Батки, досадно ми беше и си напраив една скица за реставрација во "модерен" АPN 4.
Еве како мислев да испадне:
финален:
Значи треба да се исече опашката, да се стави убаво седиште( Мислам дека ќе можам да најдам, ако не најдам ќе се обидам да го направам...) Резерварот може да се преправи или да се стави резервар од 14-ка... Исто сакам предницата малку да дојде по назад е тоа незнам како би можело да се изведе... Ауспухот ќе пробам да го наместам под седиштето што не ми се верува дека ќе успее и исто така би сакал да најдам пластични маски за под седиштето, да ја покриваат малку машината.
Што мислите, може ли да се изведе ова?
Ми дојде мотивација за изгледот од новиот Tomos Racing TT 25: