Сатанизам

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif] Сите поими како што се на пример Христијанството, Исламот, Хиндуизмот, Гностицизмот,
Будизмот и многу други многу јасно се дефинирани за разлика од поимот Сатанизам. Постојат разни објаснувања на тој поим.
На пример христијанските организации учат
дека сите нехристијански религии, како и сите форми на христијанство кои не
се под директна контрола на нивната организација, се поттикнати од
Сатаната и според тоа се некакви форми на сатанизам.
Од тоа произлегува комичен податок дека околу
75% од популацијата ја чинат сатанисти.
Исто така се тврди дека многу позитивни учења
и групации како New Age, Гностицизам,
Јога, Wicca, разни паганизми се директни сатанистички организации кои прават завера со основна намера да му служат на Сатаната. Таквите дефиниции создаваат голема
збрка која му угодува на "ловот во матно", на искривување на фактите и политичко пресметување со неистомислениците.
Затоа за да дадеме основни информации за овој поим, ќе ги поделиме сите форми на Сатанизам во неколку основни форми на појавување, занемарувајќи ги притоа сите празноверија и толкувања од типот "секој што не е со нас има рогови и опаш".

Во оваа тема ќе ги разработиме неколкуте видови на Сатанизам и ќе ги објасниме по убаво.




1. Религија Сатанизам
2. Готички Сатанизам
3. Малолетнички Сатанизам
4. Други форми на појавување на поимот Сатанизам
[/FONT]
 

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Религија Сатанизам[/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
Сатанизмот како религија го подразбира Сатаната како апстрактен принцип на природата, а многу ретко како личност т.е. супериорно битие. Иако претставува одговор на христијанството од големите организации и една форма на опозиција на доктрините од тие организации, таа нема нешто заедничко со христијанските поими Бог, Сатана, Пекол, демони или зло. Сатанистите кои ја прифаќаат идејата за постоење на Сатаната како личност, не искажуваат вера и преданост слично на христијаните или припадниците од некои други големи религии.
Според многу христијански автори, иако без сериозни докази, творец на модерниот, религиски Сатанизам е Алистер Кроули. Иако поголемиот дел од неговите "гревови" денес е нормално секојдневие, Кроулиевата работа била шокантна во негово време и за тогашните прилики, а неговото учење и пракса е спротивно од темелните интереси на големите христијански организации, но исто така е и во потполна спротивност со основните поставки на сатанизмот. Сатанистите како и христијаните потполно ги негираат основните поставки на Телемата, религијата установена од Кроули, стремежот за самоспознание, доаѓање до мистични искуства и спроведување на спознаените Вистини во животот, стопување на Вишото и Нижото, издигнување над личноста т.е Егото и стопување со Универзумот. Етикетата за прв и најголем сатанист би можеле да ја добијат многу луѓе кои постоеле пред или после Кроули, но бидејќи е најзначаен противник на христијанските доктрини, со радикално нови учења и големо влијание таа му припадна нему.
Вистински татко на денешниот Сатанизам е Anton Szandor LaVey кој после проучување на разни магиски и магички вештини, психологија итн., во 1969 г. од era vulgaris ја објавува Сатанска Библија (Satanic Bible), потоа Сатанска Вештерка (Satanic Witch) и Сатанистички ритуали (Satanistic rituals), покрај купот наслови исполнети со празноверија, овие се речиси единствени издржани извори кои говорат за сатанизмот на денешнината.
Според Сатанистичките учења Сатаната има предхристијанска-паганска форма на Ѓавол или египетскиот бог Сет; луѓето го создале поимот на Бог, а сатанистот не треба да го прифати глупавиот - веќе создаден облик туку сам да си најде за себе погоден облик, бидејќи Бог не е личност, туку сила на природата која тој ја доживува на свој начин. Пеколот и Рај не постојат - тоа се лаги и измислици. Треба да се ослободат и задоволат анималните страсти, да се биде насочен на уживање во земските задоволства, на моќ и вештина кон нивно придобивање. Се тежнее кон сила, самостојност, лукавост и интелигенција, се негира самоспознанието, вредноста на мистичното искуство, духовниот развој, хуманизмот. Во односите со околината, кај сатанистите важи политика на однос од аспект на моќ и возвраќање со иста мерка - пријателство за пријателство, а непријателство за непријателство, додека одмаздољубивоста е на висока цена. Животот е свет, строго е забрането убивање, самоубиства, ритуални жртвувања, иако ни најголемите непријатели не смеат да се убијат туку само да се онеспособат и евентуално да се мачат. Човекот се сфаќа како еден вид на животно, поспособно и поопасно од другите и токму тоа го одвојува од нив. Се користат магиски пракси и ритуали за развивање и користење на моќта за помагање на себе и на своите пријатели, а и за онеспособување на непријателите.
Денешните сатанисти главно се здружени во три основни организации: Црква на Сатаната (Church of Satan), Храмот на Сет (Temple of Set) и Црквата на Сатанистичкото Откровение (Church of Satan Revelation), во т.н. "grottoe" или "temple" како што ги нарекуваат, пародирајќи ги на тој начин христијанските храмови и вештерските "coverne". Исто така се појавуваат и во неколку минорни групи. Тешко е да се одреди бројот на сатанистите денес, поради вообичаеното прикривање на нивните членови од прогони, но според некои извори на американската војска се проценува дека има 10-20 илјади во САД.
Односот на сатанистите спрема нивните непријатели - христијаните и припадниците на останатите големи религии е потценувачки, ги сметаат за смешни и малку вредни суштества кои се измачени од стравот, омразата и глупоста и кои единствено можат да се сожалуваат.
Сатанистите, за себе говорат дека се најдобри пријатели на христијанските организации на кои им овозможуваат да останат во бизнисот.
[/FONT]
 

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Готички Сатанизам
Готичкиот Сатанизам е измислена крајно злобна религија, замислена најверојатно од страна на високи авторитети на Католичката Црква во средниот век, во текот на големиот прогон на паганските религии, кои заостанале од предхристијанските времиња, познат како "Лов на Вештерки". Во текот на 15 век во Католичката Црква настанала голема хистерија насочена против сите постоечки религии и заедници на подрачјето од нејзината доминација, во кои се видела опасност за егзистенцијата на Црквата заради постоењето на можност поединците сами да си ја изберат религијата на која што ќе и припаднат. Таквата политика се стопила со феноменот на старата христијанска омраза спрема жените, која настанала како последица на политиката од "евнусите" - потиснување на сексуалноста, ефикасно орудие за кршење на самодовербата и самостојноста на поединецот; а на која природна препрека и била машката страсност и женската заводливост. Женската заводливост, поради провоцирањето на машката страст, била најголем непријател на христијанскиот аскетизам, а истата во сите пагански и други религии била многу поприродно прифатена; со тоа е создаден темел за еден од најголемите геноциди во историјата на човештвото.
Доминиканските свештеници Kramer i Sprenger, во 1486 г. e.v. ја напишале книгата "Malleus Maleficarum" кој станува главно обвинение за геноцидот. Според нивните тврдења сатанистите, главно се жени поради нивната интуитивност, перфидност, ориентираност кон земското, одмаздољубивост и интелектуална заостанатост спрема машките. Бог, бидејќи бил машко, многу подобро ги заштитил машките од кривоверство. Понатаму, сатанистите убиваат, трујат и шират зараза меѓу животните, фрлаат маѓии заради кои кравите не даваат повеќе млеко, предизвикуваат импотенција, стерилност, абортуси и мртвороденост на децата, ноќе летаат со метли и учествуваат во сексуални оргии, пијат крв и јадат месо од оние кои не се крстени во Католичката Црква или од нив произведуваат сапун, а нивните коски ги користат како свои магиски оружја, им нудат деца на демоните, фрлаат уроци на луѓе со поглед, со изговарање на враџбини, предизвикуваат громови да ги погодат луѓето и нивните куќи; ги кршат христијанските крстови каде и да ги сретнат итн.
Во 1620 г. e.v. Guazzo го пишува "Compendium Maleficarum" уште една значајна книга во историјат на "Ловот на Вештерки" во која се опишува како сатанистите јаваат на јарци низ воздухот, се премазуваат со магиски масла и летаат или исчезнуваат, ја менуваат формата во животинска и повторно во човечка, му го менуваат полот на луѓето и животните; играат, пејат, јадат и пијат во присуство на Сатаната кој е во форма на црн јарец; ги осакатуваат, убиваат, готват и јадат сопствените колеги сатанисти итн.
Врз основа на информациите од тие книги, инквизиторите ги изнудувале дотичните признанија со крајно сурови мачења до смрт или со признавање на наведените гревови. Ако некој би ги издржал сите маки и умрел, а не го признал горенаведеното, би бил прогласен за праведен, а неговата смрт би била грев на инквизиторовата душа и тоа би бил среќен крај на испитувањето.
Сепак, постепено јакнел отпорот спрема Католичката Црква, што довело до пад на нејзината моќ и влијание и како последица на тоа Црквата морала да ги напушти методите на отворено насилство со цел да се одржи на власт. Пред крајот на периодот на "Лов на Вештерки", кој во Европа траел до 1792 г. e.v. (а во Латинска Америка и до 1830 г. e.v.), воведен е и концептот "Црна Миса" спрема која наводно сатанистите правеле пародија на Католичката Миса и така ја осквернавувале. Според таа конструкција, во причеста мочта и нечистата вода го заменуваат виното, ..леб ја заменува хостијата, мисата наводно се изговара на локалниот јазик кој е профан и според тоа под власта на Сатаната, а не на Божјиот латински. Текстот наводно се чита наназад. Храмот е опремен со украден и скршен крст, еден од присутните верници е жртвуван на Сатаната и таа миса е потполно спротивна на "божјата" католичка миса.
И ден денес некои луѓе, посебно во христијанските цркви, а особено во Евангелистичката црква, веруваат во постоење на таков вид на Сатанизам, но разните испитувања како полициски и други покажуваат неоснованост на таквите сомнежи. Секој најден облик на сатанизам потпаѓа под категоријата Малолетнички Сатанизам или некој вид на измама.
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif] [/FONT]
 

