е плукање.
Но пред да се жалите на плукање, ќе се потсетите вие христијаните кои сте вљубени во библијата која ви ги крие недостатоците и гревовите дека прво гредата во вашите очи решавање, после сатанизирање на другите заради догма.
Фактите и историјата мора да се знае за секое учење. Зошто, кога и како... За да знаете кому и колку му следува. Инаку следува талкање и се ќе ви е сатанизам и зло кај другите, а реалноста е друга.
Од самата догма произлегува и сатаната и месијата. Едно без друго не оди. А догмата не важи за сите. Само за оние кои ја прифатиле библијата како факт.
Така? Мислам дека е така...