Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
Најјужниот остров од архипелагот вулкански острови во Егејското Море -Санторини е веројатно главната атракција на Грција.
Вулканскиот песок и неверојатните пејзажи го прават грчкиот остров Санторини најценето место за одмор.Неговата спектакуларна убавина, заедно со динамичниот ноќен живот, го прават островот една од главните туристички точки на Европа.
Фира, главниот град, се наоѓа на врвот на еден рид. Оддалеку, изгледа како планината да е прекриена со снег, но ако погледете одблизу таа е, всушност, прекирена со бели и пастелни куќи.
Бројни патеки и тесни сокачиња водат до многу прекрасни места. Едно од нив е Франковиот бар, познат по својот фантастичен поглед на старото пристаниште. Франко беше ставен на листата на Newsweek на „Најдобри барови во светот“.
Санторини е еден од 10 најромантични дестинации во светот. Островот на заљубените, своето име го има добиено од заштитничката на островот Света Ирини, за која постои верување дека ги штити паровите кои ќе се венчаат на островот.
Центар на случувањата е гратчето Оја распослано по должината на работ на изгасениот вулкан на северниот брег од островот. Тука се лоцирани најлуксузните хотели и има монденски ноќен живот.
Светската туристичка организација во 1989 година го прогласи гратчето Оја за најубаво место на светот.
Не го пропуштајте крајбрежниот главен град Фира, ниту возењето со жичара која се движи по работ на вулканот и се спушта 300 метри покрај неверојатни облици на згусната лава. Фира е позната и по дизајнерски outlet - продавници.
Повеќето посетители остануваат во Камари и Периволос. Тие вообичаено одат во главниот град на екскурзии кои вклучуваат бродски тури до локалниот вулкан, и пливање во жолта вода, која ја добила својата боја од вулканскиот суфлур.
Плажите се составени од разнобоен песок (црвен, жолт и црн), а нема турист кој не ги пофалил журките на дното на вулканот. Плажите Периса и Периволос, кои се практично споени, се полни со кафулиња и дискотеки.
Повеќето посетители доаѓаат да пливаат тука бидејќи на тоа место Егејот е мирен, а некои од плажите имаат невообичаен светло црн песок.
Иако долги години е на листата на десет најпосетени дестинации во светот, Санторини останува прекрасен див скапоцен камен на медитеранот, остров на контрасти каде подеднакво се ужива во лудиот ноќен живот и тишината на напуштените плажи со поглед на моќниот вулкан кој постојано ги предупредува луѓето дека парите не може да ја скротат величествената природа.
Последниве неколку години и во туристичките понуди од нашите агенции островот Санторини е актуелен. Сте (би) го посетиле ли овој остров? Какви се вашите мислења, впечатоци?