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Малолетнички Сатанизам
Малолетничкиот Сатанизам е социолошки феномен, форма на младешки бунт испреплетен со младешка страст по мистиката, моќта со незадоволен религиски инстинкт. Се манифестира во многубројни форми поради непостоење на било каков систем на учење или сериозна организација. По правило го практикуваат млади помеѓу 14-20 години, во краток период, земаат разни информации од литература на католички и евангелистички извори, книгите на LaVey за магија, магика и било какви извори со сензационалистички призвук. Често се вклучени во разни форми на вандализам, како што се цртање графити со разни сатанистички симболи, уништување на гробишта, наркоманија, мали криминални дела како насилничко однесување, ситни кражби и сл.
Бројот на младите кои се вклучени во вакви активности не може да се одреди поради непостоење на било какви стабилни организации и по правило заради краткиот период на занимавање со таквите активности.
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]



Други облици на појавување на поимот Сатанизам

Постојат разни други форми на појавување на поимот Сатанизам кои е тешко да се набројат, а особено да се анализираат, но може да се забележи дека главнината на таквите појави се поврзува со привлекување на публицитет. На пример во еден период од 70-тите и 80-тите години, многу често рок групите во својот имиџ земаа провокативни симболи на Сатанизмот. Често наоѓаме книги и хорор филмови преполни со детали со потекло од Готичкиот Сатанизам, поединци кои успеваат да привлечат внимание на весници и телевизии претставувајќи се како Сатанисти итн.
Повремено имаме случаи на изјави од тешки криминалци и сериски убијци за наводно вршење на своите дела под влијание на Сатаната, но по правило истрагата покажува слаба упатеност во Сатанизмот и прво покажува дека нивните знаења за Сатанизмот се одредени од христијанските преданија и неможност да ги докажат своите тврдења, што упатува на заклучок дека се работи за обид за избегнување и ублажување на казната заради психички проблеми.
Исто така повремено се појавуваат и случаи на сериозно растроени личности кои се убедени во тоа дека се под влијание на Сатаната, под чија команда вршат разни, според христијанскиот морал, неморални дела или пак криминални дела, кај кои по правило се забележува идентификација со христијанските претстави на Сатанизмот, а што е посебно интересно, како и големо влијание на формирање на карактерот од страна на христијанските организации, што е материјал за опширна студија на магиското делување на христијанските организации и не е директно предмет на овој приказ.
Со поимот сатанизам се врзуваат многу дезинформации и негативен публицитет, нешто заради неупатеност, нешто заради методи на создавање баук кој служи како мотив за собирање на припадниците на сопствените организации, кои во своето учење не можат да осигураат доволно силни поттици за инстинктивно собирање на поголем број на луѓе. Сатанизмот во суштина не доведува до можност за религиозно исполнување - спознание на Вистинската Волја и остварување на Големото Дело и поради тоа не може да добие преодна оценка како потполна религија, туку како минорна појава, како во минатото така и денес и не го заслужува публицитетот кој му се придава.
[/FONT]
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Црквата на Сатаната основана од Антон Шандор ла Веј според мене е прав сатанизам, а другиот спиритуален сатанизам кој сатаната го сфаќа како стварен Бог, тие се повеќе обожаватели на Ѓаволот. Сатанистите не веруваат во ништо над себе.Сатаната е само симбол кој ја претставува правата природа на луѓето.човек на човек е волк, никој не се грижи за тебе, ни луѓето, ни некаков бог или ѓавол, сам си а светот е суров е безмилосен.Затоа според нив кардинален грев е да бидеш глуп и наивен.На еден форум прочитав дека ја има Сатанската Библија на македонски јазик, но и да ја има на хрватски би сакал да ја имам, иако ја имам на англиски.
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Има две насоки, патишта. Едната е десна другата е лева, нема помеѓу ништо, нема сива зона или си на правата патека или не си.
 

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
Овде станува збор за видовите на сатанизам кои постојат,а тоа од Антон Ла Веј за мене е повеќе проповедање на нова религија.Ако гледаме така во секоја религија има вистина, нормално за да биди религија, но во религијата со Ла Веј многу се претерува со бабини деветини како Молитви,Ритуали, и срања.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
да се биде сатанист не мора да се практикуваат никакви ритуали, ниту мора да се биде член на Сатанината црква, доволно е да бидеш тој што си и да веруваш во себе.. еве ги 11 правила на однесување на сатанизмот...
Ne daj svoje mišljenje osim ako te netko nije pitao za njega.
2. Ne govori o svojim problemima drugim osim ako nisi siguran da žele da to čuju i slušaju.
3. Kada ste na tuđem teritoriju pokažite poštovanje ili inače ne idite tamo.
4. Ako gost na vašem teritoriju vam ide na živce budite okrutni i bez milosti.
5. Ne iskorištavaj seksualno osim ako ti nije dat znak.
6. Ne uzimaj ono što ne pripada tebi osim ako to nije nekome teret i moli te da mu pomogneš.
7. Priznaj snagu magije ako si je uspješno koristio da bi ispunio neke svoje želje ili potrebe. Ako budeš poricao snagu magije nakon što si imao uspjeha s njom, izgubit ćeš sve što si postigao.
8. Ne žali se ni na što što se ne odnosi na tebe.
9. Ne učini zlo djeci.
10. Ne ubijaj životinje osim ako si napadnut ili da bi preživio zbog hrane.
11. Kada se krećeš po otvorenom teritoriju, ne smetaj nikome. Ako ti netko smeta opomeni ga da prestane. Ako ne prestane, uništi ga.

Najpoznatiji dio iz Sotonisticke Biblije:
"Nema raja za vječni život
I nema pakla gdje se grešnici peku
Ovdje i sada je dan našeg trpljenja
Ovdje i sada je dan naše zabave
Ovdje i sada su naše prilike i mogućnosti
Izaberi ovaj dan, ovaj sat, jer drugog izbavitelja nemaš..."
(The Satanic Bible: The Book of Satan IV:2)...еве ги гревовите во сатанизмот...
1. Stupidity—The top of the list for Satanic Sins. The Cardinal Sin of Satanism. It’s too bad that stupidity isn’t painful. Ignorance is one thing, but our society thrives increasingly on stupidity. It depends on people going along with whatever they are told. The media promotes a cultivated stupidity as a posture that is not only acceptable but laudable. Satanists must learn to see through the tricks and cannot afford to be stupid.
2. Pretentiousness—Empty posturing can be most irritating and isn’t applying the cardinal rules of Lesser Magic. On equal footing with stupidity for what keeps the money in circulation these days. Everyone’s made to feel like a big shot, whether they can come up with the goods or not.
3. Solipsism—Can be very dangerous for Satanists. Projecting your reactions, responses and sensibilities onto someone who is probably far less attuned than you are. It is the mistake of expecting people to give you the same consideration, courtesy and respect that you naturally give them. They won’t. Instead, Satanists must strive to apply the dictum of “Do unto others as they do unto you.” It’s work for most of us and requires constant vigilance lest you slip into a comfortable illusion of everyone being like you. As has been said, certain utopias would be ideal in a nation of philosophers, but unfortunately (or perhaps fortunately, from a Machiavellian standpoint) we are far from that point.
4. Self-deceit—It’s in the “Nine Satanic Statements” but deserves to be repeated here. Another cardinal sin. We must not pay homage to any of the sacred cows presented to us, including the roles we are expected to play ourselves. The only time self-deceit should be entered into is when it’s fun, and with awareness. But then, it’s not self-deceit!
5. Herd Conformity—That’s obvious from a Satanic stance. It’s all right to conform to a person’s wishes, if it ultimately benefits you. But only fools follow along with the herd, letting an impersonal entity dictate to you. The key is to choose a master wisely instead of being enslaved by the whims of the many.
6. Lack of Perspective—Again, this one can lead to a lot of pain for a Satanist. You must never lose sight of who and what you are, and what a threat you can be, by your very existence. We are making history right now, every day. Always keep the wider historical and social picture in mind. That is an important key to both Lesser and Greater Magic. See the patterns and fit things together as you want the pieces to fall into place. Do not be swayed by herd constraints—know that you are working on another level entirely from the rest of the world.
7. Forgetfulness of Past Orthodoxies—Be aware that this is one of the keys to brainwashing people into accepting something new and different, when in reality it’s something that was once widely accepted but is now presented in a new package. We are expected to rave about the genius of the creator and forget the original. This makes for a disposable society.
8. Counterproductive Pride—That first word is important. Pride is great up to the point you begin to throw out the baby with the bathwater. The rule of Satanism is: if it works for you, great. When it stops working for you, when you’ve painted yourself into a corner and the only way out is to say, I’m sorry, I made a mistake, I wish we could compromise somehow, then do it.
9. Lack of Aesthetics—This is the physical application of the Balance Factor. Aesthetics is important in Lesser Magic and should be cultivated. It is obvious that no one can collect any money off classical standards of beauty and form most of the time so they are discouraged in a consumer society, but an eye for beauty, for balance, is an essential Satanic tool and must be applied for greatest magical effectiveness. It’s not what’s supposed to be pleasing—it’s what is. Aesthetics is a personal thing, reflective of one’s own nature, but there are universally pleasing and harmonious configurations that should not be denied.
а ова е од едно интервју на еден метал бенд...
A satanizam?
Lex: "Zavisi o kojoj vrsti satanizma misliš. O ljudima koji to upotrebljavaju samo kao simbol protiv vjere. Pa, ja sam satanista, član sam "Church of Satan". To je ustvari ono o čemu pravi satanizam govori, pobuna protiv svega. "Church of Satan" nije religija, već je više kao filozofija, poput Friedricha Nietzschea, koja govori o tome kako postati bolji i snažniji čovjek umjesto da se priklanjaš nečem jadnom i patetičnom kao što je Bog, Alah, Buda, nekoj perfekciji."

Možeš li nešto više reći o "Churh of Satan"?
Lex: "Razlog što se zove "Church of Satan" je taj što je Satana apsolutna pobuna protiv svih vrsta religije. Odabrali su riječ "satana", kako bi šokirali ljude i skrenuli pažnju na sebe."

 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
98
5. Ne iskorištavaj seksualno osim ako ti nije dat znak.

Kakov e be toj znak ???
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Ме интересира петтата точка, каков знак?
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Дај бе малку средувајте ги на македонски ова постојве...Па чоек и да сакат да научит нешто, му го губите континуитетот. Башка се знет бре, на Кајгана се пишит на македонски!
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Само тоа ви е чудно..
...Priznaj snagu magije ako si je uspješno koristio da bi ispunio neke svoje želje ili potrebe.
....Ako ne prestane, uništi ga.
...budite okrutni i bez milosti

Да не зборам за Рај Пекол...

Еднаш веќе напишав...
Најголемиот трик на Ѓаволот е да ги убеди луѓето дека не постои...

 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Ако некој те нервира уништи го? Доказ дека сатанизмот е погрешниот пат И ЌЕ ГОРИШ ВО ПЕКОЛОТ!
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
1.495
Поени од реакции
38
Со еден збор кажано Сатанизмот ти е глупости на куб, не на квадрат. Абе си има учења кои се многу подобри од Сатанизмот, како на пример Христијанстово. А за каков знак станува збор во 5-тата точка?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom