Сатанизам

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.132
Поени од реакции
12.109
Добро е што ти како човек се оградуваш од филозофијата телема, бидејќи нивното постоење се темели на плукање по христијанството.
Еве тука можеш да прочиташ..
Постоечките религии, особено христијанството, се базираат на примитивно непознавање на фактите, особено за надворешната Природа.

Сепак,да не го однесеме муабетот во погрешен правец.
Прашањето беше, што го тера човек да се определи да следи одредена религија или филозофија?
Дали поделбата е потребна?

Еве, за христијаните тоа го добиле во наследство,одгледани се да мразат се друго.
Дали за другите омразата кон некоја доминација е причина за избор?
Што тебе ти беше предуслов да одбереш телема да биде твоја духовна филозофија и начин на живеење?
Неточно.
Ако го разбираш христијанството и не го толкуваш романтичарски и не ги игнорираш историските факти ќе разбереш што сака да се каже со непознавање на надворешното. Но ти не можеш така, и затоа за тебе ќе биде плукање.

Иницијација е одговорот, ако зборуваме за философијата која се крие зад религиите. Тоа е внатрешен глас...
За религија е пак потребно идеја да се верува како другиот,да се припаѓа некаде, да не си отфрлен... А отфрлен значи сатанист нели :coffee:

Тоа е критика, не плукање, од погоре... И критичкиот осврт кон светите книги и ритуали го унапредува човештвото и се менуваат симболите, а не догматски настроени кон светите книги...

Вака, за тебе и другите христијани Е плукање.
Но пред да се жалите на плукање, ќе се потсетите вие христијаните кои сте вљубени во библијата која ви ги крие недостатоците и гревовите дека прво гредата во вашите очи решавање, после сатанизирање на другите заради догма.
Фактите и историјата мора да се знае за секое учење. Зошто, кога и како... За да знаете кому и колку му следува. Инаку следува талкање и се ќе ви е сатанизам и зло кај другите, а реалноста е друга.

Од самата догма произлегува и сатаната и месијата. Едно без друго не оди. А догмата не важи за сите. Само за оние кои ја прифатиле библијата како факт.
Така? Мислам дека е така...
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.418
Поени од реакции
11.236
Прашањето беше, што го тера човек да се определи да следи одредена религија или филозофија?
Би требало одлуката да биде исклучиво лична и да зависи од тоа какви одговори сака да чуе поединецот за најважните животни прашања.

Меѓутоа, за многу луѓе кои слепо ја следат толпата, за жал религијата или филозофијата што ја следат е наследена од семејството, културата или општествените норми. Во случајот со христијаните, на пример, они се израснати со верувањата на христијанството и како резултат на тоа развиваат силни емоционални врски со учењата на христијанството, дури и ако личниот светоглед е целосна спротивност од тоа,
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.280
Поени од реакции
7.628
Меѓутоа, за многу луѓе кои слепо ја следат толпата, за жал религијата или филозофијата што ја следат
Каде ти е слепа послушност према системот? За време на короната се покажа дека најголем % од луѓето се слепи послушници на системот. Слично како пред неколку векови што биле према религијата.

ако секој поединец има свој светоглед...тогај, шу прајме?...
Првин, не е можно тоа, а второ, ќе се најдат некои заеднички точки, па се додека се почитуваат правата на секој, нема да има проблеми.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.418
Поени од реакции
11.236
А ако секој поединец има свој светоглед...тогај, шу прајме?...
Па токму во тоа е убавината на битисувањето. Убавината лежи во самата различност - нашите колективни разлики го обликуваат светот во нешто многу поинтересно и покомплексно отколку што би било инаку.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ете ме потврди тоа што прашувам.
Преку призмата на избраната филозофија или религија, другите се зло(некој помалку, некој повеќе)
Последниот дел од твојот текст е сличен со овој....
Сатанизмот е во цврсти прегратки на христијанството... овие две работи не би постоеле ако ги нема и двете, едни со други се хранат...


Сепак злото се препознава во другиот и со неговото бришење ќе се избрише најголемото зло.
А токму тоа прашувам, зошто изборот на една религија или филозофија мора да подели "доброто е мое, а лошто твое"?

Една илустрација мислам ќе помогне многу.
Messenger_creation_27ADD8F4-E8E3-465C-82F8-3C6E923D2B0A.jpeg
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.418
Поени од реакции
11.236
Каде ти е слепа послушност према системот? За време на короната се покажа дека најголем % од луѓето се слепи послушници на системот. Слично како пред неколку векови што биле према религијата.
Да. Ретки беа луѓето во короната кои имаа свое мислење базирано врз основа на научни студии, факти и аргументи. Пример добар дел од населението беше слепо убедено дека корона не постои, па стигнавме до дереџе да се караме и расправсме едни со други и да се делиме по групи.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.280
Поени од реакции
7.628
Да. Ретки беа луѓето во короната кои имаа свое мислење базирано врз основа на научни студии, факти и аргументи. Пример добар дел од населението беше слепо убедено дека корона не постои, па стигнавме до дереџе да се караме и расправсме едни со други и да се делиме по групи.
Срамота е да лажеш. Обратно беше.
Добар дел од населението беше убедено дека ако си позитивен на корона, крај ќе биде.

Тоа со научните студии па уште потрагично. Фаучи имаше напишано дека смртноста е помала од 0.2% арно ама, слепите верници во системот тоа не го прифаќаа и баравте во логори, стрелање и што ти ја знам. Каде беше тогаш да попуваш:
Убавината лежи во самата различност -
Акцентот беше дека само религијата ја стави во постот, додека сега имаме милијарди слепи верници во системот, спремни да ги направат најголемите злосторства, оправдувајќи се, само следевме наредби.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.418
Поени од реакции
11.236
Срамота е да лажеш. Обратно беше.
Добар дел од населението беше убедено дека ако си позитивен на корона, крај ќе биде.
Така беше на почетокот кога имаше различни наративи за Ковид 19, поради тоа што научниците и властите сеуште учеа за вирусот. На крајот на краиштата, важно е да се признае дека научното разбирање еволуира, но и покрај тоа очигледно е дека има поединци кои сеуште погрешно ги толкуваат информациите, фактите и аргументите. Патем, темава не е корона, немој да бидеш офтопик. :)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.280
Поени од реакции
7.628
Патем, темава не е корона, немој да бидеш офтопик
Јас бев на темата, ти бегаш. Јас ти потенцирав на твоето:

Меѓутоа, за многу луѓе кои слепо ја следат толпата, за жал религијата или филозофијата што ја следат е наследена од семејството, културата или општествените норми.
Значи по 3 пат, кај религијата или филозофијата, мораш да ги ставиш и верниците во системот. Во последни 200 години, најголемите злосторства се извршени баш од таквите верници. Тие злосторства ако не се сатанизам, не знам што е.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.873
Поени од реакции
4.998
Па токму во тоа е убавината на битисувањето. Убавината лежи во самата различност - нашите колективни разлики го обликуваат светот во нешто многу поинтересно и покомплексно отколку што би било инаку.
Од вакви „алтруистички философии„, светов лежи во зло...а добрината никако да ја видиме.
Автоматски споено мислење:

Првин, не е можно тоа, а второ, ќе се најдат некои заеднички точки, па се додека се почитуваат правата на секој, нема да има проблеми.
Да, не е можно секој поединец да има свој светоглед, дотолку повеќе што секој поединец се раѓа (!) во средина во која е прифатен одреден светоглед.

Туку...кој ќе одреди кои се „заедничките точки„ и кој ќе спроведе „почитување на правата на секој„...а да не заврши во тоталитаризам.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.418
Поени од реакции
11.236
Јас бев на темата, ти бегаш. Јас ти потенцирав на твоето:



Значи по 3 пат, кај религијата или филозофијата, мораш да ги ставиш и верниците во системот. Во последни 200 години, најголемите злосторства се извршени баш од таквите верници. Тие злосторства ако не се сатанизам, не знам што е.
Иако е точно дека екстремните системи на верување се поврзани со најголемите злосторства, како што се на пример верски екстремизам, фашизам или комунизам, треба и да се нагласи и дека не сите системи водат до злосторство. Многу религии и филозофии во нивната суштина промовираат мир и морал. Проблемот како што веќе кажав лежи во тоа како луѓето ги толкуваат и интерпретираат нивните верувања. Кога верувањата се искривени или манипулирани, тие можат да доведат до навистина штетни дејства и последици (аналогно на тоа, еве пак присети се на оние кои имаат искривени сфаќања за короната).
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.280
Поени од реакции
7.628
Туку...кој ќе одреди кои се „заедничките точки„ и кој ќе спроведе „почитување на правата на секој„...а да не заврши во тоталитаризам.
Самите луѓе се спојуваат според заедничките работи.
Системот е должен да се спроведе почитување на правата на секој, а народот е должен да внимава системот да не забега во тоталитаризам.
Но бидејќи сегашните генерации сме премногу мрзливи, наивни, затоа и цивилизацијата е во удолница.
Автоматски споено мислење:

Кога верувањата се искривени или манипулирани, тие можат да доведат до навистина штетни дејства и последици (аналогно на тоа, еве пак присети се на оние кои имаат искривени сфаќања за короната).
Надвор од темата.
Тие што веруваа во системот дека ако си позитивен, гарантирано умираш и затоа мора да ги пријавуваш комшиите ако примаат гости.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.132
Поени од реакции
12.109
Во новото време нема другите се зло... тоа се старо-еонски финти. Сличен и исто - има разлика. Во ова време се учиме дека секој е различен и потребен во човештвото... тешко оди со догмите, научени се да се авторитет, државата да стои зад нив, политиката итн итн... сега тоа се менува...
Бидејќи слобода!
Сатанизмот беше на почетокот токму тоа: пркост кон старите религии, за инает, дека сепак се може да не си христијанин и никој ништо да не ти може во општетсвото! Свој си и си туркаш работата!

Изборот на религија или философија е патоказ... исто како што ти си избрал демек да не си христијанин и дел од организирана религија, но да веруваш и животот да го градиш преку светата книга на христијаните наречена библија, други се дел од црквата која го има тоа создадено... се држат до учењата итн итн...
Секој е одговорен сам за својата лудост! И секој сам е одговорен што ќе направи од сите философии и религии во однос на себе си... бидејќи тие се тука за да го променат човекот, на подобро или полошо, зависи!

„Тебе кој што сеуште талкаш во Дворот на Профаните не можеме сеуште да ти откриеме се;
но многу лесно ќе разбереш дека религиите на светот се само симболи и превези на Апсолутната Вистина.
Исто како и философиите.
За адептот, гледајќи го ова одозгора, не постои потреба да избира помеѓу Буда и Мухамед, помеѓу Атеизам и Теизам.
Мноштвото се менува и поминува; едното останува.

Исто како што дрвото и јагленот и железото согоруваат во еден голем оган, само ако таа печка има натприродна топлина;
така и во алембикот на оваа духовна алхемија,
ако само зелаторот доволно дува врз оваа печка сите системи на земјата се проголтани во Едното Знаење.
Сепак, како што огнот не може да биде запален само со железо,
на почетокот еден систем може да биде погоден за еден трагач, друг за друг.
Liber Porta Lucis svb figura X, коментари

Ете зошто, на твоите прашања. Ова не ги прашуваш другите, туку себе си се прашуваш зошто си каков што си и зошто веруваш во тоа што веруваш... и што со тоа :)

Само така нема другите да се сатанисти или и да се, за некое чудо веруваат во сатана и слушаат метал, ако се луѓе - ти немаш никакво право да ги покажуваш со прст, бидејќи сигурно не сакаш твоите верувања и учења да се претворат во профани кафански муабети!
Или како што тука се постојано потенцира како сите убијци се сатанисти и како сите сатанисти според тоа се убијци!
Не така.

Ти ме читаш мене што јадам слатки за ова или она, и мислиш тоа е Телема? :) Не е... ниту тоа што го зборувам за христијанството не е она што реално го мислам, но дали се има потреба да ја кажам вистинската мисла што ја имам во мене? Не... не бесцелно ви велам: истражувајте! Инаку сте обични догматици и верувате во сешто само за да се чувстувате од внатре убаво, големото мерило колку нештото е вистинито! Ха.

Премалку се заморувате со религиите вие, вам ви е да толкувате, да се препирате и да имате некаква надеж во сите овие верувања... и тоа е одлично.
Само братски се борете, бидејќи би требало сите да сме кралеви и братски да војуваме.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.972
Поени од реакции
6.447
Се што не е христијански, Е Сатанизам според христијанството - не знам што се докажувате со христијанинот.

За тоа зборуваме со години тука, дека христијаните ги сатанизираат сите за да имаат причина за верување и спасител. И тие се лутат заради тоа и проповедаат и наметнуваат спасител, и еден бог, и едно судење и еден темјан и еден старо-еонски храм... сето тоа помина и не донесе ништо, освен надеж дека „ќе биде“.

И тоа е тоа... не знам што очекувате од еден христијанин или муслиман - или нивното или ... се знае, кај муслиманите смрт, кај овие христијаните бидејќи не смеат јавно да ти кажат смрт, те заморуваат како ти си зло бидејќи не си Црква. :)

Фрлете пепел на такви муабети, дијалози ако сакате... 3-4 страници ти ваков ти онаков... знаеме кој каков е... нека слушаат христијаните само византиско пеење и нека одат по манастири, нека не одат никаде бидјеќи овој живот за нив нема вредност, но во ред е да создаваат живот јер боговите не можат без луѓето!
Не се до толку притресувајте што рекол некој верник... голема работа, нас не не интересира што рекол некој свештеник, не пак мирјанин...

Дишете и држете се на темава која ете за жал на христијаните, а доаѓа од нивните религии - се нарекува Сатанизам.

Дали можете да спречите некој да е сатанист? НЕ!
Дали сатанист значи злобен човек како што сака да прикаже @callejón de la muerte ? НЕ!
Дали ако не сме христијани по дифолт секој е сатанист? НЕ!

Значи има многу не, што сите христијански цркви ги наметнуваат врз другите, а не си гледаат дувлото и поделеноста во самото учење нивно... и земски сплетки.
Уживајте ви велам, бидејќи времето е кратко... :)
Јас не велам дека секој сатанист за злотвор. Кај оние атеистиките како оној Испимус и Девил кинг од темава тоа се тие Лавејски атеистички сатаисти и веројатно немаат веза со убивање пци.
Но, тука се помалубројните теистички сатанисти кои се право правцато зло!
Вчера слушав баш подкаст за некој лик од Хрватска кој бил фанатичен сатанисти, сквернавел гробови, крадел и планирал големи зулуми.
На крај успеал да убие три граѓани после што во престрелка со полиција во која еден цајкан губи живот тој останал без муниција и се предал. Осуден бил на 40 години робија.
Ликот бил мастер оф ол, убивал, пљачкал, палел, киднапирал све што му дојде до рака, мажи жени деца цајкани ватрогасци, молери...
Успеал и да побегне од затвор но наместо да се крие тој а с појавил во градот и усмртил некој лик после што по пресметката со полицијата билл ставен во изолација, поради заштита на другите помалку психотични робијши.

@PROROKOT дали сатанизмот е сериозно распространет низ музичкиот бизнис.
Наводно бендот Кис се служеле всо акроним : KISS - Knights In the Service of SATAN.
Автоматски споено мислење:

Срамота е да лажеш. Обратно беше.
Добар дел од населението беше убедено дека ако си позитивен на корона, крај ќе биде.

Тоа со научните студии па уште потрагично. Фаучи имаше напишано дека смртноста е помала од 0.2% арно ама, слепите верници во системот тоа не го прифаќаа и баравте во логори, стрелање и што ти ја знам. Каде беше тогаш да попуваш:


Акцентот беше дека само религијата ја стави во постот, додека сега имаме милијарди слепи верници во системот, спремни да ги направат најголемите злосторства, оправдувајќи се, само следевме наредби.
Ти галиба си анархист или барем либертаријанец :)
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.132
Поени од реакции
12.109
Ти велам сето тоа се убијци кои си го перат газот со сатанизам и глумат лудило... кога ќе зафркнеш работа после и на ладното дуваш и веруваш и будала стануваш...
Ти упорно со тој филм: сатанист, убијци, итн итн... нека ти биде, ти како протестант, најдобар си - не си убиец ајде...
Другите пошто не сме христијани, по дифолт сме сатанисти, ќе испадне дека сме и убијци!
Немој така... токму тоа го велиш: секој што не е христијанин, е сатанист според догмата, а според твојата проклета идеја да споделуваш убијци и да велиш дека се сатанисти, испаѓа дека сите ние сме убијци, кои што не сме христијани. Намали.... читаме меѓу редови.

НЕ го прашувај @PROROKOT за рок и метал, слободно мене ме прашај... акроними? Симболи?
Пушти Behemoth, Nile, Rotting Christ, Dimmu Borgir, Therion, type o negative, Tool, Emperor... Еден Iron Maiden има текстови кои за вас ќе се сатанистички... има куп бендови кои според христијанската догма СЕ сатанистички, а многу од текстовите им се полни со езотериски симболи и философија...

Ви велам јас убаво дека вие само сатанизирате... толку да не се сака ништо, не знам :)

Ете тука пример за Iron Maiden и нивната песна Starblind:
"Walk away from freedoms offered
By the jailors in their cage
Step into the light, star tripping
Over mortals in their rage
Starblind with sun
The stars are one
We are the light that brings the end of night

Starblind with sun
The stars are one
We are with the Goddess of the sun tonight

The preacher loses face with Christ
Religion's cruel device is gone
Empty flesh and hollow bones
Make pacts of love but die alone
The crucible of pain will forge
The blanks of sin, begin again
You are free to choose a life to live
Or one that's left to lose
Virgins in the teeth of God
Are meat and drink to feed the damned"

Слушни и музика, и спотови и текст... вие мислите дека се е тајно - ништо не е тајно... Само имате одбивност кон нештата...

Затоа сме тука да ве учиме дека има убава музика и философија, не е се така црно и тажно!

P.S. Ги спомна Kiss... слушни ја The Devil Is Me песната :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom